Гуми (пневматици)

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Уште не ми пишал другаров цена
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
117
Поени од реакции
19
И за приели прашав, исто околу 5000-ки една гума е... инаку не е се до џебчето, имај на ум дека имаме тро асфалт измеѓу дупките па многу лесно можи да се поеби гума...

Немам возено нити дебика, нити тигар... Струмикс има возено тигарки, задоволен е :)

Јас имам возено Корморан Snow Pro, Nordman snow, Continental Winter Contact... летни до сега нови не сум купувал, па затоа се думам.
А тие корморан,српски,хрватски или словенски се,знам дека се ефтини,околу 50 евра се.И самиот викаш,дека патиштава се за никаде кај нас,можеби поарно е да купиш половна гума,за 1300-1500 ќе најдеш од тие појаките,мишелин,гудиер,пирели,може и ја така да направам,шо дека ќе купам нова,кога уште од патиштава стрчат шини,(бар за во велес знам) големи дупки има,шо ако ја скинеш одма,никој нема да ти ја замени,да ти даде нова,а 5000-6000 илјади да ги испружиме за гуми,ептен солено.И да сум на твое место,би ја проверил и предницата,ако нешто не е во ред со неа,може да ги јаде гумите..Сепак далеку поискусен си од мене,и повеќе разбираш,види си..
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А тие корморан,српски,хрватски или словенски се,знам дека се ефтини,околу 50 евра се.
Јас корморанот ги монтирав во 2006-та на Форд Фиеста. До сега имаат поминато 70.000 км, и во септември лани ги сменив предните назад, задните напред пошто веќе напред почнаа да јавуваат знаци на истрошеност. Мада вака како што се сега, и обемот на возење (просек 10.000 км годишно, кој значително се намали откако се зголемија возилата дома) мислам дека уште 2 години ќе одат без мака. Се работи за 165/65/13 кој шо ги платив одприлика 2800 денари една... На нив пиши дека се произведени во Англија, ѓомти фабриката била под капата на Мишелин, ама не ми е баш многу то за вервање... пошо така испаѓа сите noname фабрики се под капата на Мишелин...

И самиот викаш,дека патиштава се за никаде кај нас,можеби поарно е да купиш половна гума,за 1300-1500 ќе најдеш од тие појаките,мишелин,гудиер,пирели,може и ја така да направам,шо дека ќе купам нова,кога уште од патиштава стрчат шини,(бар за во велес знам) големи дупки има,шо ако ја скинеш одма,никој нема да ти ја замени,да ти даде нова,а 5000-6000 илјади да ги испружиме за гуми,ептен солено.
Донекаде си во право, ама имаш неколку ама... 4 гуми исти неможиш да најдиш никаде; Ако гумите биле добри, зошто тој пред тебе ги вадел? Ако треба да платам 1500 денари за половна, и 2500 денари за нова (неклаена воопшто) ич не се думам која да ја земам...

Така да најверојатно ќе одам со Дебиката... ако спушти уште некој денар, и (претпоставувам) ги земам сите 4 за 9000 сосе балансирање, ич не се замарам... посекако нити ќе одам на трка со мерцедесот, нити ќе изведувам глупости. Пошо идиме до момент дека дупло треба да платам за бренд, а речиси исто за половни.... Па и 2 сезони да изодат нема да ми биди криво.

И да сум на твое место,би ја проверил и предницата,ако нешто не е во ред со неа,може да ги јаде гумите..Сепак далеку поискусен си од мене,и повеќе разбираш,види си..
То обавезно... јас ја имам проверено пред да ја носам на регистрација, од страна на јабучици, рамена и останати срања, се шо требаше да се смени се смена... остана само да ја центрирам пошо ко ќе кренам над 110 треси, волано ми трга во десно и го држам завртен на лево за да оди право. Ама моментално неможам да одредам дали е од гумите (ем се различни, ем се криви) или е предницата за центрирање.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Центрирај Џиш...
А Тигарот... сеуште стојам на тоа дека вреди да се земи.
Примата на Ксарата ја имам веќе 4 години и 30000 км. На Реното е Сигура веќе скоро година и некои 4000 км.
Примата веќе покажува знаци на умор, наесен здравје ќе треба да земам гуми, но не Прима. Ќе одат најверојатно Хитрис, копија на Мишлен примаси пилот, која не е толку летна гума во смисла профил како Примата и која на заледеното зимава ми создаваше огромни проблеми поради самата шара, но и 4-те сезони врз себе. Иако немаат многу километража, сепак - стареат.
Сигура во димензија 155/70-13 ми се покажува засега ОК, според тоа каква е самата кола, т.е. мало градско возило, само по себе споро :).
А ти Џиш, мислам дека за Мечето на Барокот би требало да си земеш Хитрис.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
А ти Џиш, мислам дека за Мечето на Барокот би требало да си земеш Хитрис.
Ќе видиме, утре ќе падни одлуката :)

Има за избор повеќе видови на гуми, освен понудената навигатор (има 185/70 пасио, ханкок и сл), па ќе се одлучам за нешто :)


Убај се, ама се зимски... а јас на зима немам намера да го возам мерцедесот :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
И би светлина... Ги турив дебиката денес, 195/70 R 14. Ги зедов сите 4 за 10.000 денари, сосе монтажа, балансирање + 4 нови вентили. Произведени 48 недела во 2008, шо и не е така лошо.

Е сеа имам друга мака... предните легнаа за мерак, ама задните ме дупат. Бандашите се некако како на дистанцери и штрафојте назат се кратки. Сосема случајно на мерцедесот шо ми е за делој имаше 6 подолги, и ја наместив едната задна. За другата утре ќе барам 4 штрафа да купам (еден имам) и се ќе биди цакум пакум. Не го имам повозено (пошо се две различни гуми на погонските тркала), така да неможам да коментирам за возните својства, ама според она што го поместив низ двор, воланот значително е олеснет.
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
за најдобра гума мислам дека се мишелин, инаку подобро ви е да одите до грција ако ве носи патот , таму гумите се мн поефтини. Знам татко ми за голфот стави 2 нови мишелин 175/65/14 - 120 евра + ги наместија и+ ги избалансираа, додека тука во Македонија прашав 4200 некаде се само да ги купиш.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
за најдобра гума мислам дека се мишелин, инаку подобро ви е да одите до грција ако ве носи патот , таму гумите се мн поефтини. Знам татко ми за голфот стави 2 нови мишелин 175/65/14 - 120 евра + ги наместија и+ ги избалансираа, додека тука во Македонија прашав 4200 некаде се само да ги купиш.
Знаеме дека мишелин се најдобри, а кај нас 4200 т.е. 70 еура е една гума т.е. 2 гуми 140 евра и СЕКАДЕ ако ги купиш од продавница имаш монтажа и балансирање вклучени во цената како и гаранција
 
Член од
15 октомври 2009
Мислења
822
Поени од реакции
290
Знаеме дека мишелин се најдобри, а кај нас 4200 т.е. 70 еура е една гума т.е. 2 гуми 140 евра и СЕКАДЕ ако ги купиш од продавница имаш монтажа и балансирање вклучени во цената како и гаранција
Во гевгелија не е вклучена монтажа и балансирање.... А гаранција има.... Како и да е во Грција се многу поефтини гумите, и татко ми кажа, он е шофер(камионџија) и знам за камионот кога ги менува, секогаш од Грција(солун) купува
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
И би светлина... Ги турив дебиката денес, 195/70 R 14. Ги зедов сите 4 за 10.000 денари, сосе монтажа, балансирање + 4 нови вентили. Произведени 48 недела во 2008, шо и не е така лошо.

Е сеа имам друга мака... предните легнаа за мерак, ама задните ме дупат. Бандашите се некако како на дистанцери и штрафојте назат се кратки. Сосема случајно на мерцедесот шо ми е за делој имаше 6 подолги, и ја наместив едната задна. За другата утре ќе барам 4 штрафа да купам (еден имам) и се ќе биди цакум пакум. Не го имам повозено (пошо се две различни гуми на погонските тркала), така да неможам да коментирам за возните својства, ама според она што го поместив низ двор, воланот значително е олеснет.
За на суво се добри,ама на влажно не ги бива,при подрза вожња пролизгуваат,а и се продолжува кочењето.
Сепак изборот е твој но за тие пари ќе си земел 4 гланц нови TIGAR гуми од Олимпико,а цената е 2-2500 денари во зависност од големината на бандажот и каде каде се подобри на влажно.
Не ме фаќај за збор за ценава оти е од пред 1,5-2 години
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За на суво се добри,ама на влажно не ги бива,при подрза вожња пролизгуваат,а и се продолжува кочењето.
Незнам вака да кажам, не го имам пробано на вода. Спрема старите шо ги имаше гуми, со новите е друго возило. Подобро лежи на патот, полесно се врти воланот в место (нема серво), поубо ги абсорбира дупките, не шкрипат по кривини... а за брзи вожњи и таква работа, од кола со 48 KW (колку иди околу 70 кс?) и 2 тона тежина не очекувам ултра спортски перформанси нити имам намера да се тркам. 4-та 90 му е најоптимална вожња, така да најчесто тука ќе биди возењето.


Сепак изборот е твој но за тие пари ќе си земел 4 гланц нови TIGAR гуми од Олимпико,а цената е 2-2500 денари во зависност од големината на бандажот и каде каде се подобри на влажно.
Не ме фаќај за збор за ценава оти е од пред 1,5-2 години
За цената, прошетав секаде и верувај дека летна 14-ка со тие димензии (195/70) нема никаде по таа цена. 175/60 ги има колку сакаш, ама овие дали дека се повисоки, дали дека ретко ги купуваат, незнам... и ги нема на лагер, треба да чекаш да ги пуштат по порачка.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Незнам вака да кажам, не го имам пробано на вода. Спрема старите шо ги имаше гуми, со новите е друго возило. Подобро лежи на патот, полесно се врти воланот в место (нема серво), поубо ги абсорбира дупките, не шкрипат по кривини... а за брзи вожњи и таква работа, од кола со 48 KW (колку иди околу 70 кс?) и 2 тона тежина не очекувам ултра спортски перформанси нити имам намера да се тркам. 4-та 90 му е најоптимална вожња, така да најчесто тука ќе биди возењето.


За цената, прошетав секаде и верувај дека летна 14-ка со тие димензии (195/70) нема никаде по таа цена. 175/60 ги има колку сакаш, ама овие дали дека се повисоки, дали дека ретко ги купуваат, незнам... и ги нема на лагер, треба да чекаш да ги пуштат по порачка.
Гумите се Tigar sigura M+S 195/65/14,2.480 една,земени се во 10/2010.На вир држеа добро,ама сега се истрошени малку повеќе од вториот граничник и почнаа по малку да забегуваат на вир.Генерално од гумите јас сум презадоволен и ги немам слушнато/осетено да засвират или забегаат во кривина
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Сигура не се зимски гуми...не се М+С
 

Kajgana Shop

На врв Bottom