Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите! Нов член сум овде па првото мислење ќе го напишам овде.
Значи вака, има една девојка која многу ми се допаѓа, на фб си пишаме секој ден, ја сретнувам на излевање се поздравуваме се тие работи, но кога ќе ја прашам дали некогаш сака да излеземе сами да прошетаме или било што, не прифаќа. Е сега незнам што е работата дали и е срам или нешто друго. Некои совети од вас?
Можеби сака само да бидете другари, или незнам, може лошо си ја поканил... Следен пат викни ја на кафе ама тоа САМИ не го нагласувај многу, туку онака природно прашај ја еј абе сакаш еден ден на кафе да идеме, одамна не сум излегол на кафе, воздух, бла бла бла, знаеш како идат тие работи или викни ја со друштво да излезете, знаеш , она другарка нејзина некој твој другар, така како друштво да излезете, како другари, у случај да и е незгодно сами да излезете....
Види што ќе се деси тогаш, ако и тогаш одбие, олади и не ја викај веќе, т.е не напрегај, можете да продолжите да си се слушате на фб како другари ...
 
Здраво на сите! Нов член сум овде па првото мислење ќе го напишам овде.
Значи вака, има една девојка која многу ми се допаѓа, на фб си пишаме секој ден, ја сретнувам на излевање се поздравуваме се тие работи, но кога ќе ја прашам дали некогаш сака да излеземе сами да прошетаме или било што, не прифаќа. Е сега незнам што е работата дали и е срам или нешто друго. Некои совети од вас?

Aбе залапај ја;) (сите го даваат тој совет)

Сериозно прашај ја дали и се допаѓаш ако сака ок ако не откачи ја и не се заљубувај во неа безпотреба зошто после ќе ти биде мн тешко на душата кога ќе ти даде корпа:)
 
Во тој случај ќе знаеш дека *сериозно* не сака да биде со тебе. И ќе можеш без проблем да се фокусираш на други девојки.

А бидејќи е од твој клас, ќе се дознаат работите. Машките од твој клас ќе речат: „Типов е фраер, зашто ја залапа типката и доби шлаканица и пак е кул. Респект“, а женските ќе речат: „Типов е фраер, зашто ја залапа типката и доби шлаканица и пак е кул. Штом е толку кул, не е толку лош, а? Да го имам предвид за во иднина...“

Значи, тоа е и маркетинг за тебе. Само добри работи ќе произлезат од тоа залапување, освен потенцијалната шлаканица, којашто можеби и нема да ја има.

Најмногу ќе наебеш ако ништо не направиш. Ова од искуство.

Поздрав и со лесно.

Фала!! Да не избрзувам многу сепак има време и тоа да се проба фала многу уште еднаш и поздрав :D
 
значи сакам една која шо сеуште незнае дека ја сакам, а се мувам со друга, ми се свиѓа таа шо ја мувам али немам некакви чувства кон неа. шо да праам? да останам со оваа или да ја баталам и да и кажам на другава дека едноставно ја сакам ?
 
Да ја баталиш? туку така, лесно и едноставно? Па што се муваш со неа ако сакаш друга? Или оваа не ти дава па идеш кај таа што ти дава? Ако не го сакаш девојчето, едноставно кажи и дека сакаш друга и дека више неможе да се гледате, и фати си ја другата, и не оди одма со те сакам бла бла, не биди лигав....
 
значи сакам една која шо сеуште незнае дека ја сакам, а се мувам со друга, ми се свиѓа таа шо ја мувам али немам некакви чувства кон неа. шо да праам? да останам со оваа или да ја баталам и да и кажам на другава дека едноставно ја сакам ?

Муавети, наместо муабети. Со други зборови, мувај ја и другата, бидејќи ти се сака и ти се може.

Потоа, биди спремен дека некоја од нив, или двете, ќе ти удрат шлаканици/клоци/слично и ќе те наречат *ЦЕНЗУРА* *ЦЕНЗУРИРАНА* и ќе те отерат во три *ЦЕНЗУРИ* *ЦЕНЗУРИРАНИ*. Друга можност е ништо да не ти кажат и тие да си се муваат и со други, покрај со тебе (т.е. паралелно), па сите да бидете среќни, весели и измувани.

Сега за сега сè уште не можеш да сакаш, бидејќи не си свесен што носи мувањето со себе (т.е. хормонални напливи, кои предизвикуваат чувство на одговорност, скршено срце, желба да се направи нешто за некого итн). Треба да пораснеш малку, пред твоите зборови како „те сакам“, упатени некому, нешто да значат и да бидат сфатени сериозно.

Поздрав и со лесно растењето.
 
Поштуем брат,искулирано ќе си ги мувам и 2те па ќе видам со која подобра и така.

Поздрав до тебе
 
Муавети, наместо муабети. Со други зборови, мувај ја и другата, бидејќи ти се сака и ти се може.

Потоа, биди спремен дека некоја од нив, или двете, ќе ти удрат шлаканици/клоци/слично и ќе те наречат *ЦЕНЗУРА* *ЦЕНЗУРИРАНА* и ќе те отерат во три *ЦЕНЗУРИ* *ЦЕНЗУРИРАНИ*. Друга можност е ништо да не ти кажат и тие да си се муваат и со други, покрај со тебе (т.е. паралелно), па сите да бидете среќни, весели и измувани.

Сега за сега сè уште не можеш да сакаш, бидејќи не си свесен што носи мувањето со себе (т.е. хормонални напливи, кои предизвикуваат чувство на одговорност, скршено срце, желба да се направи нешто за некого итн). Треба да пораснеш малку, пред твоите зборови како „те сакам“, упатени некому, нешто да значат и да бидат сфатени сериозно.

Поздрав и со лесно растењето.
Toтално офтопик али ме интересира дали Крусер е толку добар у пракса колку што е на форумов.

No homo
 
Да не сакаш да те залапа :icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom