Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Знаеш што е најдобро за твојот профил модераторе (и таквите како тебе)?
Да ја ставиш главата под перница и да викаш едно 50 пати: - не се Албанци, Не се Албанци, Не се Албанци....
Подсвеста е моќна работа.
Кога ќе станеш од кревет, има големи шанси да ти се исполни желбата.
A ти од каде толку убедена дека се?

Веќе ја стави главата под перница и си мантраше дека се или си сведок кој ги видел?

Факинг ретардс. МВР не знае кој е, тие знаат. И пази, убедени се во нешто ко божем е апсолутна вистина, па уште сере ако оставиш опција дека може да е било кој се додека нема официјални информации од истрага, а не тој што се убедени тие дека е на основа на шпекулации и предрасуди.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.404
Дали полицијата воопшто пребара што се има во езерото? Можеби оружјето со кое се убиени е фрлено во езерото, како би заминале чисто од местото на злосторот.
- треба да се прочешлаат последните куќи во Сингелич, онаа улица
десно над Клакер што води до таму, блиску до езерото,тука има и
многу доселеници од оние села што граничат со Косово. Кој и да го
сторил злосторот,најверојатно добил подршка,логистика и др.правци
за акцијата од луѓе или од само еден од ова најблиско место.
- Не треба да се бара оружјето,што ако и го најдат негде врлено него
ли ќе го обвинат и ќе му судат,треба да се барат убијците и осудат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.873
Откриен профилот на убијците, најдено возило поврзано со убиството
МВР го открило профилот на убијците на петмината на Смиљковското езеро, но се уште не е познат нивниот идентитет, изјави денеска министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска која соопшти дека имало голем напредок во истрагата.

Според Јанкуловска, во последните три дена на разговор биле повикани повеќе од 100 лица повикани на разговор. Имало и многу јавувања на бесплатната телефонска линија 199 на која граѓаните давале податоци за истрагата. Од тие јавувања полицијата добила многу корисни информации. Јанкуловска исто така информираше дека од јавувањата и со истражните дејствија се потврдени неколку сценарија што ги разработувала истрагата, а неколку сценарија стануваат се помалку веројатни, иако не се целосно отфрлени. Сценарио кое не е отфрлено, но е се помалку веројатно, е дека жртвите биле сведоци на друго кривично дело и затоа биле убиени.
Јанкуловска соопшти дека се пронајдени и неколку возила кои биле испитани. Едно од нив било најдено на 10 километри од местото на убиството, а според трагите најдени во него се претпоставува дека било поврзано со убиството. /М.С.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.478
Еј што има чудно бе аман.. Не сте слушнале езеро или мочуриште да се исуши? -.-
Може ќе земат нашиве да сушат ама поверојатно е дека нема да се осмелат,не за друго него ги мрзи тоа да прават.Се надевам дека грешам и дека нема да ги фати црногорското.
 
Член од
7 април 2012
Мислења
59
Поени од реакции
75
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....
Било каква информација ке имаше за езерото, нити слика нити видео нема дека езерото е пребарано.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....
Да така се бара езеро.. Скока еден и другите и го бараат. Аман не си мал за да не знаеш... Зависи од големината може да трае пребарување и со недели, исто така може и самото да го исфрли доколку евентуално има и труп.:facepalm:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
E pa si jadel slanina zosto ne si ispadnal da ubies 5 i toa nit gi znaes nit gi poznavas?Pa ne si vernik ispadni i utepaj ajde!
I ne zaboravaj deka ne e psihopat,ne e eden NEGO POGOLEMA GRUPA,ili imal 3race po tvoe pa pukal vo decava.
Поентата ти е без везе и само се вртиш околу тоа дека нема повеќе од 3ца болни Македонци што може да убијат деца.

Само ти укажувам - религијата не го ограничува убиецот кога да убие. Ако веќе убивал пред тоа (според тоа дека се знае дека биле професионалци) укажува дека баш ги здоболе дали е празник или не. И последен пат - Македонец не е еднакво на Христијанин па да гледа дали е Велигден. Има неверници Македонци.

Според мене, според доказите, се работи за професионалци, од која било етничка група. Една од претпоставките е дека се Албанци да направат болка и немир кај Македонците за време на Велигден и тотално не ја отпишувам али не ја ни потврдувам како единствена вистина за настанот. Може се да биде, според тоа што го знаеме од медиумите и МВР. На шпекулации не се потпирам, зашто секој со тастатура и интернет може да пише што сака и да се прошири тоа по луѓето како некоја вистина.

И тука завршувам со дискусијата со тебе, зашто само се вртиме у круг.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779

Истрагата сериозно напредува, дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не е нивниот број и идентитет, изјави министерката Гордана Јанкулоска.

Таа рече дека не може да изнесат повеќе детали за профилот на убијците на петтемина кај Смиљковци зашто се уште се обработуваат материјалните докази. Многу им помогнале и информациите што ги добиле на телефонот 199 и ги охрабрува граѓаните и понатаму да се јавуваат.
Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои од разбирливи причини вчера и завчера не биле на распит.
Јанкулоска рече дека сите сценарија се се уште отворени, но најмалку е веројатно дека на убиството му претходело друго кривично дело на тоа место со кое би бил поврзан овој случај.
МВР вчера соопшти дека петкратното убиство кај селото Смилковци е извршено со три различни вида муниција.
Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов денес истакна дека правдата ќе ги стигне извршителите на злосторството.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Еј што има чудно бе аман.. Не сте слушнале езеро или мочуриште да се исуши? -.-
Ке преземаме акции како во 50-тите да правиме мелиоризација .:eek:

Инаку јас воопшто не знаев дека постоело вакво езеро , по снимките ми изгледа баш плитко .
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе кај отидоа луѓево од темава што кењаат 3 дена информации,информации ! Во стил на Борјан Јовановски "Ивооооо јавиии се ивоооооооо" ??......и викаат дека МВР ништо не работи ?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Да погодам, возилото поврзано со убиството го нашле на 100-200 метра од границата со Косово?
Исто како и кога ја ограбија Про-Кредит банка карши Влада. За жал, се плашам дека сторителите се далеку од дофат.

Патем, да се надоврзам на муабетот од прошлата страна, зошто националноста на убијците е најважна? Зар не треба мотивот да биде најважен.
Да, националноста и мотивот можеби се поврзани, но не мора да значи. Ако убијците се албанци, не мора да значи дека е етнички мотивирано убиството.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Абе кај отидоа луѓево од темава што кењаат 3 дена информации,информации ! Во стил на Борјан Јовановски "Ивооооо јавиии се ивоооооооо" ??......и викаат дека МВР ништо не работи ?

Кажи ми ти што ново дозна денес??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom