Возете велосипед по патека за да не платите 25 евра казна

  • Креатор на темата Креатор на темата Zan zivotnoto
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што друго ќе забранат?

Дозволено е возење на вселенски бродови и летала само по звездени патеки?
 
Еве едно видео поврзано со таа фамозна патека за точаци.
Видеово мислам и на порталот го имаше, ако добро се сеќавам.


Сега приметив дека сум го утнал видеото што сакав да го прикачам со темата за дискусија, ова е твоево е токму тоа :)
 
Значи да резимираме:Ни ја еб*а мајката овие што се на власт со нивните квази-антинародни реформи,ја не знам што се чека со името може комотно да се викаме република Дизниленд п.с. имам само велосипед на мое име и за него измислија казна...пуууу :mad:
 
Ова само за Ск важи ? Пошто по другите градови нема обележано вакви патеки.. а и тие од Ск,прво нека ги тргнат билбордите и паркираните коли по тротоари па тогаш нека казнуваат.. И да велосипедист на улица е најголемо говедо,у сред гужва се мува помеѓу возила,ќе го удри некој и послем он крив, а он со точак вози по сред булевар.
Во Охрид имат.:icon_mrgr:
 
:pos:прво закон носат, а отпосле ќе прават патеки :eek:
 
а што ке се случи ако велосипедистот или велосипедот настрада поради некој друг несовесен учесник во сообраќајот или поради дупка на патот? тогаш дали ке можеш да ја тужиш државата, општината, градот полицијата, улици и патишта паркови и зеленило , или пак цацко ќе биде крив па со него ке треба да се расправаш?
 
МВР треба да ги казнува и пешаците што одат по велосипедските патеки.
Сите што возат велосипед знаат дека пешаците се многу тешка категоорија особено постарите госпоѓи кои одат со помош на бастун, мајките со бебиња во количка, средовечните замуабетени тетки фатени под мишка, младите цуци со мп3 плеер во ушите.:pipi:

Секоја чест за припадниците на машкиот пол! Што ѕрнеш со ѕвончето, погелднуваат кратко и веднаш се тргаат на десната страна. :cuc:
 
а имам и уште една нејаснотија дали и велосипедистите со ваков или сличен велосипед доколку не се на велосипедска патека или улица ке се казнуваат :)
images
 
А да извози барем 50 метри со точак тој што го смислил овој закон.
Да возиш точак по Јужен булевар наместо по неговиот тротоар е рамно на самоубиство од прв степен.
Пробав неколку пати и едвај жива глава извадив.
Цццц, неарна држава.
 
Фала богу веќе, а не си идеш по пешачка патека и некој велосипедист ќе те удри и наместо да се извини, ќе ти се изнавика
 
Ова само за Ск важи ? Пошто по другите градови нема обележано вакви патеки.. а и тие од Ск,прво нека ги тргнат билбордите и паркираните коли по тротоари па тогаш нека казнуваат.. И да велосипедист на улица е најголемо говедо,у сред гужва се мува помеѓу возила,ќе го удри некој и послем он крив, а он со точак вози по сред булевар.
Немој така бе, види каква патека имаме слалом.За авантуристи.Како да играш Супер Марио или нешто така.Сега ќе развиваме велосипедски туризам, слободен стил - ко преживи причаче :D
velosipedska-pateka-ohrid-1.jpg

mischel.jpg
pateka.jpg
krividrini.jpg
Еве и видео, мала анализа на локалната ТВМ :cuc: :pos:
https://www.facebook.com/photo.php?v=377381248962300
 
Aјдеее ова Амстердам е па да пукаат казни ако не возиш по патека прво и основно далеку имаме ние од идеален систем за велопедистички собракај за да може да се почитува овој закон.
 
Баш ме интересира како ќе се обидат да ми ја спроведат казната. Сообраќајна полиција е обично со кола или пешки, а не планирам да застанам ако има намера да ме сопре џандар кога возам па он нека ми ја запишува регистарската на точакот. :D
 
Баш ме интересира како ќе се обидат да ми ја спроведат казната. Сообраќајна полиција е обично со кола или пешки, а не планирам да застанам ако има намера да ме сопре џандар кога возам па он нека ми ја запишува регистарската на точакот. :D
Че те пуца :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom