- Член од
- 7 ноември 2011
- Мислења
- 431
- Поени од реакции
- 934
Како вреден ученик на времето не би требало да си дозволиш изјава од типот дека нема врска генетиката со развојот на умствени, туку само физички способности. Како што во генетски материјал влегуваат бојата на очи или правата или виткана коса итн. влегуваат и ЦНС и ендокриниот систем, така да и интелигенцијата и темпераментот имаат свој удел во наследството. Мислам дека треба да си направиш рифреш на знаењето од областа на генетиката, психологијата, социологијата... Околу делот со предиспозиција најдобар пример за наследство е шизофренијата - значи психичка болест, ако ја имало во семејно стебло има веројатност да биде наследена, ама зависи и од др. фактори (средина, стресови, земање наркотици...).Јас па ич не се сложвам со ова... Кој бил попаметен, Никола Тесла или татко му? Нема врска генетиката то со какво свирче ќе испадни од дрвцето, пошо овде прајме муабет за развој на умствени способности, не физички...
Јок, не е само форумов... општо глеам наоколу шо се дешава тргнувајќи од Фејсбук, твитер, улицата која ја врвам 10 пати во денот... Можеби IQ-то на светско ниво е покачено (конкретно ете по твое нека биди, IQ-то на 17 годишниците е за 10% поголемо споредено со 20 години порано), ама прашање е како се насочува тоа знаење во државава. Со праење глупи слики на демотивација? Или хејтање и плукање по најразлични работи? Или веење партиски знамиња... можиш да имаш IQ поголемо од она на Ајнштајн и Менделеев заедно, џабе ти е ако ти се затворени очите.
Јас не се обидувам да протнам ништо... Уште помалце сакам да се потсмевам на некој што бара совет. Овде станува збор за незнам... натпревар во кој ќе направи поголема идиотштина и ќе се пофали на целата социјална заедница... и за тоа ќе добие 1500 ми се допаѓа, и 10 споделувања?
Ги слушам децата, абе ај остај го тој ќе ој дома да учи, седи тука... Јас ко учев, натпреваро беше обратен, кој ќе има научено, а потсмевот беше на тој шо нема... Има потреба уште да набројувам? Ако се надоврзам на твојата „надоградба“ идиме до моменто дека се надоградуваат, ама го прифаќаат само негативното од општеството.
Абе јас каков бев на времето, и какви бевме на времето... уште 1000 пати да се вратам назад, таков ќе бидам. И не, не ми е целта нити да се промовирам, нити да покажам ете јас можам ова, вие не го можите... Прашањето е: какви ќе бидат генерациите што доаѓаат?
Конкретно за мене, нема сила шо можи да ме натера да седнам пред ПЦ и да отепам 2 сати во денот на играње (глупи) игри. Неможам, кратно и едноставно.
Туку околу сакањето да бидат релаксирани... Има една народна шо вика вака: дај му на мрзлив човек да направи некоја работа, и ќе ја направи на најкраткиот можен начин. Така да мрза (апатија или како и да ја дефинираш состојбата) сепак можи да се искористи за нешто продуктивно... само треба да се најди начин КАКО.
п.с. Не е лошо да незнајш... лошо е да нејќиш да научиш!
Значи сега го модифицираш ставот дека не се глупави, туку дрски и се натпреваруваат кој поголем идиотизам ќе направи. Тука делумно ќе се согласам, мислам дека почитта кон повозрасни е опадната (а и не секој само поради возраста заслужува почит), додека арогантноста е во пораст. Околу делот со вирутелна потврда, ете и ти си барал потврда и си имал потреба да бидеш прифатен, со тоа што си учел, сега таа потврда ја добиваат виртуелно во облик на лајкчиња, срценца и сл. Ова е поврзано со мотивот на стадото.
Каква ќе биде младината понатаму? Исто како и досега, мешан состав, од н‘рдови до разни деликвенти. И не треба да се заборави дека младината е развоен материјал, а со тоа и променлив. И затоа лесно е со +10 год. (отприлика зборувам) да ги осудиш и да им пресудиш од птичја перспектива за глупавост, после толкав период кога ќе дојдат на иста возраст, има смисол да се мерат способностите и вредностите, бидејќи иста ќе е појдовната основа т.е. староста.
И околу последниот дел - не секој мрзливец е креативен и спремен да стапи во акција.
П.С. И не можеш да имаш поголемо ај кју од она на Ајнштајн и Менделеев заедно во никој случај...