Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Знаеш што е најдобро за твојот профил модераторе (и таквите како тебе)?
Да ја ставиш главата под перница и да викаш едно 50 пати: - не се Албанци, Не се Албанци, Не се Албанци....
Подсвеста е моќна работа.
Кога ќе станеш од кревет, има големи шанси да ти се исполни желбата.
A ти од каде толку убедена дека се?

Веќе ја стави главата под перница и си мантраше дека се или си сведок кој ги видел?

Факинг ретардс. МВР не знае кој е, тие знаат. И пази, убедени се во нешто ко божем е апсолутна вистина, па уште сере ако оставиш опција дека може да е било кој се додека нема официјални информации од истрага, а не тој што се убедени тие дека е на основа на шпекулации и предрасуди.
 
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....
 
Дали полицијата воопшто пребара што се има во езерото? Можеби оружјето со кое се убиени е фрлено во езерото, како би заминале чисто од местото на злосторот.
- треба да се прочешлаат последните куќи во Сингелич, онаа улица
десно над Клакер што води до таму, блиску до езерото,тука има и
многу доселеници од оние села што граничат со Косово. Кој и да го
сторил злосторот,најверојатно добил подршка,логистика и др.правци
за акцијата од луѓе или од само еден од ова најблиско место.
- Не треба да се бара оружјето,што ако и го најдат негде врлено него
ли ќе го обвинат и ќе му судат,треба да се барат убијците и осудат.
 
Откриен профилот на убијците, најдено возило поврзано со убиството
МВР го открило профилот на убијците на петмината на Смиљковското езеро, но се уште не е познат нивниот идентитет, изјави денеска министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска која соопшти дека имало голем напредок во истрагата.

getImageThumbnail.axd
​
​
​
Според Јанкуловска, во последните три дена на разговор биле повикани повеќе од 100 лица повикани на разговор. Имало и многу јавувања на бесплатната телефонска линија 199 на која граѓаните давале податоци за истрагата. Од тие јавувања полицијата добила многу корисни информации. Јанкуловска исто така информираше дека од јавувањата и со истражните дејствија се потврдени неколку сценарија што ги разработувала истрагата, а неколку сценарија стануваат се помалку веројатни, иако не се целосно отфрлени. Сценарио кое не е отфрлено, но е се помалку веројатно, е дека жртвите биле сведоци на друго кривично дело и затоа биле убиени.​
​
Јанкуловска соопшти дека се пронајдени и неколку возила кои биле испитани. Едно од нив било најдено на 10 километри од местото на убиството, а според трагите најдени во него се претпоставува дека било поврзано со убиството. /М.С.​
 
Еј што има чудно бе аман.. Не сте слушнале езеро или мочуриште да се исуши? -.-

Може ќе земат нашиве да сушат ама поверојатно е дека нема да се осмелат,не за друго него ги мрзи тоа да прават.Се надевам дека грешам и дека нема да ги фати црногорското.
 
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....

Било каква информација ке имаше за езерото, нити слика нити видео нема дека езерото е пребарано.
 
Hip.Hop_MKD

не видел на тв дека го барале езерцето ценетиов експерт, па одма заклучок оти не го пребарале, друго нешто што не виде на тв? можеби згрешија што не прикажаа и како и кој ги убил... oh wait....
Да така се бара езеро.. Скока еден и другите и го бараат. Аман не си мал за да не знаеш... Зависи од големината може да трае пребарување и со недели, исто така може и самото да го исфрли доколку евентуално има и труп.:facepalm:
 
E pa si jadel slanina zosto ne si ispadnal da ubies 5 i toa nit gi znaes nit gi poznavas?Pa ne si vernik ispadni i utepaj ajde!
I ne zaboravaj deka ne e psihopat,ne e eden NEGO POGOLEMA GRUPA,ili imal 3race po tvoe pa pukal vo decava.

Поентата ти е без везе и само се вртиш околу тоа дека нема повеќе од 3ца болни Македонци што може да убијат деца.

Само ти укажувам - религијата не го ограничува убиецот кога да убие. Ако веќе убивал пред тоа (според тоа дека се знае дека биле професионалци) укажува дека баш ги здоболе дали е празник или не. И последен пат - Македонец не е еднакво на Христијанин па да гледа дали е Велигден. Има неверници Македонци.

Според мене, според доказите, се работи за професионалци, од која било етничка група. Една од претпоставките е дека се Албанци да направат болка и немир кај Македонците за време на Велигден и тотално не ја отпишувам али не ја ни потврдувам како единствена вистина за настанот. Може се да биде, според тоа што го знаеме од медиумите и МВР. На шпекулации не се потпирам, зашто секој со тастатура и интернет може да пише што сака и да се прошири тоа по луѓето како некоја вистина.

И тука завршувам со дискусијата со тебе, зашто само се вртиме у круг.
 

Истрагата сериозно напредува, дефиниран е профилот на извршителите, но се уште не е нивниот број и идентитет, изјави министерката Гордана Јанкулоска.​

Таа рече дека не може да изнесат повеќе детали за профилот на убијците на петтемина кај Смиљковци зашто се уште се обработуваат материјалните докази. Многу им помогнале и информациите што ги добиле на телефонот 199 и ги охрабрува граѓаните и понатаму да се јавуваат.​
Досега на информативен разговор биле над 100 лица, но нема осомничен. Клучни ќе бидат и исказите на семејствата на жртвите кои од разбирливи причини вчера и завчера не биле на распит.​
Јанкулоска рече дека сите сценарија се се уште отворени, но најмалку е веројатно дека на убиството му претходело друго кривично дело на тоа место со кое би бил поврзан овој случај.​
МВР вчера соопшти дека петкратното убиство кај селото Смилковци е извршено со три различни вида муниција.
Премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов денес истакна дека правдата ќе ги стигне извршителите на злосторството.
 
Еј што има чудно бе аман.. Не сте слушнале езеро или мочуриште да се исуши? -.-

Ке преземаме акции како во 50-тите да правиме мелиоризација .:eek:

Инаку јас воопшто не знаев дека постоело вакво езеро , по снимките ми изгледа баш плитко .
 
Еј што има чудно бе аман.. Не сте слушнале езеро или мочуриште да се исуши? -.-
VO hrvatska lani iscrpija edno vestacko ezero zaradi istraga .koga bese isceznata edna devojka.Pa i tuka mozat da gtorat toa!
 
Абе кај отидоа луѓево од темава што кењаат 3 дена информации,информации ! Во стил на Борјан Јовановски "Ивооооо јавиии се ивоооооооо" ??......и викаат дека МВР ништо не работи ?
 
Да погодам, возилото поврзано со убиството го нашле на 100-200 метра од границата со Косово?
Исто како и кога ја ограбија Про-Кредит банка карши Влада. За жал, се плашам дека сторителите се далеку од дофат.

Патем, да се надоврзам на муабетот од прошлата страна, зошто националноста на убијците е најважна? Зар не треба мотивот да биде најважен.
Да, националноста и мотивот можеби се поврзани, но не мора да значи. Ако убијците се албанци, не мора да значи дека е етнички мотивирано убиството.
 
Абе кај отидоа луѓево од темава што кењаат 3 дена информации,информации ! Во стил на Борјан Јовановски "Ивооооо јавиии се ивоооооооо" ??......и викаат дека МВР ништо не работи ?


Кажи ми ти што ново дозна денес??
 
Back
На врв Bottom