Кој е крив според тебе? Родителите не, компјутеро не, општеството не, американците не... Конкретно, да се родеше пред 100 години до сега ќе имаше 2 деца, маж, фамилија за гледање и куп обврски низ дома... VS сегашната твоја одговорност, незнам: да одиш на факс, ако ти се сака. Ако не, и тоа немораш. (не ме сваќај индивидуално, ова важи за сите чупина од да речиме 22 години)
Да де, само шо некако се појќе и појќе тој број расти (или станува поизразен со масовната комуникација од типот на форуми, социлајни мрежи и тн), особено кај младата популација. На форумов сум баеги пред тебе, така да знам шо се коментираше пред 4 години, знам шо се коментира сега... И да му веруваш на дедо, вистина е кралица. Има разлика, осетна.
Не сум баш најубеден во ова, мада секаде има исклучоци.
Да се родев пред 100 години, на овие простори сеуште немаше кој да ми го измери ај кјуто, бидејќи тогаш отприлика се правеа првите тестови за мерење на интелигенцијата во Франција и САД. Сепак лично не преферирам дискусии од типот ,,што би било кога би било,,.
Реков дека имаат влијание, ама не се пресудни родителите или компјутерите... Има примери на деца од интелектуалци кои не излегле подеднакво амбициозни, исто има деца од рурална средина кои постигнале невиден успех. Генетскиот материјал е предизспозиција, ама ако ти не направиш ништо повеќе нема да има развој. Компјутерите сами по себе дали ќе го ,,расипат,, или ,,подобрат,, корисникот, зависи од она што тој ќе одбере да го процесуира од мноштвото избори на информации... Така да, од самата единка најмногу зависи и се надевам дека нема сега да ми реплицираш со децата од Африка, би било провидно.
За тебе ако само форумов е репер за мене лично не е никаков посебно релевенатен ни единствен извор на проценка, а нити па се мери ај кјуто на дискутантите кога креираат акаунт. На светско ниво ако ги погледнеш студиите има податоци за пораст на светската интелигенција, ама пак напоменувам 95% од населението е во онаа стандардна група, која ти ја напоменав погоре. Сепак и овие тестови не се најмеродавни, бидејќи не ја опфаќаат емотивната интелигенција, креативноста, туку повеќе се насочени на когнитивни способности.
Она што ти овде се обидуваш да протнеш е дека младите се поглупави. А она што е посебно интересно е дека 90% од учесниците на форум мислат дека се над медиокритетот и интелектуално супериорни битија, блиски до надчовекот на Ниче, реално многу е помал бројот на оние кои навистина ја оправдуваат субординантната поставеност. А на форуми и по социјални мрежи едвај се чека некое петнаестгодишно девојче да почне да бара совети дали да го боцне симпатијата на Фејсбук, со кој разменуваат погледи на голем одмор и да почнат да ја исмеваат како е глупава. Притоа заборавајќи какви биле самите на истата возраст.
Најправилно е интелигенцијата да се мери после 26-тата година и според светските испитувања нема видливи разлики и отстапувања на истата по пол.
Точно болдот е она што јас го застапувам дека секаде има и имало и ќе има исклучоци, а исклучоци се паметните луѓе кои постојано се надоградуваат себеси со нови знаења. А муабетот ,,е какви бевме ние на времето,, ме потсетува на приказната кога Колозов прескокнувајќи после оваа пофалба и неуспешната реализација си шепна ,,исто лајно бев,,. Не е лична навреда упатена кон тебе, само не ја разбирам целта и потребата од некое солидаризирање генерациско за да се претставиш како поербап група. Јас лично од перцепцијата на мојата генерација констатирам дека имаше секакви, иако навистина високо интелигентните беа повеќе исклучок од правило, ама тоа е општа тенденција.
Сега околу ова последното, поголемиот дел од оние кои ги сметаме за инфериорни и не се толку глупави, колку што им е угодно да спијат во удобен кожурец без многу размислување и напор, така девојчињата бираат да читаат книги за купохоличарки наместо класици, а машките се интересираат единствено да се добри гејмери, не за последните научни достигнувања, бидејќи сакаат да бидат релаксирани и не оптеретени, наречи го мрза, апатија, недостаток на амбиција или комбинација . И затоа муабетот ,,не затупуваат турските серии или турбо-фолкот,, има издржаност само кај оној кој избрал да биде затупен и тоа радо. И во оваа категорија ќе најдеш лица под 20, во раните и доцни дваесетти, триесетти итн. итн.