“направи сам”
само ова ми се допаѓа
а на која локација ќе биде?
Ќе се гради првиот Бриколаж хипермаркет во Македонија
На просторот на стариот кванташки пазар во Скопје, на аголот помеѓу булеварот Војводина и улицата Перо Наков, во тек се подготвителни работи за изградба на првиот хипермаркет на францускиот ланец „Бриколаж“ (Mr. Bricolage) во земјава. „Бриколаж“ е специјализиран кон производи за уредување и одржување на домот и дворот, како и понуда на „направи сам“ производи. Во Македонија влегува преку бугарската фирма „Доверие Брико“ која ги поседува франшизите за Бугарија, Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора и Косово, а настапот е во партнерство со „Скопски Пазар“.
Според информациите кои пред три месеци „Скопски пазар“ ги објави на Македонската берза, компанијата има намера да изгради трговски објект наменет за однапред познати закупувачи. Финансиската тежина на проектот е проценета на 2,5 милиони евра, од кои еден милион евра се кредитно задолжување кај „Охридска Банка“. Вкупната површина на објектот кој треба да биде готов до крајот на годинава ќе изнесува околу 4.500 метри квадратни. Изведувач на градежните работи е „Масон-Инженеринг“, а за надзорот е задолжен „Балкан консалтинг“. Од „Скопски Пазар“ и „Брико Македонија“ засега не соопштуваат повеќе информации.
СП маркет е закупец на просторот и градител, фактички на Бриколаж му е продаден готов објект, само ништо не го спомнаа сега.
На површина од 3.500 метри квадратни ќе биде сместена француската компанија „ Mr.Bricolage“, бренд кој се занимава со производи за домаќинство, градежништво и хортикултура по принципот „направи сам“.
„Договорот меѓу Скопски Пазар и странскиот инвеститор, кој го носи Mr.Bricolage за прв пат во Македонија, е веќе потпишан. Mr.Bricolage располага со 527 продажни центри во 11 земји во светот, има 12.000 вработени и остварува продажба од 1,9 милијарди евра годишно. Во центарот ќе биде сместен и домашниот бренд за електроника и бела техника Нептун“, информираат од „Скопски пазар“.
Градбата на деловно-трговскиот центар ќе биде целосно изведена со користење на енергетски ефикасни материјали, греењето и ладењето на објектот ќе биде еколошко со користење на геотермална енергија.
Скопски Пазар е компанија која управува со 16 зелени и еден сточен пазар, мрежа маркети и еден деловно-трговскиот центар.
Вест од 3.8.2011