Доста интересна тема и доста интересни мислења прочитав. Можеби не е баш точно дека интелигенцијата опаѓа, повеќе мислам дека способностите на младите се намалуваат, поради технологијата. Нашите татковци на пример имале основни познавања и од водоинсталатерство и од монтерство и од мешање малтер и цементирање по дома и од електричарство (или како и да е). Како што на нив им е чудно како не знаеме сијалица да смениме а они ''чепкале'' по цели инсталации така на нивните прадедовци не им било јасно како овие не знаат коњи да јаваат, како што нас нема да ни биде јасно зошто нашите внуци не можат да возат кола ако не е автоматик или со ЏиПиЕс навигација, кога ние сме возеле и без серво, сме залутувале по пат и пак сме се наоѓале. Едноставно мислам дека се намалува онаа интелегенција што се однесува на снаодливоста и способностите. Затоа што интелигенцијата покрај тоа што си има педигре во генетиката и во образованието, нејзе ја хранат и предизвиците што животот ти ги сервира за ти да се снајдеш. Ако на пример сега ти се дупне гума дур возиш у сред вукојебина, само го вадиш мобилниот ѕвониш и ситуацијата ќе ти ја средат. Ако пред 30 години ти се дупнала гума во истата вукојебина и знаеш дека живо пиле нема да прелета, сакал нејќел, вадиш дизалицата па ќе пробаш да ја смениш, нешто ќе заебеш, ќе опцуеш па ќе пробаш пак, пак нема да ти успее ама во процедурата ќе сфатиш-аха маме му ебам значи сум требал тоа таму да го ставам, па да го извадам тоа па да заштрафам. Односно си го напнуваш мозокот, го тераш да мисли да се снајде, да се извлече од ситуацијата, во превод-надградба. А зошто да се замараш (да си паметен) и да губиш време кога луѓето фино лепо измислиле мобилен и лап топ и со едно ЕНТЕР стискање решено е се. Така да не сум сигурен интелигенцијата може не се губи но полниот нејзин потенцијал не е искористен, или пак едноставно е пренасочен во изработка на нови супермобилни, суперкомпјутери или други модерни дрндрајќи односно онаму каде што е потребно за развиток на денешницата наместо кон тоа да се разбираш кој број на арматура треба да се стави на колкава количина бетон а не си градежен инжинер. Во секој случај дали интелигенцијата се намалува не сум сигурен, ама мислам дека ''паразитизмот'' дефинитивно се зголемува.