Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Инаку на новинарско прашање околу евентуална оставка на позицијата селектор на машката ракометна репрезентација, Звонко Шундовски изјави дека тоа нема да се случи, а истото го потенцираше и претседателот на РФМ, Михајло Михајловски кој вели дека по успешните квалификации за ЕП и по феноменалниот учинок на првенството во Србија, во моментов со такво нешто би испаднале премногу несериозни.

Еве јас да испаднам несериозен си давам оставка, додека не си отиде овој како селектор јас нема да пратам ракомет.
Е па на ова може и во наредните 10 години да се вадат. :facepalm:Ееее пред 5/10 години, бевме 5ти во Европа, несериозно е да си дадеме оставка.

Тоа е исто ко Хари да каже, ееее во 2001 игравме 2-2 со Англија на нивни терен, Шаќири даде гол од корнер, навистина би било несериозно да се откажам од мојата позиција во ФФМ. :icon_mrgr: :facepalm:

И не ми е јасен муабетот на Мојсо дека да сме играле со Шведска дома... па и баба ми да имаше тркала автобус ќе ја викавме. :facepalm:
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Е па на ова може и во наредните 10 години да се вадат. :facepalm:Ееее пред 5/10 години, бевме 5ти во Европа, несериозно е да си дадеме оставка.

Тоа е исто ко Хари да каже, ееее во 2001 игравме 2-2 со Англија на нивни терен, Шаќири даде гол од корнер, навистина би било несериозно да се откажам од мојата позиција во ФФМ. :icon_mrgr: :facepalm:
Од кога сфатив дека репрезентацијата е играчка на бизнис интереси, а во неа играат плачковци се е јасно.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Гледајте на светлата страна..
Барем се посмеавме по нервозите за викендот.....
К-15 треба да снимат скеч за настанов....;)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Народот се лаже пуштаат поттрчковци како Шундо да си покријат се што имаат. Шундо не е крив бе тој толку има капацитет. Зашто нема спорт во оваа држава? Пошто играчите се ГАЗДИ тие именуваат селектори тие ОТПУШТААТ селектори и не ги боли к*рац за ништо и за никого секој успех е бонус и за нив.

А башка овие смешни изјави, на Мојсо дека Кире потфрлил па беше и обратното во Србија, Мојсо беше дрво дрвосано, проблемот е во целиот колектив и во целиот хаос што има бе играчите да покажуваат прсти тие се играчи и точка во која држава селекторот е бубица јас до сега немам видено ваков хаос.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Првиот човек на Ракометната Федерација на Македонија, Михајло Михајловски, го оцени како неуспех, но сигурно не и како фијаско исходот од квалификацискиот турнир во Гетеборг. Иако како главна причина за трите порази ја наведе преголемата еуфорија што беше создадена самата репрезентација, Михајловски конкретно го посочи Кире Лазаров и Борко Ристовски како играчи од кои што се очекуваше повеќе, а кои што не беа на потребното ниво на овој предолимписки турнир.

Сите очекувавме играта да биде како на ЕП во Србија, но за жал тоа не се случи. Клучните играчи не беа на нивото од Ниш и од Белград, сите видовте дека Кире Лазаров го немаше вообичаениот придонес, Борко Ристовски не одбрани на своето вообичаено ниво, а и Веле Марковски, кој што важи за наш најдобар дефанзивец исто така не одигра во рамките на своите можности. Дел од причините за непласманот на ЕП сигурно лежат тука, но како клучна се покажа преголемата еуфорија што беше создадена. Импресивниот резултат од Србија ни даде за право да се надеваме дека ќе успееме да се пласираме во Лондон, но за жал тоа не се случи“ - изјави Михајловски.

Со ваквиот став на претседателот на РФМ се согласи и Наумче Мојсовски, кој што порача дека треба да се гледа напред кон следните предизвици на оваа репрезентација.

Кире Лазаров е наш најдобар ракометар, наш лидер во последните десетина години, но тој не беше на нивото на кое што сме навикнале да го гледаме. Кога со една таква игра на Лазаров ние сепак успеавме да се држиме во егал-мечеви до самиот финиш и против Унгарија и против Шведска, јасно е дека оваа репрезентација има квалитет. Нашите резултати во Гетеборг се неуспех, но не се никакво фијаско како што сакаат многумина да ги претстават. Се што треба да направиме е погледите да ги насочиме напред, кон следните предизвици, бидејќи сметам дека оваа репрезентација има сили и квалитет да биде дел од елитните натпреварувања во следните неколку години“ - истакна Мојсовски.

Звонко Шундовски останува на функцијата селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија и покрај слабите резултати и трите порази на предолимпискиот турнир во Гетеборг. Првиот човек на РФМ, Михајло Михајловски, смета дека Шундовски заслужува да продолжи да ја води оваа селекција и во иднина, пред се во претстојните квалификации за СП 2013 во Шпанија, во кои што за неполни два месеци националниот тим го очекуваат два бараж дуели со Австрија.

Кога го ангажиравме Шундовски, постигнавме договор тој да ја води селекцијата во квалификациите за ЕП 2012 во Србија. По добрите резултати во тие квалификации, решивме да ја продолжиме соработката со нов двогодишен договор. Следеше извонредниот настап на европскиот шампионат, со кој што неочекувано се создаде можност да се оди на Олимписки Игри. Без оглед на големата желба на сите, таа можност не беше искористена, но не гледаме причина поради тоа да вршиме смена на кормилото. Ако се знае дека баражите со Австрија ни се за неполни два месеци, еден ваков потег би делувал крајно несериозно од наша страна. Следната недела ќе има состанок на Управниот Одбор, очекуваме да го видиме селекторскиот извештај и наша цел е да направиме мали корекции, но никако и коренити промени“ - изјави Михајловски на денешната прес-конференција.
На новинарското прашање дали чувствува обврска самиот да се повлече од селекторската функција поради трите порази во Гетеборг, Шундовски одговори: „Кратко и јасно, не“. :facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:

Екипа
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Народот се лаже пуштаат поттрчковци како Шундо да си покријат се што имаат. Шундо не е крив бе тој толку има капацитет. Зашто нема спорт во оваа држава? Пошто играчите се ГАЗДИ тие именуваат селектори тие ОТПУШТААТ селектори и не ги боли к*рац за ништо и за никого секој успех е бонус и за нив.

Ке играат со Австрија пред празни трибини да ги видам успесите на РФМ и квалитетот на нашите ракометари посебно на најдобриот стрелец, кој дава по 4 гола од игра и 5 од пенал....ццц Андерсон му одржа лекција како се шибаат 8 гола од игра.Додека го мкне братму у репрезентација....
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Значи кире лазаров пак победи.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ке играат со Австрија пред празни трибини да ги видам успесите на РФМ и квалитетот на нашите ракометари посебно на најдобриот стрелец, кој дава по 4 гола од игра и 5 од пенал....ццц Андерсон му одржа лекција како се шибаат 8 гола од игра.Додека го мкне братму у репрезентација....
Абе Австрија можеби нема да не елиминира додека е фазонот сега вреди да се каже дека се посилни и поискусни од Бразил и можат дома да наметнат брз ракомет да ни фуче од сите страни како што ни фучеше и со екипи како Португалија, Естонија па и Бугарија во Варна едвај победивме 1 разлика тоа беше срам невиден и тогаш имаше карање во репрезентација.
Проблемот е што на долг рок ние немаме шанси веќе никакви, на тоа светско без овие коренити промени ние нема група да поминеме. Меѓутоа ајде Михајло како што вика летнавме во облаци одеднаш станавме Данска во ракомет, нека седнат на маса тие истите што прават заговори и нека си го потврдат тоа.
 
Австрија ќе не елиминира ви гарантирам. Овие нашиве од РФМ нема да можат ништо со судии да смучкаат пошо во Австрија е седиштето на ЕХФ, ке летаат глави. Затоа очекувајте пораз ако не се смени ништо во екипата. Австрија може да се добие само ако заслужиме никако поинаку, а со овој тренер и екипа и тактика губат сигурно.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
4.006
Поени од реакции
9.776
Plus iritira i nacinot na koj gi primaat prasanjata. Neznaat ni da odglumat smirenost pri odgovorite( osven Mihajlo). Koga bese postaveno prasanjeto za smena na selektorot, Shundovski kao napalen majmun odma otsecno NE! Pa sho ne si takva faca pa ne mu se izeres na Lazarov ili Borko na sred utakmica ili da gi sednes na klupa! Normalno nemas muda! Nacevski isto... Koa bea spomnati nekoj elementi vo vrska so organizacija odma se zapali i u stil na kaubojski serif pocna da mu se obraka na Igorce( kao pazi kako se obrakas, ova ne ti e Sitel, ne tropaj na masa).. Toa samo on smee da se ponasa taka posho toa e negova doma neli. I plus imam zamerka za nasive novinari. Od niv ocekuvam mnogu poveke, a oni (samo nekolku od niv) probaa nesto ama toa bese tolku sramezlivo duri i neprimetno i se povlekoa. Abe koga ke vidis deka Shundo ili Mihajlo pocnuva da ti go vrti odgovorot na jasno postaveno prasanje, odma vrati go na prav kolosek i postavi mu go uste ednas. Taka da i novinarite imaat golem del od vinata sto ovaa situacija e vakva kakva sto e. Mora da izlezat mutnite raboti na videlina, pa makar i na rab na incident da dojde presot. Samo taka moze nesto da se smeni, i da se privlece vnimanieto a ne so kjutenkata. I na kraj, kako da imas zelba da gi gledas koga znas kako funkcioniraat rabotite vnatre??? Samo gadenje osekjam i nisto drugo!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Австрија ќе не елиминира ви гарантирам. Овие нашиве од РФМ нема да можат ништо со судии да смучкаат пошо во Австрија е седиштето на ЕХФ, ке летаат глави. Затоа очекувајте пораз ако не се смени ништо во екипата. Австрија може да се добие само ако заслужиме никако поинаку, а со овој тренер и екипа и тактика губат сигурно.
Мое мислење е дека екипи како Аустрија се во нашиот домен односно и ние сме во нивниот, со една постава на паркет играат цела утакмица значи ротација 0, тактика на минимално ниво, ние покажавме дека во одбрана можеме да бидеме и сирење и челичен ѕид таа одбрана со Данска беше како од книгите на Лино кога ја водеше Хрватска до финалиња ама да се прашаме со колкава клупа ние одигравме тоа што одигравме. Значи нешто не штима тука, бидејќи почнавме пак да си ја пееме старата песна прво на терен па потоа и на прес и зад сцена, караници препукувања, лажења. Кој прати од времето се овие препукувања.

ПС. Иако Шундовски не сакаше да именува кој потфрлил во Шведска, средниот бек, Наум Мојсоски го стори тоа. Телетабис :facepalm:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе и Михајло не знае дека играчите се бираат меѓусебе :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom