Хипермаркет Mr.Bricolage - Скопје

  • Креатор на темата ГОЦ-К.О
  • Време на започнување
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Интересно. Ќе му биде конкуренција на Хубо. Може и подобар ќе биде. Треба повеќе маркети да отворат во Македонија во иднина.
па и не се баш некоја конкуренција...

прво хубо маркет е три пати поголем...
второ, бев на отварањето, се разбира навечер, почекав гужвите да пројдат за на раат да ги разгледам убаво понудените ствари и цените... хубо е релативно поевтин од бриколаге...

еве д мојот домен гледав штрафовска роба, машини и слично... нај конкретно хоби класа хилта на еинхел ја пордаваат за 35% поскапо одколку во еинхел овластениот маркет кој е на само 1 километар од таму.. истото е и со шлајфериците, брусалиците и сите други ситни алати...

друг пример е за крцкала клучеви... во хубо маркет тие се истоварени на почетокот кај касите и се со цена од 305 денари комад... во бриколаге нај евтиниот и нај шкартниот е 650 денари па нагоре...
штрафови, типли, винкли, држачи, профили и слична штрафовска роба како и производи од метали е од 20 до 45% поскапо од хубо... и на сите тие стои ПРОМОТИВНА ЦЕНА!!!! демек се поевтини сега, на промоција се...

единствено што ми падна во око е поевтино е дека имаат евтини зидни и подни плочки од по 350 денари квадрат па нагоре, а баш се фини плочките, значи не се кинески до даска... тоа по мој вкус... гледав и ламинати ово оно... ок е со цените, т.е. не се баш поевтини туку се исти со цените со сите што продаваат ламинати и лајсни за истите...

во делот за градинарство не гледав, почна да ми се лоши од тоа дека изгубив 1,5 саат вртејки се низ маркетот да видам нешто интересно а поевтино од досегашната понуда и не најдов ништо... а да...најдов убаво и фино пластично капаче со рамка за онаа глупавата дупка на кадата што е... околу 300 денари беше, а истото (или слично) во хубо е околу 550 денари... а да.. и вентилатори за во вц или кујна се поевтини од колку во хубо, ама па и очигледно е дека квалитетот им е класа до две подоле од хубо...

се на се, ништо спектакуларно... единствено добро е за ситниците се отвори маркет кој е на оваа страна од скопје додека хубо е од онаа страна на скопје, иако на 500 метри од него е електрометал+електроелемент, кој има вкупно 4 огромни маркети и имаат буквално се и за квалитетна роба, а и за евтина роба... значи имаат и таква и таква... тие 4 маркети се поделени по дејност...

инаку, јас сум за овој маркет да профункционира, ги поддржувам... поддржувам да се отвори и уште еден-два нови брендови кои веке функционираат низ европа или балканов, на пример икеа или нешто така, од проста причина... колку поголема конкуренција, толку ке се пази на подобар квалитет да се има и секако по ниски цени...

значи останува да видиме дали ке би се ок и дали ке профункционираат... а да... и новите вработувања секако се поен повеке за народов...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Абе ова ти е во стил на IKEA ако си слушнал ...
Многу далеко е от IKEA. Повеке е от типот на Baumax,Praktis,Praktiker ....
--- надополнето: 2 април 2012 во 20:11 ---
налик на HUBO маркетот:rolleyes:
инаку, кога веќе ја споменавте Бугарија , таа е преплавена со овие маркети- скоро во секој град се отворени
Чак преплавена... само 10 от тоja синджир има.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
65
Поени од реакции
10
More se samo vo Skopje prat :D
vo Bitola ni eden market nemame
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.282
Поени од реакции
563
како по обичај све во Скопје ... Скопје држава ќе биде (ако веќе и не е )
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Интересно. Ќе му биде конкуренција на Хубо. Може и подобар ќе биде. Треба повеќе маркети да отворат во Македонија во иднина.
Чисто сумњам, Хубо каде каде е поголем и поопширен во асортиман(пример во алати), овдека бев денеска некако се разочарав, а мислам дека има доста надувани цени.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Чисто сумњам, Хубо каде каде е поголем и поопширен во асортиман(пример во алати), овдека бев денеска некако се разочарав, а мислам дека има доста надувани цени.
Ама немој да мислиш тие цени дека ќе стојат засекогаш. Можно е и поефтино од Хубо да биде. Никогаш не се знае.
 
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Od marketite tip Napravi si sam, Brikolage e naj slabia. Praktiker e vo puta po dobar.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
бриколаж и во србија го гледав... го има и во ниш и во белград... исти чошак се како и тука... слаби се...
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Во едно интерву на директорот на Карфур Бугариja вели :
". . . Вече влјазохме в Албанија и прод'лжаваме развитието там. Скоро откриваме и обект в Скопие. . . . "
Имате ли поим, дали се гради обектот, каде ке е...
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Во едно интерву на директорот на Карфур Бугариja вели :

Имате ли поим, дали се гради обектот, каде ке е...
Во новиот трговски што ќе биде пуштен во септември во Карпош. Скопје Сити Мол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom