Дали коефициентот на интелегенција на младите опаѓа?

Член од
15 јуни 2011
Мислења
409
Поени од реакции
304
ја не знам како за се може да ни биде крива Америка???? Ама буквално за се...За мене на пример најмногу криви се родителите кои се помалку време на воспитување и разговор минуваат со своите деца.Работат до 4 или 5...си доаѓаат од работа,па навечер мора обавезно да се видат со некоја другарка да се помуабетат и на детето му обрнуваат внимание еден или ниеден час во денот.Да и после криви се Американците од кај нив ни додје се.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Всушност немањето на амбиција во денешната маладина се должи на преголемата слобода на нашите родители да ни ја одземаат надежта.
- Немоеш тоа да го напраиш.
- Немоеш ова да го напраиш.
- Не иди ваму на факс, нема леб од тоа.
- Не прај ова, ќе се деси она...
Итн, итн. Неможеш па неможеш.
Зарем не треба родителот да биде тој што ќе ти каже, можеш! Зарем не треба родителот да биде тој што ќе ти каже - Прави го тоа што го сакаш, и прави го подобро од сите други!
Знаеш, малите пилиња се учат на летање, а големите се бутаат од гнездо. Нема милост.
Само што нас родителите не не научија на летање, а за бутање од гнездо, први се.

Понекогаш, оние кои се жалат дека помладите генерации стануваат се полоши и полоши, забораваат кој ги одгледал.
Нашите родители ја испосраа работата. И толку многу испосраа, што сега ние неможеме да постигнеме да досркаме. И згора на тоа, ние сме неспособни.
- Извини стари, ти се роди кога Југославија беше стабилна и го доживеа зенитот на своето развивање, твојата генерација е таа поради која денес Македонија е во транзиција, и твојата генерација е таа поради која сме во долгови. Да не пиевте колку што пиевте и да не крадевте колку што крадевте, денес ќе ни беше диско. Ама не ни е. Ради вас. Затоа, молим те.

Тоа е што се тиче релеваноста на коментарите од постарите само-наметнати "афторитети".

Конкретно на темата, немам време да коментирам, коа ќе имам, нема да коментирам.
За првиот дел од постот да дефинитивно не знам од каде таа дрскост да се мешаат во се, ама финансиската зависност си носи и психолошка, и браво со постов ги опиша сите македонски родители комплет, а за распадот на Југа баш и не беа родителите криви, се знае кој имаше политичка сила да ја растури и на кој му идеше во полза да не се шири социјализмот- САД ја растурија, за да спречат ширење социјализам низ Европа, за да превенираат потоа главите на сопствениците на големите корпорации да бидат искршени од руља револтирани вработени во нивните фирми, и барање на дел од акциите од фирмата работничко самоуправување сеа да не одолговлекувам сите знаеме што значи тоа за нив.

Иначе коефициентот на младите ни опаѓа ни расте според мене човекот умствено не еволуирал уште од времето на Адам и Ева, само постепеното размислување на одредени бистри умови довело до низа пронајдоци што од попрости станувале се посложени и сукцесивно сме стасани до ова техничко ниво а уште и ќе идеме напред.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
За првиот дел од постот да дефинитивно не знам од каде таа дрскост да се мешаат во се, ама финансиската зависност си носи и психолошка, и браво со постов ги опиша сите македонски родители комплет, а за распадот на Југа баш и не беа родителите криви, се знае кој имаше политичка сила да ја растури и на кој му идеше во полза да не се шири социјализмот- САД ја растурија, за да спречат ширење социјализам низ Европа, за да превенираат потоа главите на сопствениците на големите корпорации да бидат искршени од руља револтирани вработени во нивните фирми, и барање на дел од акциите од фирмата работничко самоуправување сеа да не одолговлекувам сите знаеме што значи тоа за нив.

Иначе коефициентот на младите ни опаѓа ни расте според мене човекот умствено не еволуирал уште од времето на Адам и Ева, само постепеното размислување на одредени бистри умови довело до низа пронајдоци што од попрости станувале се посложени и сукцесивно сме стасани до ова техничко ниво а уште и ќе идеме напред.
Муабетов ти е дефакто точен, само, секогаш сум сакал да верувам дека сам сум си крив за сите работи што ми се случуваат, па затоа несакав да спомнам никаков надворешен фактор.. :)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Некако се пронајдов во групата на старомодни и сметам дека денеска помладите не го користат доволно капацитетот на својот мозок. Го имаат, ама не го развиваат. Човечките вредности денеска дефинитивно се во најмала рака " искривени ". Точно е дека родителите се до некаде виновни, но мислам дека немаат пресудно влијание. Според мене никој не сака да си ја гледа ќерката гола на Facebook, па којзнае во колку лоши односи се. Денеска оваа искривеност како што ја нареков се должи на овие социјални мрежи на кои се " социјализираме ". И не е само тоа, на ТВ веќе не можеш да гледаш нешто корисно или ќе биде емисија за Фејсбук или ќе биде Сексот и градот.
 

GreenRoot

^Зелен^
Член од
20 јули 2011
Мислења
2.613
Поени од реакции
2.235
Едно неми јасно. Со појавувањето на интернетот, секој има пристап до разни информации. Може да научи многу работи ако има желба. Вие викате дека сме глупи!?
Па и јас викам бре луѓе. Додека некоја високо интелегентна личност(IQ 110 pa nagore) гледа нешто да научи, да се информира да направи да има корист, просечните(IQ 80) дремат на ФБ и гледаат да соберат повеќе лајкови:tapp:
А оние глупавите(IQ 60) пак, тие мислат дека интернетот се состои од впишување на магичните зборови www.facebook.com
И ај сега речи дека условите кои ни ги нуди модернава технологија правилно ги користиме.:unsure:
И мислам дека треба да се смени коефициентот на IQ:D
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Можеби е така, ама објаснувањето (првенственото) не чини. Заради Форумов и темите осети(вте) дека интелегенцијата опаднала?

Во наше време, ние ко бевме „под осумнајсет“, ми се чини дека имаше уште поголем процент на кретеноиди, само што, критерумите Ваши тогаш не ги фаќаа нив од неколку причини. Прво, од вашата...
- Немаше кај да отворат теми тогаш, па за да осетите колку се глупи.
- Ни вие не бевте сосема паметни, па не ви изгледаа глупи.

Ја го тврдам обратното... мислам дека во наше време (детство у југославији), имаше далеку далеку поглупи и потупи младинци, кои немаше кај да ја експонираат својата глупост.

Сега младите имаат... кој е глуп, се осеќа по „вашиот критериум на нет“...
Ние не знаевме да врзиме патики сами, денешниве даунлоадираат од замунда :)

Милион примери што можат да потврдат дека и тогаш и сега има тон глупи, само процентот на попаметни е денес поголем. И секако, како постот на Ставрогин, еден од најдобрите коментари во последно време кој мава рецензија на се што постои во модерниов свет... тие паметните се опресирани од плевелот.

А младите кои порано беа паметни се сега возрасни и на пример... како што би рекол друг Тоукатер... веруваат во непостоечки ентитет.

И баш сега ми текна...

Kоја генерација го одбележа зенитот на турбофолкот, како најблесавата работа што воопшто се појавила во сончевиот систем?

Аха, поглупи се новиве :)
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Денешнава младина може да се подели на неколку (де)генерации, ама сите ги спојува фактот дека имаат извитоперени слики за што е добро, а што не, што е правилно, а што не, што е вредност, а што не.
Единствено денешната младина нешто повеќе што знаат од постарите генерации е работањето со компјутер. Но тоа воопшто не ги прави поинтелигентни од постарите генерации. Старите генерации не знаеле на наши години да работат со компјутери затоа што воопшто немало тогаш.

Но сегашниве генерации воопшто немаат никакви познавање од тие работи што ги знаеле старите генерации како на пример: Малтерисување, Варосување, Водовод, Редење електрична инсталација, Сечење со Шлајферица, Заварување, Земјоделие.

Денешниве генерации од што се многу паметни не знаат гумче да сменат од расипана батерија од чешма, не знаат електрода од швајцапарат да наместат, не знаат бургијата на бормашината да ја стават, не знаат каменот на шлајферицата да го стават, не знаат синџир да стават на моторна пила и уште многу други работи.
 
Член од
22 февруари 2012
Мислења
10
Поени од реакции
8
Значи ги мешате многу работите...ама стварно многу. Прво, премногу ја генерализирате младината. Глупави биле? Не, глупави не се, само несакаат да се потрудат да научат нешто. Но, не сите. Далеку од тоа дека цела младина е таква. Инаку, гледам и други членови спомнаа дека новите генерации се секогаш попаметни од претходните, што е апсолутно точно. Исто така, тука е и новото време. Значи неможете да очекувате денешните деца да не го погледнуваат компјутерот. А да не зборуваме за тоа што компјутерот носи многу можности. На пример, мојата братучетка има 15 години, со интернетот почна на свои 10-11 години и еве сега има речник како возрасна личност. Неможете да кажете дека компјутерот и интернетот ги затупуваат децата. Зависи кој за што ги користи.
Друго, гледам некои во темава напишале за почитта кон постар т.е сега немало никаква почит кон постари. Можеби, ама зависи што подразбирате во почит кон постари. Ако за вас одење по цигари (пази, цигари) е искажување почит кон постар, тогаш навистина незнаете што значи тоа. Помаѓање на постари е нешто друго, ама некој 18-25 годишен дечко да праќа 8-9 годишни деца да му купат нешто е срамота. Пред се за него самиот. Јас никогаш не сум пратила комшиско дете да ми купи нешто што патем е моја потреба. Епа кога е моја, си имам самата нозе и ќе појдам да си купам. Ако не отидам, нема да го имам. Точка. Ниедно дете не е должно да трча по продавници затоа што мене како поголема така ми прднало на памет. Ако во иднина кога ќе имам деца некој се дрзне да ги прати (прати, ако ги замоли тоа е веќе нешто друго) во продавница, ќе си има работа со мене.
Понатаму. Образованието. Навистина незнам што ви пречи овде. Зарем според вас децата се воспитуваат со ќотек? Не ми е јасно што му фали на образовниот систем таков каков што е сега? За незнаење се добива единица, за нарушување на часот забелешка. Според вас што би го средило образованието и општо младината? Прачката? А јас мислев 21 век сме...срамота е некој да е со вакво размислување во 21 век. ;)
Ах и да не заборавам. Не попусто се рекло младост - лудост. И пубертетот си го прави своето, па ние место да им го олесниме тој период, ние ќе ги замараме со некои непотребни глупости? Ајде ве молам...

П.С. Времето тече, се менува. ;)
--- надополнето: 3 април 2012 во 23:28 ---
Затоа го имаме овој проблем со деликвенти од деца, на шо личи бе 6то одделенец, се дере урла у автобус некои комитски секташки песни, му викам стиши тоа гласот, и уште ми вика кој си ти да ми кажеш. Па ја коа сум бил дете, се знаело бе брат, помал си ќе ќутиш, не ќутиш, нема да моеш да седнеш на газот идните 2 недели.
Му опалив еден шамар у сред двокатна четворка, срипаа тоа другарите негови, на сите по една нога за да си седнат у столче, и таков копукот ми вика ќе те тужам, малолетен сум. Јас сум вонземјанин, ме нема во податоци. Да видиш како ќутеа после од рекорд до кисела вода.
Еј браво кој sвер си, си му мавнал шамар на 6-то одделенец, а да имаше неколку батки од 120 кила во автобусот и да галамеа, ќе им мавнеше ли шамар бе кукавицо? :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Статистички е обратно. Според IQ тестови вршени во сите модерни индустријализирани земји коефициентот на интелигенција кај генералното население се зголемува секоја декада, специфично во САД за околу 3 поени.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Како показател за тоа колкава е интелигенцијата на младите тролови на форумов е тоа што не се способни да водат сериозна дискусија на некоја тема (што за постарите членови е доста интересна)
И знаат само да кажат:
1. Леле темава колку е глупа
2. Леле темава е крајно глупа
3. А третиот ги цитира тие двајца Поглупа тема здравје

Сигурно тие ништо немаат прочитано од народните мудрости како на пример:
"Господе, дај ми сила да ја држам устата затворена кога немам нешто паметно да кажам" - Исмаил Кадаре...

Да ја имаа сите тролови прочитано оваа поговорка немаа така да реплицираат Темава е глупа

Туку ќе кажеа нешто паметно...
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Најголемиот дел луѓе спаѓаат во нормалниот опсег на IQ од 80 до 120, така да не знам дали постои тенденција на опаѓање, во секој случај интелигенцијата е способност за искористување на знаењето и снаоѓање во новонастанати ситуации и проблеми. Знаењето акумулирано во текот на годините, само по себе, не го прави баш секого успешен, има многу теоретски силно потковани луѓе, ама надвор од она цитирање на познати философи и научници, имаат доста слаба способност за самостојно рационално размислување, поточно она што народски се смета за практичен ум, го имаат во примеси.

Од друга страна, денес се врши и преголема глорификација на високото образование и кај нас системот продуцира инстант магистри, од кои голем дел и натаму се практично полуписмени, иако си сметаат дека се гении и никогаш нема да го прифатат риалити чек-от кој сугерира дека студиите се прилагодени за просечни индивидуи. Ако нарушив нечии илузии - не жалам.

И навистина коментарите од типот криви се родителите или компјутерите или не знам што друго, се само изговори и оправдувања, секако дека имаат влијание, меѓутоа единката е таа што врши избор дали ќе врши надоградба и апсорбирање нови знаења и способности или ќе најде ,,виновници кои и‘ го попречуваат развитокот,,. И ова нема врска со тоа дали кај некого во датумот стои 19 7/8/9 и некоја...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
И навистина коментарите од типот криви се родителите или компјутерите или не знам што друго
Кој е крив според тебе? Родителите не, компјутеро не, општеството не, американците не... Конкретно, да се родеше пред 100 години до сега ќе имаше 2 деца, маж, фамилија за гледање и куп обврски низ дома... VS сегашната твоја одговорност, незнам: да одиш на факс, ако ти се сака. Ако не, и тоа немораш. (не ме сваќај индивидуално, ова важи за сите чупина од да речиме 22 години)

единката е таа што врши избор дали ќе врши надоградба и апсорбирање нови знаења и способности или ќе најде ,,виновници кои и‘ го попречуваат развитокот,,.
Да де, само шо некако се појќе и појќе тој број расти (или станува поизразен со масовната комуникација од типот на форуми, социлајни мрежи и тн), особено кај младата популација. На форумов сум баеги пред тебе, така да знам шо се коментираше пред 4 години, знам шо се коментира сега... И да му веруваш на дедо, вистина е кралица. Има разлика, осетна.

И ова нема врска со тоа дали кај некого во датумот стои 19 7/8/9 и некоја...
Не сум баш најубеден во ова, мада секаде има исклучоци.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Кој е крив според тебе? Родителите не, компјутеро не, општеството не, американците не... Конкретно, да се родеше пред 100 години до сега ќе имаше 2 деца, маж, фамилија за гледање и куп обврски низ дома... VS сегашната твоја одговорност, незнам: да одиш на факс, ако ти се сака. Ако не, и тоа немораш. (не ме сваќај индивидуално, ова важи за сите чупина од да речиме 22 години)

Да де, само шо некако се појќе и појќе тој број расти (или станува поизразен со масовната комуникација од типот на форуми, социлајни мрежи и тн), особено кај младата популација. На форумов сум баеги пред тебе, така да знам шо се коментираше пред 4 години, знам шо се коментира сега... И да му веруваш на дедо, вистина е кралица. Има разлика, осетна.

Не сум баш најубеден во ова, мада секаде има исклучоци.
Да се родев пред 100 години, на овие простори сеуште немаше кој да ми го измери ај кјуто, бидејќи тогаш отприлика се правеа првите тестови за мерење на интелигенцијата во Франција и САД. Сепак лично не преферирам дискусии од типот ,,што би било кога би било,,.

Реков дека имаат влијание, ама не се пресудни родителите или компјутерите... Има примери на деца од интелектуалци кои не излегле подеднакво амбициозни, исто има деца од рурална средина кои постигнале невиден успех. Генетскиот материјал е предизспозиција, ама ако ти не направиш ништо повеќе нема да има развој. Компјутерите сами по себе дали ќе го ,,расипат,, или ,,подобрат,, корисникот, зависи од она што тој ќе одбере да го процесуира од мноштвото избори на информации... Така да, од самата единка најмногу зависи и се надевам дека нема сега да ми реплицираш со децата од Африка, би било провидно.

За тебе ако само форумов е репер за мене лично не е никаков посебно релевенатен ни единствен извор на проценка, а нити па се мери ај кјуто на дискутантите кога креираат акаунт. На светско ниво ако ги погледнеш студиите има податоци за пораст на светската интелигенција, ама пак напоменувам 95% од населението е во онаа стандардна група, која ти ја напоменав погоре. Сепак и овие тестови не се најмеродавни, бидејќи не ја опфаќаат емотивната интелигенција, креативноста, туку повеќе се насочени на когнитивни способности.

Она што ти овде се обидуваш да протнеш е дека младите се поглупави. А она што е посебно интересно е дека 90% од учесниците на форум мислат дека се над медиокритетот и интелектуално супериорни битија, блиски до надчовекот на Ниче, реално многу е помал бројот на оние кои навистина ја оправдуваат субординантната поставеност. А на форуми и по социјални мрежи едвај се чека некое петнаестгодишно девојче да почне да бара совети дали да го боцне симпатијата на Фејсбук, со кој разменуваат погледи на голем одмор и да почнат да ја исмеваат како е глупава. Притоа заборавајќи какви биле самите на истата возраст.

Најправилно е интелигенцијата да се мери после 26-тата година и според светските испитувања нема видливи разлики и отстапувања на истата по пол.

Точно болдот е она што јас го застапувам дека секаде има и имало и ќе има исклучоци, а исклучоци се паметните луѓе кои постојано се надоградуваат себеси со нови знаења. А муабетот ,,е какви бевме ние на времето,, ме потсетува на приказната кога Колозов прескокнувајќи после оваа пофалба и неуспешната реализација си шепна ,,исто лајно бев,,. Не е лична навреда упатена кон тебе, само не ја разбирам целта и потребата од некое солидаризирање генерациско за да се претставиш како поербап група. Јас лично од перцепцијата на мојата генерација констатирам дека имаше секакви, иако навистина високо интелигентните беа повеќе исклучок од правило, ама тоа е општа тенденција.

Сега околу ова последното, поголемиот дел од оние кои ги сметаме за инфериорни и не се толку глупави, колку што им е угодно да спијат во удобен кожурец без многу размислување и напор, така девојчињата бираат да читаат книги за купохоличарки наместо класици, а машките се интересираат единствено да се добри гејмери, не за последните научни достигнувања, бидејќи сакаат да бидат релаксирани и не оптеретени, наречи го мрза, апатија, недостаток на амбиција или комбинација . И затоа муабетот ,,не затупуваат турските серии или турбо-фолкот,, има издржаност само кај оној кој избрал да биде затупен и тоа радо. И во оваа категорија ќе најдеш лица под 20, во раните и доцни дваесетти, триесетти итн. итн.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Генетскиот материјал е предизспозиција, ама ако ти не направиш ништо повеќе нема да има развој. Компјутерите сами по себе дали ќе го ,,расипат,, или ,,подобрат,, корисникот, зависи од она што тој ќе одбере да го процесуира од мноштвото избори на информации...
Јас па ич не се сложвам со ова... Кој бил попаметен, Никола Тесла или татко му? Нема врска генетиката то со какво свирче ќе испадни од дрвцето, пошо овде прајме муабет за развој на умствени способности, не физички...

За тебе ако само форумов е репер за мене лично не е никаков посебно релевенатен ни единствен извор на проценка, а нити па се мери ај кјуто на дискутантите кога креираат акаунт.
Јок, не е само форумов... општо глеам наоколу шо се дешава тргнувајќи од Фејсбук, твитер, улицата која ја врвам 10 пати во денот... Можеби IQ-то на светско ниво е покачено (конкретно ете по твое нека биди, IQ-то на 17 годишниците е за 10% поголемо споредено со 20 години порано), ама прашање е како се насочува тоа знаење во државава. Со праење глупи слики на демотивација? Или хејтање и плукање по најразлични работи? Или веење партиски знамиња... можиш да имаш IQ поголемо од она на Ајнштајн и Менделеев заедно, џабе ти е ако ти се затворени очите.

Она што ти овде се обидуваш да протнеш е дека младите се поглупави. А она што е посебно интересно е дека 90% од учесниците на форум мислат дека се над медиокритетот и интелектуално супериорни битија, блиски до надчовекот на Ниче, реално многу е помал бројот на оние кои навистина ја оправдуваат субординантната поставеност. А на форуми и по социјални мрежи едвај се чека некое петнаестгодишно девојче да почне да бара совети дали да го боцне симпатијата на Фејсбук, со кој разменуваат погледи на голем одмор и да почнат да ја исмеваат како е глупава. Притоа заборавајќи какви биле самите на истата возраст.
Јас не се обидувам да протнам ништо... Уште помалце сакам да се потсмевам на некој што бара совет. Овде станува збор за незнам... натпревар во кој ќе направи поголема идиотштина и ќе се пофали на целата социјална заедница... и за тоа ќе добие 1500 ми се допаѓа, и 10 споделувања?
Ги слушам децата, абе ај остај го тој ќе ој дома да учи, седи тука... Јас ко учев, натпреваро беше обратен, кој ќе има научено, а потсмевот беше на тој шо нема... Има потреба уште да набројувам? Ако се надоврзам на твојата „надоградба“ идиме до моменто дека се надоградуваат, ама го прифаќаат само негативното од општеството.

А муабетот ,,е какви бевме ние на времето,, ме потсетува на приказната кога Колозов прескокнувајќи после оваа пофалба и неуспешната реализација си шепна ,,исто лајно бев,,. Не е лична навреда упатена кон тебе, само не ја разбирам целта и потребата од некое солидаризирање генерациско за да се претставиш како поербап група. Јас лично од перцепцијата на мојата генерација констатирам дека имаше секакви, иако навистина високо интелигентните беа повеќе исклучок од правило, ама тоа е општа тенденција.
Абе јас каков бев на времето, и какви бевме на времето... уште 1000 пати да се вратам назад, таков ќе бидам. И не, не ми е целта нити да се промовирам, нити да покажам ете јас можам ова, вие не го можите... Прашањето е: какви ќе бидат генерациите што доаѓаат?

машките се интересираат единствено да се добри гејмери, не за последните научни достигнувања, бидејќи сакаат да бидат релаксирани и не оптеретени, наречи го мрза, апатија, недостаток на амбиција или комбинација.
Конкретно за мене, нема сила шо можи да ме натера да седнам пред ПЦ и да отепам 2 сати во денот на играње (глупи) игри. Неможам, кратно и едноставно.

Туку околу сакањето да бидат релаксирани... Има една народна шо вика вака: дај му на мрзлив човек да направи некоја работа, и ќе ја направи на најкраткиот можен начин. Така да мрза (апатија или како и да ја дефинираш состојбата) сепак можи да се искористи за нешто продуктивно... само треба да се најди начин КАКО.

п.с. Не е лошо да незнајш... лошо е да нејќиш да научиш!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom