Бразил-Македонија (8.4.2012 14:15 ч), Скандинавиум арена, Гетеборг

  • Креатор на темата Креатор на темата olaf
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Сум те разбрал погрешно :)

Муабетот ми беше дека Борко нешо збореше: Не му иде на Станиќ и не го става Диви, ама он додека е на гол, му одговара да дреме и да игра цела утакмица и покрај тоа што не му оди. И не го плука Шундо затоа што не го става Диви. Муабет: двојни стандарди.
 
И ја тоа викам Темелков е крив за овие три порази :pos:
Темелков е крив за се.
Да не кажам неговите лигаменти. :icon_mrgr:
Не знаев дека играше и Темелков бе.:pos:
На Митков мислев бе... Се збунив и ја.
 
Јави се Манчестер,кажи како изгинаа на терен нашиве момци,како храбро се бореа,како Кире беше најјак а другите под ниво оти воделе нездрав живот.

Немам намера да бидам рамнодушен.Освоија висок пласман на европско,тоа е убава работа ама ова беше брука во најмала рака.Оваа генерација ја доживува судбината на Пепи Манасков-од сите да изгубиме,макар и да е Бразил во прашање.
 
Кога ке искочат три метраши што играат у Бундес лига Мојсо ке им го пуши кога ке рипа


Не е се у рипањето едноставно не играа и бразилците не рипаа многу ама низ зоната не избушија. А Киро скокачот едно давање голови со скок шут :facepalm:
 
А Митков во контра кога шутираше од девет метри и му праат блок :pos:
Слабо од сите, се надевам ќе летне главата на тренерот, а и на многу други..
 
Јави се Манчестер,кажи како изгинаа на терен нашиве момци,како храбро се бореа,како Кире беше најјак а другите под ниво оти воделе нездрав живот.

Немам намера да бидам рамнодушен.Освоија висок пласман на европско,тоа е убава работа ама ова беше брука во најмала рака.Оваа генерација ја доживува судбината на Пепи Манасков-од сите да изгубиме,макар и да е Бразил во прашање.

Сега ќе дојде кај и да е Манчестер 100% му е братучед на Кире игра крило па не му одговара сега ова со Манасков и Златко дека и он треба во репрезентација да седи малце на клупа.
 
Ништо од ветувањето, Фалангата не виде победа

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз и од Бразил со 28:27 на квалификацискиот олимписки турнир во Гетеборг.

brazil-mkd-500.jpg

Македонската ракометна репрезентација со три порази го заврши учеството на олимпискиот квалификациски турнир во Гетеборг. По Унгарија и Шведска, попладнево и Бразил се радуваше против избраниците на селекторот Звонко Шундовски.
Слично како и на претходните два меча, така и против „кариоките“ Македонија добро почна и тоа со водство, но по осум минути игра резултатот беше 4:3 во корист на противникот. Ова водство Бразил го одржуваше се до 18-тата минута кога израмнивме на 8:8, но потоа следуваше серија на противникот за во 21-та минута да стигнат до најголемата предност во првиот дел од три гола, односно 12:9.
brazil-mkd2-500.jpg

Оваа разлика ракометарите на Бразил умешно ја чуваа, па на полувреме се замина со 15:13, а Кире Лазаров промаши пенал по свирежот на сирената која означи крај на првиот дел.
Во второто полувреме Македонија заигра нешто подобро во одбраната, и секако поефикасно во нападот, па благодарејќи на серијата од 4:0 во 37-та минута дури стигнавме и до водство од 18:17, прво по она во воведните минути од натпреварот.
Во моментите кога требаше да играме сигурно, повторно нашите ракометари правеа грешки па Бразил врати исто така со серија од 4:0. Најголемата предност Бразилците ја имаа во 48-та минута кога водеа со четири гола разлика, а до нашите ракометари успеаја само да се приближат на еден гол разлика и секако успеавме да избегнеме убелив пораз. На крајот, на семафорот стоеше 28:27 во корист на Бразил.
brazil-mkd3-500.jpg

Како што е познато, Унгарија и Шведска обезбедија пласман на Олимписките игри во Лондон, Бразил на конечната табела е на третото место, додека на Македонија и припадна „фенерот“.
Најефикасен во нашиот табор беше Кире Лазаров со 6 голови, додека зад него беа Манасков со 5 и Наумче Мојсоски со 4. Стевче Алушевски постигна 3, исто колку и Златко Мојсоски.
Најефикасен, пак, на натпреварот беше Пирез со 7 постигнати голови кој ги реализираше речиси сите контри при нашите грешки во нападот.
 
Кој како сака нека ме свати .... Серковциве не се веќе херои според мене !!!
 
Не бе,нашите додека не ги направиш подолу од гомно не очекувај успех.

Е им покажаа поддрша и респект на ракометарите и овие се кренаа во облаци и УБАВО ни вратија за цела поддршка и нервози,фала ви.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom