На магистри и на доктори им нудат 12.000 денари плата

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Работава е што државава нема потреба од магистри, не знам кога ќе сфатат. Многу студенти на економски и правен, мои другари, школски, познаници, се пренемагаат кукаат, завршија во рок, со настава од 2-3 дена неделно по 4-5 часа. Сега споредете некој што студира природни или технички науки секој ден од 8 до 14-16 на факултет, учење кога ќе дојде дома и за викенд, додека повеќето од правен и економски се по кафиња. Неправда? Вработување, слабо, затоа што најчесто насоките на факултетите се тотално без систематизација, биохемичар работи на место на хемичар, земјоделски инженер на место на биолог. Само затоа што има врски и му се може.
Секаде го спомнувате тој просек, звучи клише, ама просекот нема вредност, ниту пак го квантизира знаењето. Се докажа многу пати. Врвни стручњаци од областа на природните науки имале 8,9 - 9,0 просек па имаат објавено преку 30 труда за 3-4 години. Бољонскиот систем не секаде е споведен, ја на пример немам корист ниту бодови од предавања, ама морам да идам затоа што нема да земам потпис, никогаш не сум полагал колоквиум на заокружување, немам колоквиумски недели, по повеќето предмети полагам колоквиуми и завршен усен испит, или пак директно на усен испит каде фино лепо те шета низ цел материјал.
Работата е што пола од македонската интелектуална младина е поткрепена со некое чудно его па мисли дека се знае и се може...
 
Убоо викаше тате,сине учи некој занает :unsure:
 
Ок, прво... сакам некој од „магистрите“ да ми пресмета, колку пати е поголемо 12.000 денари (платата шо му се нуди) од 0 (платата шо ја земат)?

Друго, мислам дека најпаметно ќе биди владата треба да смисли една кампања: Директорско место за секој магистер во државава!

Се прашувам кога ќе му стани јасно на овај народ дека нема појќе „Учи за да не работиш?“ Комунизмот/социјализмот шо го имаше кај нас умре... толку, аш. Сакавте капитализам, бујрум. Ете го, шо значи сега секој гледа колку реално вредиш, и кои се твоите способности. А сериозно прашање е дали магистерската диплома со 0 праска, 15 минути прошетка во некоја фабрика и сл, стекната во Македонијава наша насушна вреди 12.000 денари месечно.

Е баш во тој Социјализам/Комунизам излегуваа најквалитетните високо-образовани кадри, на кои сеуште до ден денес се потпираме, не мислам на политичари и сл. туку мислам на доктори, професори, хирурзи, инженери, архитекти и.т.н. образовани за време на тој систем, бидејќи тогаш навистина малкумина се стекнувале со високо образование(2-3%) но навистина имало квалитет, а денеска има само квантитет !
Кои се подобри и поквалитетни: доктори, хирурзи, инженери, архитекти... оние кои завршиле факултет во СФРЈ или пак оние кои сега завршуваат(учени-приучени) !
Многу работи смрделе и нечинеле во Социјализмот, но да си признаеме дека образованието тогаш било далеку појако од сегашново ’’образование‘‘(тука мислам и на основното и на средното и на високото образование) !
 
Трагично е човек да биде тотална табула-раза во 21 век, но исто така е трагично и човек со диплома во раце да не знае најосновни работи од областа за која студирал !
Јас имам поинаков концепт на размислување, ако треба во 100, па и во 1000 луѓе, само еден или двајца нека се со високо образование, но барем навистина да се разбираат и да знаат, битен е квалитетот, а не квантитетот, секој нема дарба за наука, некој има повеќе дарба за физички работи, некој пак е навистина интелектуален капацитет, но сепак вистинските интелектуалци се природно поретки и ги бројам на прсти !
На пр. ако познавам да речеме 100 луѓе со некаква диплома(завршен факултет), едвај само десетина од нив ги сметам за вистински интелектуалци !
Исто така од професија до професија постојат огромни разлики, во некои професии можеш да се убациш и со помалку познавање на истите, па со тек на време да се поднаучиш нешто, но во некои професии мора да имаш ите-какви познавања, бидејќи грешките(потенцијални) секаде не се исто болни !


kvaliteto sekogas ce izleze na povrsina
ima edna izreka vaka glasi!!!
molcenjeto e zlato
zboruvanjeto srebro
a znaenjeto dinamit
 
Убоо викаше тате,сине учи некој занает :unsure:

Убооооо ти викал татко ти ! ;)
Денеска имаш неколку варијанти за да стигнеш до леб:
За да влезеш на пр. во Државна администрација исклучиво или со партиска книшка(дебели партиски врски) или пак со дебели роднинско-пријателски врски !
Ако пак имаш некаков баран занает на пазарот, тогаш сигурно ќе се снајдеш некаде, бидејќи како што напишав и претходно денеска му е мајката на занаетите, а не на дипломите, кои денеска се сведени на обични листови хартија, сите што ги знам луѓе-занаетлии тепаат пара т.е. работат, а повеќето што ги знам дипломирани, си седат домче, бидејќи пазарот едноставно нема потреба од нив !
Е сега постојат и некои други варијанти, да имаш некаков доходовен мал приватен бизнис или пак да ја здуваш некаде во странство, како што многумина млади прават !
 
Е баш во тој Социјализам/Комунизам излегуваа најквалитетните високо-образовани кадри, на кои сеуште до ден денес се потпираме, не мислам на политичари и сл. туку мислам на доктори, професори, хирурзи, инженери, архитекти и.т.н. образовани за време на тој систем, бидејќи тогаш навистина малкумина се стекнувале со високо образование(2-3%) но навистина имало квалитет, а денеска има само квантитет !
Кои се подобри и поквалитетни: доктори, хирурзи, инженери, архитекти... оние кои завршиле факултет во СФРЈ или пак оние кои сега завршуваат(учени-приучени) !
Многу работи смрделе и нечинеле во Социјализмот, но да си признаеме дека образованието тогаш било далеку појако од сегашново ’’образование‘‘(тука мислам и на основното и на средното и на високото образование) !
Друже колку си само во право.
 
НИЊА-69
- имаш пиво од мене или сок
Т О Ч Н О - само тоа му е мајката - тотална револуција
на ова - на овие крај им се нема, само тие сакат да живеат
Има завршени студенти и магистри-прави таленти и со 10,0
ама од овие арамии и недоквакани врски и неправилности
ќе си седат дома ..... Д О К О Г А В А К А ....време е сега
 
Jas studiram na Mashinski i nikoj ne go pocituva toj Bolonjski sistem. Deneska polagavme eden predmet, se polagase 4 casa. Dva casa zadaci pa dva casa teorija, imavme 220 strani da ucime teorija so izveduvanje, uzasno bese. Ama siguren sum dokolku site predmeti se polagaat taka ke izleguva strashen i sposoben kadar od fakultetite ;)
 
мислам на доктори, професори, хирурзи, инженери, архитекти и.т.н. образовани за време на тој систем, бидејќи тогаш навистина малкумина се стекнувале со високо образование(2-3%)
Тргнувајќи од ова (ем биле малкумина, ем државата беше во развој) како основна целина се создаде масовното мислење кај народот: Учи, да не работиш. Пошо ниту еден од тие кадри не останал без работа, така? После завршувањето, одма имаше работно место за него.
но навистина имало квалитет, а денеска има само квантитет !
Што имало тогаш е дискутабилно, но поентата на целиот муабет е, и вакви и такви наоѓале работа (читај имало потреба од таков кадар). Колку и да учиш, искуството никаде нема да го научиш, да ти биди јасно како ден.

Денеска потребата е сведена на мизерно ниво, додека од друга страна потребата на државата за вашите финансии е сведена на максимално ниво... па ако можи да извлечи 2000-3000 евра за тоалетна хартија (пластифицирана диплома) која никаде не ја признаваат (дури ни кај нас) оти да не?
 
Јас имам поинаков концепт на размислување, ако треба во 100,..................., само еден или двајца нека се со високо образование, !

Реално.... толку и се потребите...

Гледам во уводот на темава дека правниците се нагласени... 3+2 години магистер... абе упм..на 22, 23, 24 години магистер на 25 доктор на науки...:pos:
ПИРАТИЦ... во еден нареден твој пост спомна за предходниот социјалистички школски систем.. е па таму да стигнеш до докторат требаше јајцата до колена да ти паднат...
..имено... 9 семестри редовна настава за завршување на факултет VII-1 степен ..за постдипломски, наредни 5 семестри .. ако го имаш бараниот просек можеше одма (ама скоро и никој да немаше потреба од тоа освен ако не сакал да гради кариера на самиот факултет како наставен кадар) ако си немал просек, право на постдипломски тек после три години работно искуство...постипломските студии беа строго во вонреден режим на студирање, наставата беше во петок попладне и сабота.
За докторат.... за кандидатура...најмалку 5 години работа во струката, неколку публикувани научни трудови во релевантни изданија...

... да се навратам на правниците и 12000 плата...
.. не ти се свиѓа..кој те држи да си отвориш сопствена канцеларија, па „пазарот“ да ти каже колку вредиш!
 
Изедначување на вредноста на дипломите на пазарот на трудот = И магистер и доктор отприлика за исто време можат да истоварат шлепер.:ROFLMAO:
_________________________________

Него озбилно, една третина неваботено население + премногу високостручни кадри за кои нема доволно работни места (мала ни е државата) = ниски плати. Неќеш ти ке сака некој кој е на зорт.
 
Jas studiram na Mashinski i nikoj ne go pocituva toj Bolonjski sistem. Deneska polagavme eden predmet, se polagase 4 casa. Dva casa zadaci pa dva casa teorija, imavme 220 strani da ucime teorija so izveduvanje, uzasno bese. Ama siguren sum dokolku site predmeti se polagaat taka ke izleguva strashen i sposoben kadar od fakultetite ;)
- опа бато, тука те чекам
за каков способен па и „страшен„ кадар зборуваш
знаеш ли ти што значи машински инжињер, раководител во погон,
во производна фабрика,на терен на монтажа на опрема - машини
или на одржување на таква опрема и произвоствени машини и сл.
- Може да ве биде за некаде за вртење весници,огласи,компјутери
нешто набавки,за шетање на делегации,саеми,за провизии и сл.
- Може да има некои исклучок што викам јас некои талент,поточно
некои што почнал со бонсек,чекан,апарат и некоја плуска на рацете
дома во гаража со татко му,а покрај тоа и тој “ваш“ факултет со 9-10.
-Дали имаш контакт со некои работници од поголемите производни
метало-машински фабрики па да прашаш која е вистината за ова.
Што мислат работниците за нив- за нивното страшно знаење
ќе добиеш одговор; појма си немаат од ништо, неписмени,дибеци,
кај дошол овој намќор,абе овој врска нема,овој за ништо не го бива.
- Не мислам дека “тој“ машински инжињер треба да знае да работи
да фати дизалица или апарат, не тоа, тој учел еве да не (го) работи
тоа, туку како да тече произвоството ваљда и да го унапредува во
поголемо и порационално со повеќе заштеди и подобар квалитет.
- Да видиме колку има иновации по овие прашања од овој високо
стручен кадар во ваквите компании,на пр. дадени во една година.
Незнам кој пример да го земеме да ја осознаеме оваа состојба во
нашава средина, секако дека ги има многу и затоа сме на такво ниво.
Ми текнува во моментов колку нови производи исврлаат годишно
тие компании со овој “страшен“ високообразован инжинерски кадар.
Или бројчано колку ги има во една компанија - фабрика ...МНОГУ
премногу ги има и непотребно мислејќи ако ги има повеќе ќе им оди,
или ќе му оди, подобро произвоството на газдата, ама не е така.
 
Тргнувајќи од ова (ем биле малкумина, ем државата беше во развој) како основна целина се создаде масовното мислење кај народот: Учи, да не работиш. Пошо ниту еден од тие кадри не останал без работа, така? После завршувањето, одма имаше работно место за него.
Што имало тогаш е дискутабилно, но поентата на целиот муабет е, и вакви и такви наоѓале работа (читај имало потреба од таков кадар). Колку и да учиш, искуството никаде нема да го научиш, да ти биди јасно како ден.

Денеска потребата е сведена на мизерно ниво, додека од друга страна потребата на државата за вашите финансии е сведена на максимално ниво... па ако можи да извлечи 2000-3000 евра за тоалетна хартија (пластифицирана диплома) која никаде не ја признаваат (дури ни кај нас) оти да не?

Во тоа време(во СФРЈ) имало голем недостиг(дефицит) на високо-образован кадар, конкретно зборам за во нашава држава(тогашна СРМакедонија), незнам баш како било во другите тогашни Социјалистички Југословенски Републики, но овде во тој период само 2-3% од населението имале високо-образование и секако дека поради недостигот од таков кадар многу лесно се вработувале и тоа веднаш откако ќе земат диплома, неверувам дека во тоа време некој што ќе завршел некаков факултет останувал без работа !
Ама ај да го оставиме тоа прошло време, сега е сосема поинаку, денеска има суфицит т.е. со лопата да ги ринеш високо-образованите кадри, во секое семејство има по некој дипломиран кој седи дома !
Но навистина не ми се сфатливи некои работи, во земја со 30% сиромаштија и 30% невработеност, а од друга страна има суфицит на високо-образован кадар, кој секоја година се зголемува ...... наместо да се учат занаети, сите трчаат по факултети, после некоја годинка ќе дипломираат и после пак домче !
 
- опа бато, тука те чекам
за каков способен па и „страшен„ кадар зборуваш...................
..............................................
- Да видиме колку има иновации по овие прашања од овој високо
стручен кадар во ваквите компании,на пр. дадени во една година....................

Си чекал но ништо не си дочекал....:D
... како прво, појма немаш што претставува машинството, па секоја дискусија на таа тема ти е беспредметна...

- иновации...дај бе човек не биди смешен, во држава без никаква заштита на интелектуалната сопственост и сите работи и бенефиции што следуваат од тоа... никој нема ама баш ни најмал мотив да за некој друг нешто..„иновира“....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom