- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Ако на Лео Меси и другарите им недостигаше инспирација пред многу важните натпревари кои ги очекуваат, сигурно веќе не е така. Инспирација добија од еден навивач на Барселона заболен од рак.
Приказната за младиот Алфонсо Гарсија кој е болен од рак допре многу срца во Шпанија минатата седмица. Тој гостуваше во познатата шпанска емисија „Punto Pelota“ каде раскажа дека веќе 12 години се бори со сарком, смртоносен облик на рак.
Пред два месеци докторите му дадоа само неколку часа живот, меѓутоа Алфонсо се бореше и успеа да ја победи науката. После тоа, му се оствари и големиот сон – беше во ВИП ложата на Барселона на натпреварот против Билбао.
Во емотивното интервју Алфонсо опиша како Меси и другите играчи му пружиле поддршка.
„Мојата приказна почнува така што ми беа соопштени најлоши вести. Докторите ми рекоа дека ништо повеќе не може да биде направено и дека ми останаа само неколку часа живот. Затоа и реков на мојата мајка, ако се случи тоа сакам мојата пепел да се истури во близината на Камп Ноу. Мајка ми направи се што е можно за јас да ја посетам Барселона“.
Разбирајќи дека на нејзиниот син му одминува времето, неговата мајка направила се што е можно за да ја исполни неговата најголема желба. За среќа таа успеала, па ФК Барселона испратил официјална покана до Алфонсо да дојде на натпревар.
„Кога ми се јавија и ми рекоа да го донесам на натпревар јас истрчав од куќата како девојче. Не можев ни да замислам дека мојот син ќе биде покрај Меси. Мојот Меси, така го вика мојот син“, раскажува мајката на Алфонсо.
Па така Алфонсо со своето семејство дошол во Барселона и на терен го гледал својот идол Меси, а после натпреварот претседателот на Барселона, Росел го однесол во соблекувалната и го запознал со фудбалерите.
Меси, кој имал проблеми со растот како дете и кој се лечел со години, дошол да разговара со Алфонсо. „Лео дојде и ме прегрна, а прегратките беа полни со љубов, полни со нежност. Ми се исполни сонот да го запознаат Меси кој исто така како млад имал доста проблеми со здравјето. Но, тој се извлекол и гледајте каде е сега“.
Алфонсо не разговарал само со Меси: „Сите играчи, од првиот до последниот, навистина се прекрасни човечки суштества. Разговарав и со Пујол и Куенка. Ме прашаа како сум и ме храбреа да продолжам понатаму, да се борам за да се опоравам. Им реков: ’Да, се обидувам, сакам да живеам’“!
Најтрогателен момент најверојатно бил кога го запознал Ерик Абидал. И Французинот пати од рак и мораше да замине на трансплантација на џигерот. Алфонсо вели: „Разговарав со Абидал. Никој не знае подобро од мене низ што поминува. Сакам да се опорави што побрзо и му ја посакувам сета сила на овој свет. Ерик ме прашуваше дали често одам на хемотерапија, колку се лоши последиците и дали можам да јадам нормално. Ми рече: ’Бог ќе ни помогне да се опоравиме’. Тој навистина беше велиИченствен“.
Мајката на Алфонсо, Марија се заблагодари на клубот: „Кој и да е од клубот одговорен за повикот, нека знае дека ќе му бидам благодарна цел живот, бидејќи тоа беше голем сон на син ми. Пред два месеци, докторите ми рекоа: ’Викнете го семејството, бидејќи вашиот син нема да ја преживее оваа ноќ’. Но, јас се уште го имам со себе. Беше во кома два дена, но тука е, се уште се бори. Се молам за син ми и ќе се молам за Абидал, бидејќи разговорот кој го водеа двајцата нема да го заборавам додека сум жива.“
Сега храбриот Алфонсо со солзи во очите вети дека ќе се бори за својот живот, но додаде: „Сега кога се исполни мојот сон, јас можам да умрам во мир“.
Извор