Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
А ти сакаш?!.........само нејќат да направат граѓанска војна.
Ти си ставил прст на чело да размислиш кому одговара војна? Што ќе постигнете сите вие што повикувате на одмазда? Ајде објаснете ми?
Имам впечаток дека не сте свесни како само со вашите реакции им одите во прилог на оние кој посакуваат таква реакција, на истите оние кон кои е свртена вашата омраза.....со цел да ја искористат како изговор за дестабилизација.
П.С. Ќе постирам извадок од текст на Алистер Кроули насловен како "Човештвото пред се", текст кој иако е пишуван пред повеќе децении, е безвременски токму поради неменливоста на луѓето и нивната неспособност да учат од минатото.
Човештвото пред Се“Најголеми човекови непријатели се неговите домашни”, и најлошите непријатели на секоја нација се нејзините ништожни патриоти. “Патриотизмот е последното прибежиште на кукавицата”.
Намерното антагонизирање меѓу нациите е најбудалест криминал. Кај нациите што војуваа Печатот ги разгоре страстите на неуките и ја вовлече Европа во војна. Ако беа луѓето едуцирани и шетани тие немаше да ги слушаат тие харписки пискотници. Неделото сега е направено и останува на нас да го поправиме најдобро што можеме.
Ова треба да биде нашето мото: “Човештвото пред се”.
Сите луѓе кои генерализираат околу нациите: “Сите Германци се убијци” – “Французите, сите се прељубници” – “Англичаните се снобови” – “Русите, сите се пијаници” – итн., мора да се замолчат. Треба да одбиеме да го слушаме секој оној кој не сфаќа дека цивилизацијата е на клада, дека дури и сега Европа може да биде толку ослабена што ќе падне жртва на силите на атавизмот, дека по војната ќе следи банкротство, револуција и глад, и дека дури и во наше време Кулата на Вековите може да се распадне во непрепознатливи руини. Мораме да одбиеме да го слушаме секој оној кој одлучно не ги отфрлил ограничените интереси, сите национални страсти, кој не може да гледа на ранетото човештво со широк, јасен поглед, ладно а сепак сочувствено, како хирург, или оној кој не е цврсто решен да го спаси животот без обѕир на тоа што ќе загуби одреден екстремитет.
Мораме да ги слушаме најмногу оние Германци кои сметаат дека Англија е голема, прогресивна и просветлена нација, чија благосостојба е неопходна за здравјето на Европа; и Французите кои во Германија гледаат нивни најдобар пријател, модел на наука, организација и предвидување, кое нешто може да го изгради паднатиот храм наново. Мораме да го слушаме Англичанецот кој е волен да се помири со Поморската Слобода; и Русинот кој признава дека е време да се стави крај на тиранијата од оружјето и заканите на интригите.