Да имало неколку батки од 120 кила шо галамеле во автобус, има полиција за нив. Секогаш има некој над некого. Во тој момент бев јас. Што е кукавично извини? Кукавично е да му посолиш некому малку памет и општа култура? Дери се ти у автобус, и тебе би ти ја залепил една. Да се дерам ја у автобус, мене некој треба да ми ја залепи една. Општа култура, впрочем, шо има да се замарам коа некој помал од мене нема општ почит кон постар, не шамар, имал среќа шо не сум го скршил од ќотек.Значи ги мешате многу работите...ама стварно многу. Прво, премногу ја генерализирате младината. Глупави биле? Не, глупави не се, само несакаат да се потрудат да научат нешто. Но, не сите. Далеку од тоа дека цела младина е таква. Инаку, гледам и други членови спомнаа дека новите генерации се секогаш попаметни од претходните, што е апсолутно точно. Исто така, тука е и новото време. Значи неможете да очекувате денешните деца да не го погледнуваат компјутерот. А да не зборуваме за тоа што компјутерот носи многу можности. На пример, мојата братучетка има 15 години, со интернетот почна на свои 10-11 години и еве сега има речник како возрасна личност. Неможете да кажете дека компјутерот и интернетот ги затупуваат децата. Зависи кој за што ги користи.
Друго, гледам некои во темава напишале за почитта кон постар т.е сега немало никаква почит кон постари. Можеби, ама зависи што подразбирате во почит кон постари. Ако за вас одење по цигари (пази, цигари) е искажување почит кон постар, тогаш навистина незнаете што значи тоа. Помаѓање на постари е нешто друго, ама некој 18-25 годишен дечко да праќа 8-9 годишни деца да му купат нешто е срамота. Пред се за него самиот. Јас никогаш не сум пратила комшиско дете да ми купи нешто што патем е моја потреба. Епа кога е моја, си имам самата нозе и ќе појдам да си купам. Ако не отидам, нема да го имам. Точка. Ниедно дете не е должно да трча по продавници затоа што мене како поголема така ми прднало на памет. Ако во иднина кога ќе имам деца некој се дрзне да ги прати (прати, ако ги замоли тоа е веќе нешто друго) во продавница, ќе си има работа со мене.
Понатаму. Образованието. Навистина незнам што ви пречи овде. Зарем според вас децата се воспитуваат со ќотек? Не ми е јасно што му фали на образовниот систем таков каков што е сега? За незнаење се добива единица, за нарушување на часот забелешка. Според вас што би го средило образованието и општо младината? Прачката? А јас мислев 21 век сме...срамота е некој да е со вакво размислување во 21 век.
Ах и да не заборавам. Не попусто се рекло младост - лудост. И пубертетот си го прави своето, па ние место да им го олесниме тој период, ние ќе ги замараме со некои непотребни глупости? Ајде ве молам...
П.С. Времето тече, се менува.
--- надополнето: 3 април 2012 во 23:28 ---
Еј браво кој sвер си, си му мавнал шамар на 6-то одделенец, а да имаше неколку батки од 120 кила во автобусот и да галамеа, ќе им мавнеше ли шамар бе кукавицо?![]()
Интелигенцијата не е никако поврзана со тоа колку и кои информации ги поседуваме.Кај мене во клас,незнаеа кога се осамостоила Македонија ......
Ако е поинтелигентна, зошто е ваква каква што е? Зошто нема работа, зошто не учи и не напредува, зошто животов и е досаден, зошто не се бори за себе, зошто е осамена, зошто е намќореста, зошто е злобна и површна во се`? Мислам, не ми е логично поинтелигентна генерација да биде поназад во многу работи од претходните. Тука нешто има.Јас мислам дека младината денес е поинтелигентна затоа што многу повеќе информации се чуваат во главата.
Порано ги болело таквото, имале работа имале одмор државна плата, и немале за што да размислуваат, еден идол имале, и го сметале за бог, оставале, тој како ке каже, така да биде.
Сега треба сам да се снајдеш во светов и за тоа концентрацијата ти е поголема, повеќе учиш, поголем капацитет на размислување имаш, поготово со интернетов и компјутериве.
Денес луѓето знаат и размислуваат многу повеќе него порано поради обилноста на информации.
Во информатиката (не оние курсеви за користење на микрософт-ови програми што се учат по квазипредметот информатика во школите) има еден постулат...Денес луѓето знаат и размислуваат многу повеќе него порано поради обилноста на информации.
Е па оди живеј во планина во некое бачило,и чувај овци, можда ке знаеш повеќе и ке бидеш поинтелигентен.Во информатиката (не оние курсеви за користење на микрософт-ови програми што се учат по квазипредметот информатика во школите) има еден постулат...
Со што повеќе информации располагаш, толку помалку знаеш!
Со што повеќе информации располагаш, толку помалку знаеш!
..итн... бла, бла,... бла... везе си нема со цитираното..Е па оди живеј во планина во некое............
Е ајде објасни го ти со свои зборови тоа што си го прочитал во тие озбилни учебници, како ти тоа го разбираш?..итн... бла, бла,... бла... везе си нема со цитираното..
Стварно не ми е јасно, се впушташ во дискусија и коментари а појма немаш од проблематиката.
Тоа напишаното од мене... го има во секој поозбилен учебник по информатика.
А бе.. што има па јас да ти објаснувам... нели рече дека си желен за информации, побарај литература и земи прочитај и простудирај сам.. а не вака од рекла-казала да ми бараш објаснувања!Е ајде објасни го ти со свои зборови тоа што си го прочитал во тие озбилни учебници, како ти тоа го разбираш?.
Тоа е голема заблуда знаењето не е моќ знаењето е само потенцијална моќ реална моќ станува кога тоа знаење ќе се организира и практично ќе се примени а во Македонија далеку сме од тоа без разлика на години луѓето мислат дека имаат информации а имаат глупости да немаа глупости во глава туку применливо знаење ќе издигнеа во нешто повеќе од медиокритети.Јас мислам дека младината денес е поинтелигентна затоа што многу повеќе информации се чуваат во главата.
Тоа е голема заблуда знаењето не е моќ знаењето е само потенцијална моќ реална моќ станува кога тоа знаење ќе се организира и практично ќе се примени а во Македонија далеку сме од тоа без разлика на години луѓето мислат дека имаат информации а имаат глупости да немаа глупости во глава туку применливо знаење ќе се издигнеа во нешто повеќе од медиокритети.