Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Јас па ич не се сложвам со ова... Кој бил попаметен, Никола Тесла или татко му? Нема врска генетиката то со какво свирче ќе испадни од дрвцето, пошо овде прајме муабет за развој на умствени способности, не физички...

Јок, не е само форумов... општо глеам наоколу шо се дешава тргнувајќи од Фејсбук, твитер, улицата која ја врвам 10 пати во денот... Можеби IQ-то на светско ниво е покачено (конкретно ете по твое нека биди, IQ-то на 17 годишниците е за 10% поголемо споредено со 20 години порано), ама прашање е како се насочува тоа знаење во државава. Со праење глупи слики на демотивација? Или хејтање и плукање по најразлични работи? Или веење партиски знамиња... можиш да имаш IQ поголемо од она на Ајнштајн и Менделеев заедно, џабе ти е ако ти се затворени очите.

Јас не се обидувам да протнам ништо... Уште помалце сакам да се потсмевам на некој што бара совет. Овде станува збор за незнам... натпревар во кој ќе направи поголема идиотштина и ќе се пофали на целата социјална заедница... и за тоа ќе добие 1500 ми се допаѓа, и 10 споделувања?
Ги слушам децата, абе ај остај го тој ќе ој дома да учи, седи тука... Јас ко учев, натпреваро беше обратен, кој ќе има научено, а потсмевот беше на тој шо нема... Има потреба уште да набројувам? Ако се надоврзам на твојата „надоградба“ идиме до моменто дека се надоградуваат, ама го прифаќаат само негативното од општеството.

Абе јас каков бев на времето, и какви бевме на времето... уште 1000 пати да се вратам назад, таков ќе бидам. И не, не ми е целта нити да се промовирам, нити да покажам ете јас можам ова, вие не го можите... Прашањето е: какви ќе бидат генерациите што доаѓаат?

Конкретно за мене, нема сила шо можи да ме натера да седнам пред ПЦ и да отепам 2 сати во денот на играње (глупи) игри. Неможам, кратно и едноставно.

Туку околу сакањето да бидат релаксирани... Има една народна шо вика вака: дај му на мрзлив човек да направи некоја работа, и ќе ја направи на најкраткиот можен начин. Така да мрза (апатија или како и да ја дефинираш состојбата) сепак можи да се искористи за нешто продуктивно... само треба да се најди начин КАКО.

п.с. Не е лошо да незнајш... лошо е да нејќиш да научиш!
Како вреден ученик на времето не би требало да си дозволиш изјава од типот дека нема врска генетиката со развојот на умствени, туку само физички способности. Како што во генетски материјал влегуваат бојата на очи или правата или виткана коса итн. влегуваат и ЦНС и ендокриниот систем, така да и интелигенцијата и темпераментот имаат свој удел во наследството. Мислам дека треба да си направиш рифреш на знаењето од областа на генетиката, психологијата, социологијата... Околу делот со предиспозиција најдобар пример за наследство е шизофренијата - значи психичка болест, ако ја имало во семејно стебло има веројатност да биде наследена, ама зависи и од др. фактори (средина, стресови, земање наркотици...).

Значи сега го модифицираш ставот дека не се глупави, туку дрски и се натпреваруваат кој поголем идиотизам ќе направи. Тука делумно ќе се согласам, мислам дека почитта кон повозрасни е опадната (а и не секој само поради возраста заслужува почит), додека арогантноста е во пораст. Околу делот со вирутелна потврда, ете и ти си барал потврда и си имал потреба да бидеш прифатен, со тоа што си учел, сега таа потврда ја добиваат виртуелно во облик на лајкчиња, срценца и сл. Ова е поврзано со мотивот на стадото.

Каква ќе биде младината понатаму? Исто како и досега, мешан состав, од н‘рдови до разни деликвенти. И не треба да се заборави дека младината е развоен материјал, а со тоа и променлив. И затоа лесно е со +10 год. (отприлика зборувам) да ги осудиш и да им пресудиш од птичја перспектива за глупавост, после толкав период кога ќе дојдат на иста возраст, има смисол да се мерат способностите и вредностите, бидејќи иста ќе е појдовната основа т.е. староста.

И околу последниот дел - не секој мрзливец е креативен и спремен да стапи во акција.

П.С. И не можеш да имаш поголемо ај кју од она на Ајнштајн и Менделеев заедно во никој случај...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Како вреден ученик на времето не би требало да си дозволиш изјава од типот дека нема врска генетиката со развојот на умствени, туку само физички способности.
јебига, техничко учев, така да од науките поврзани со чоекот се шо знам е од општа култура, мене шо ме интересирало или некој околу мене шо го коментирал...

Како што во генетски материјал влегуваат бојата на очи или правата или виткана коса итн. влегуваат и ЦНС и ендокриниот систем, така да и интелигенцијата и темпераментот имаат свој удел во наследството. Мислам дека треба да си направиш рифреш на знаењето од областа на генетиката, психологијата, социологијата... Околу делот со предиспозиција најдобар пример за наследство е шизофренијата - значи психичка болест, ако ја имало во семејно стебло има веројатност да биде наследена, ама зависи и од др. фактори (средина, стресови, земање наркотици...).
Ок де, можда ти си дипломиран социолог, јас не сум... а и не гледам како е поврзано моето знаење за генетиката, психологијата и социологијата за темава... Конкретно тука не прајме муабет за шизофреничари...

Значи сега го модифицираш ставот дека не се глупави, туку дрски и се натпреваруваат кој поголем идиотизам ќе направи.
Како сакаш дефинирај го... јас на прост македонски јазик го викам глупост.

Околу делот со вирутелна потврда, ете и ти си барал потврда и си имал потреба да бидеш прифатен, со тоа што си учел, сега таа потврда ја добиваат виртуелно во облик на лајкчиња, срценца и сл. Ова е поврзано со мотивот на стадото.
Јас овде не разбирам шо сакал афторот да кажи :)

Каква ќе биде младината понатаму? Исто како и досега, мешан состав, од н‘рдови до разни деликвенти. И не треба да се заборави дека младината е развоен материјал, а со тоа и променлив.
Ако младината е развоен и променлив матерјал, а методите за развој ни се застарени... неко меџу нама није наш? Можда мене ми беше интересно да играм билии и мижитатара, ама не глеам денес некој то да го прај, макар пари и да му давам...

И околу последниот дел - не секој мрзливец е креативен и спремен да стапи во акција.
Ниеден човек не е роден мрзливец... така да никој неможи да ме убеди дека не е спремен да стапи во акција. Во прашање се само методи кој шо ќе го натераат да го мрдни газот.

П.С. И не можеш да имаш поголемо ај кју од она на Ајнштајн и Менделеев заедно во никој случај...
Буквалист...
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Ок де, можда ти си дипломиран социолог, јас не сум... а и не гледам како е поврзано моето знаење за генетиката, психологијата и социологијата за темава... Конкретно тука не прајме муабет за шизофреничари...

Ниеден човек не е роден мрзливец... така да никој неможи да ме убеди дека не е спремен да стапи во акција. Во прашање се само методи кој шо ќе го натераат да го мрдни газот.
1. Шизофренијата беше пример дека не се наследуваат само физичките особености туку и психичките. И да, трите клучни фактори кои играат улога врз развојот на единката се наследството, средината и активноста. Не можеш туку така да го отфрлиш наследството.

2. Второво е дискутабилно. Можеби напредокот на човештвото се случил бидејќи човекот барал начини како да си направи да му е поудобно живеењето (односно, заради мрза). Далечинското го измислиле за да не мораме да стануваме од кревет за да смениме канал на ТВ.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
ХИМНАТА НА БЕСКИЧМЕЊАЧЕТО

Заглупавела младината...не него тие луѓе шо треба да ја поучат младината како треба и шо треба, ГИ НЕМА.
Идат на работа и заработуваат пари за да му купат лаптоп на 5 годишното дете за да може да има internet access.
Сеа на 3 години играат игри на компјутер. Братучетка ми на 2 години пали лаптоп, куца пасворд, уклучува игра. Каде??
Мене тоа не ми личи на ниска интелигенција. Баш напротив, генерацииве се се понапредни и понапредни.
Тоа шо на интернет седат глупаци шо немаат попаметна работа у животот и отвараат секакви теми и пишуваат секакви глупости, не е знак дека младината оглупавува, него дека уште постојат глупи луѓе.
Дали на 3 годишна возраст играа на компјутер Алберт Ајнштајн, Никола Тесла, Исак Њутн, Менделеев, Марија и Пјер Кири, Луј Пастер, Ото Лилијентал, Орвил и Вилбур Рајт, Игор Сикорски, Вернер Фон Браун, Јуриј Гагарин???
Значи тие да ти биле глупи.

Како сакате бе луѓе денешниве деца од 3 години да не знаат на компјутер кога во денешно време компјутер има во секој дом???

Дали луѓето што се родени 1941 ќе знаеле и тие да уклучат и да играат на компјутер доколку во 1944 компјутер имало во секој дом? Нормално да.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Aко е толку многу паметна денешнава младина во Македонија тогаш зошто некој од нив не измисли технолошки изум којшто ќе го одбележи 21-от век?
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Aко е толку многу паметна денешнава младина во Македонија тогаш зошто некој од нив не измисли технолошки изум којшто ќе го одбележи 21-от век?
Чекај де, има време :)
Младината допрва се развива, учи... а и нема потреба од некакви си изуми од светски размери, анализирај малце кој колку и како успеал на факултет, странство итн.

Шо ќе беше ова, за све со негативен став... ц ц ц :)
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Кај мене во клас,незнаеа кога се осамостоила Македонија ......
Ти знаеше?
Епа кажи им.
И тие потоа ќе знаат.

Или тешко ти е?
Или се ситиш на тоа?

Знаеш дека раската во туѓото око ти изгледа поголема од гредата во твоето?
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Ти знаеше?
Епа кажи им.
И тие потоа ќе знаат.

Или тешко ти е?
Или се ситиш на тоа?

Знаеш дека раската во туѓото око ти изгледа поголема од гредата во твоето?
Абе не се треси,кажа после професорката,и пола саат се чудеше.

На ништо не се ситам,и никого.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ти знаеше?
Епа кажи им.
И тие потоа ќе знаат.

Или тешко ти е?
Или се ситиш на тоа?

Знаеш дека раската во туѓото око ти изгледа поголема од гредата во твоето?
Зошто да им каже?
 
Член од
13 мај 2010
Мислења
569
Поени од реакции
437
Абе не се треси,кажа после професорката,и пола саат се чудеше.

На ништо не се ситам,и никого.
Лелеееее, се чудела професорката пола саат! Сигурно после искоментирала колку младите се неинформирани, мрзливи, глупави? И ти си го врза тоа во крпче, дека е така?
Таквите професори ги има со лопата да ги ринеш. А од мое лично искуство (значи не целам конкретно на твојата бидејќи не ја ни познавам) таквите професори се покажало дека не се ништо подобри личности, туку се истите без’рбетници.

За ситењето, преиспитај се. За твое добро.

Зошто да им каже?
А зошто да не им каже?
Лесно е да се глуми паметњакович.
Тешко е некому да се помогне - без разлика дали е тоа најобичен отворен муабет или дело.

Тоа што децата не знаеле некој податок не сведочи за тоа дека се глупави, туку дека не ги интересирало да го запаметат. Simple as that.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Лелеееее, се чудела професорката пола саат! Сигурно после искоментирала колку младите се неинформирани, мрзливи, глупави? И ти си го врза тоа во крпче, дека е така?
Таквите професори ги има со лопата да ги ринеш. А од мое лично искуство (значи не целам конкретно на твојата бидејќи не ја ни познавам) таквите професори се покажало дека не се ништо подобри личности, туку се истите без’рбетници.

За ситењето, преиспитај се. За твое добро.



А зошто да не им каже?
Лесно е да се глуми паметњакович.
Тешко е некому да се помогне - без разлика дали е тоа најобичен отворен муабет или дело.

Тоа што децата не знаеле некој податок не сведочи за тоа дека се глупави, туку дека не ги интересирало да го запаметат. Simple as that.

Не филозофирај,да не ги интересирало некоја дефиниција,лекција,ок,ама таква работа,чиста култура е тоа.

Каде прочита ти дека се(сме) глупави ? ти го кажа тоа,не јас.

Како ти уствари знаеш дали јас помагам или не ?што народ ќе бевме,све знаеме...
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Тоа што децата не знаеле некој податок не сведочи за тоа дека се глупави, туку дека не ги интересирало да го запаметат. Simple as that.
Причината плус за тоа да не им се каже.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom