Види, сосема нормално е да им се даде време. Како можеш вакво убиство да го решиш за еден ден !? Само тука, се што може да се искористи против полицијата се користи. Па сега биле бавни... ма немој.
Не ги бранам, не велам дека добро ја вршат работата, но и ние претеруваме. т.е. не претеруваме, него пукаме со политички куршуми.
Морално беше министерката да поднесе оставка уште пред долго време. Не затоа што е од ВМРО него затоа што тоа е одлика на имање морал.
Но кога никој во државава нема морал, немаат ни тие горе. Лицемерие насекаде.
Лицемерие и од народот, според коментариве за протестите што ги читам...
Точно е, нема виновник сеуште против кого би се насочил протестот. Но кога веќе се организидаше идиотски протест за мир, треба да се излезе и на мирен протест на кои ќе им се оддаде почит на момчињата. Не да се срдиме некого, туку некого да сожалиме.
Сосема „човечки“ акт е тоа, но тука со крајно испрани мозоци, таков акт... јок!