Да, секој според способностите. Јас токму тоа го кажувам, само некако не ме разбираат
Ако така гледаме, мајка ми има подобар факултет од нејзиниот газда, ама тој имал можност да отвори свој приватен бизнис. Логично, заработува каде-каде повеќе од неа, па таа не е депримирана поради тоа.
Но, некој со средно лозарско да зема поголема плата од некој што животот си го вложил во образование е неприфатливо (реков плата, не профит
). Од проста причина, што додека тој си дрнкал Шабан Шаулиќ секој викенд, јас сум дремела ноќе и дење над книга, додека тој играл Фармвил на Фејсбук, јас сум била под стрес дали сум научила се.
И утре, тој истиот, да се вработи на некое не така одговорно место, и да заработува повеќе од мене?
Мака ќе ми биде, и тоа голема.
Навистина ми е смешно, пример, некој е доктор, од него зависат животи, и неговата плата да биде приближно еднаква со некој од кого зависи... дебелината на парчето сланина?!