Колумната на Венко Андоновски

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
А што работиш ти?

И зашто побогу некој што цел ден е на нозе, има попуштени вени и едвај чека да седне нема право да зема плата колку и некој автор седнат во фотеља што посакал да напише книга?

... се прашувам кој повеќе си го прчи
Некој граѓани повеќе вредат од други не сме сите исти. Венко не е саламар.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
А што работиш ти?

И зашто побогу некој што цел ден е на нозе, има попуштени вени и едвај чека да седне нема право да зема плата колку и некој автор седнат во фотеља што посакал да напише книга?

... се прашувам кој повеќе си го прчи
Зашто овој првиот и да сака веројатно нема да може да напише книга, а вториов ако сака може да работи на нозе. Да не ви се мешам во темата, ама прашањево ептен ми "вриштеше" со нелогичен заклучок.

Подобро прашање е зашто трансфер на Дејвид Бекам вреди 70 милиони, а најголемите академци во животот не заработуваат толку пари. Одговорот е едноставен, ама ај ќе ве остаам сами да го сфатите. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Грешка си.

За да можеш да напишеш книга треба да имаш фонд на зборови, а не диплома, а фонд на зборови се стекнува со читање на книги и разновидна литература. Со сигурност можам да ти потврдам, татко ми е со средно, секоја недела чита по две огромни книги и тоа откако сум родена, ти гарантирам дека знае да пишува на многу високо интелектуално ниво, само не сака. Значи се е релативно:).
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
4.201
А што работиш ти?

И зашто побогу некој што цел ден е на нозе, има попуштени вени и едвај чека да седне нема право да зема плата колку и некој автор седнат во фотеља што посакал да напише книга?

... се прашувам кој повеќе си го прчи
Затоа што секој, или речиси секој може да ја работи таа работа, да стои на нозе и да сече салама, не треба за тоа никакво посебно знаење или умешност ушете помалку умствено напрегање, секој за 5 минути ке ја научи таа работа и таа работа ја работи само таму 8 часа и после си го луфтира мозокот и може лесно да биде заменет, додека работата на Венко неможе да ја работи никој друг и таквите како него се бројат на прсти и интелектуалната работа е многу потешка од физичката. Пробај да сечеш салама, верувам дека ке немаш некои потешкотии ниту главоболки а после пробај да учиш или пак да пишуваш некој труд па види како ке ти оди. Фотељата (ако не е партиско- чиновничка од типот нишај врата земај плата) е многу потешка и поодговорна работа од физичката, го знам тоа од сопствено искуство. Работев како адвокат а сега како извршител а претходно цел живот а сега како дополнителна дејност одгледувам лозови насади а делумно од родот самиот преработувам во вино и ракија, така да ја знам тежината и на физичката и на умствената работа, и многу е полесна физичката работа....
 
*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Грешка си.

За да можеш да напишеш книга треба да имаш фонд на зборови, а не диплома, а фонд на зборови се стекнува со читање на книги и разновидна литература. Со сигурност можам да ти потврдам, татко ми е со средно, секоја недела чита по две огромни книги и тоа откако сум родена, ти гарантирам дека знае да пишува на многу високо интелектуално ниво, само не сака. Значи се е релативно:).
А имаш информација колку заработува некој од калибарот на Венко во Америка?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Месарот не е психолог и треба да ќути и да си ја работи работата а не да коментира муштерии. И траба да си ја работи работата како што треба и сигурен сум дека ако не требало да и ја нареди саламата на госпоѓата немало да и ја нареди туку требало и одкако се побунила муштериката и ја наредил... за се треба да се побуниме...., а и тетоважите, па траба да си ги покрие на работа, ако има реп треба да си стави хигиенска шапка и сл....за се си има ред како треба да се изгледа и да се понаша. Еве и јас сум спортски тип ама неможам во тренерки да се треснам во судница или да закачам пирс на носот или да истетовирам гола женска на раката и да се чепатам пред судот, или некој полицаец да се истетовира и да пушти реп и брадиште... се си има ред. И читај поубаво, за платата ЈАС како критериум не го земам образованието туку пазарот и потребата на пазарот во сооднос со заменливоста на еден работник
--- надополнето: 6 април 2012 во 12:24 ---

Мојата работа е врзана за луѓе и што ако јас фатам да коментирам со муштериите кој во гарадот колку должи, кој има хипотека, кој смрди, кој што направил... не личи на ништо да се коментираат муштерии...
Не е ниту медицинско лице кое се грижи за луѓе со физички хендикеп кои не можат да исечат салама. Или со ментален дефицит.
Освен во РМ немам забележано таква услуга никаде, или си купуваш парче или вакумирано, така да ова е додатна услуга која продавачот воопшто не е должен да ја направи. Може ако сака. Или ако му сере газдата. Сериозно не знам дали таков вид услуга (заедно со продавање мастики на парче и слични ситуации) постои некаде...well....и тоа кажува многу.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
4.201
Не е ниту медицинско лице кое се грижи за луѓе со физички хендикеп кои не можат да исечат салама. Или со ментален дефицит.
Освен во РМ немам забележано таква услуга никаде, или си купуваш парче или вакумирано, така да ова е додатна услуга која продавачот воопшто не е должен да ја направи. Може ако сака. Или ако му сере газдата. Сериозно не знам дали таков вид услуга (заедно со продавање мастики на парче и слични ситуации) постои некаде...well....и тоа кажува многу.
Штом ја прават услугата треба да ја направат како што треба за муштеријата да биде задоволен, ако не ја прават не ја прават и готово, купи си цело парче или вакумирано и тука нема проблем, ама кога веќе газдата платил некого за да ја прави таа услуга тогаш тој што е платен да го прави тоа треба да го направи како што треба а ако му се малку парите за да си ја работи работата како што треба тогаш нека бара покачување од газдата или нека фаќа врата, не му се виновни муштериите...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
А имаш информација колку заработува некој од калибарот на Венко во Америка?
Не, а муабетот ми беше дека ти со средно може да си почнеш твој приватен бизнис и да земаш дупло повеќе плата од мене која сум со факултет и јас немам никакво право да се бунам за тоа и да ти оспорувам. Секој со своите заслуги. Секој којшто е способен да заработува повеќе од мене нека повели и нека заработи, кој фактор сум јас тебе да ти кажувам колку си ти паметна и колку си способна да заработиш?
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.819
Поени од реакции
8.833
Јас сум доктор на науки, па далеку сум од професорска плата од над 1000 евра, Венко лаже дека зема 40.000 ден. :)

Уште колку имаш ти да губиш мотивација...:), ама верувај не е само знаењето сила и моќ, има и други фактори кои сигурно ќе можеш да ги искористиш кога ќе аплицираш за работно место, без разлика на образованието.:)
Aх, веќе изгубив доволно по пат, мамини и татини синчиња завршуваат со 10 просек, а да гукнат не знаат. Ми иде да и се придружам на Крејзи и да си пукам и јас во колено.
И секако, ти треба знаење - општо знаење. Девојче што заврши со мене средно, за 4 години не доби една 4ка, сите и беа 5ки, на факултет сега сите до една и се 10ки, ама што ќе и е тоа, кога татко и ја носи до амфитеатар, 2 реда муабет не знае да направи.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
А имаш информација колку заработува некој од калибарот на Венко во Америка?
Достоевски скршен денар немал па прочитај ги неговите статии во Дневникот на писателот ниеднаш за тоа нема мрчено. Пишувал колку за да ги исплати долговите.

А еден месар колку заработува во САД?

И Венко и месарот си го искажуваат незадоволството таму кај што не треба. Само месарот е нели месар па некако му личи, ама Венко е ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ и заложник за лепословие. Согласно тоа нема право да пишува зборови од типот на „лигуш“, “блуе“, „пилешки мозок“ и сл.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.819
Поени од реакции
8.833
Не, а муабетот ми беше дека ти со средно може да си почнеш твој приватен бизнис и да земаш дупло повеќе плата од мене која сум со факултет и јас немам никакво право да се бунам за тоа и да ти оспорувам. Секој со своите заслуги. Секој којшто е способен да заработува повеќе од мене нека повели и нека заработи, кој фактор сум јас тебе да ти кажувам колку си ти паметна и колку си способна да заработиш?
Да, секој според способностите. Јас токму тоа го кажувам, само некако не ме разбираат :) Ако така гледаме, мајка ми има подобар факултет од нејзиниот газда, ама тој имал можност да отвори свој приватен бизнис. Логично, заработува каде-каде повеќе од неа, па таа не е депримирана поради тоа.
Но, некој со средно лозарско да зема поголема плата од некој што животот си го вложил во образование е неприфатливо (реков плата, не профит ;) ). Од проста причина, што додека тој си дрнкал Шабан Шаулиќ секој викенд, јас сум дремела ноќе и дење над книга, додека тој играл Фармвил на Фејсбук, јас сум била под стрес дали сум научила се.
И утре, тој истиот, да се вработи на некое не така одговорно место, и да заработува повеќе од мене?
Мака ќе ми биде, и тоа голема.

Навистина ми е смешно, пример, некој е доктор, од него зависат животи, и неговата плата да биде приближно еднаква со некој од кого зависи... дебелината на парчето сланина?!
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Штом ја прават услугата треба да ја направат како што треба за муштеријата да биде задоволен, ако не ја прават не ја прават и готово, купи си цело парче или вакумирано и тука нема проблем, ама кога веќе газдата платил некого за да ја прави таа услуга тогаш тој што е платен да го прави тоа треба да го направи како што треба а ако му се малку парите за да си ја работи работата како што треба тогаш нека бара покачување од газдата или нека фаќа врата, не му се виновни муштериите...
Колку треба повторување, чунки тоа било мајка на знаењето, дека живо му се ебе дали муштеријата е задоволен, во дадениве околности. И дека таквите ситуации за среќа се исклучок а не правило, што е една од работите каде понизноста овдешна влијае позитивно во општата слика.

И така Венко после 22 години лоботомија низ системот застанал да си купи 278 грама мортадела, насецкана до грам...
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Да, секој според способностите. Јас токму тоа го кажувам, само некако не ме разбираат :) Ако така гледаме, мајка ми има подобар факултет од нејзиниот газда, ама тој имал можност да отвори свој приватен бизнис. Логично, заработува каде-каде повеќе од неа, па таа не е депримирана поради тоа.
Но, некој со средно лозарско да зема поголема плата од некој што животот си го вложил во образование е неприфатливо (реков плата, не профит ;) ). Од проста причина, што додека тој си дрнкал Шабан Шаулиќ секој викенд, јас сум дремела ноќе и дење над книга, додека тој играл Фармвил на Фејсбук, јас сум била под стрес дали сум научила се.
И утре, тој истиот, да се вработи на некое не така одговорно место, и да заработува повеќе од мене?
Мака ќе ми биде, и тоа голема.

Навистина ми е смешно, пример, некој е доктор, од него зависат животи, и неговата плата да биде приближно еднаква со некој од кого зависи... дебелината на парчето сланина?!
Тоа е вистина, ама не е крив необразованиот за тоа.
Тоа што нашето општество е такво каде што еден хирург зема 500 евра плата е не само жалосно туку и трагично.
Ама што е крив месарот за тоа( кој да речеме отворил своја месара и сега зема 700 евра плата)? Хирургот може само да се нервира, а Венко за истото да пишува, но ниеден од овие двајца не може да дојде и да му ги земе парите на месарот.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.382
Поени од реакции
4.201
Достоевски скршен денар немал па прочитај ги неговите статии во Дневникот на писателот ниеднаш за тоа нема мрчено. Пишувал колку за да ги исплати долговите.

А еден месар колку заработува во САД?

И Венко и месарот си го искажуваат незадоволството таму кај што не треба. Само месарот е нели месар па некако му личи, ама Венко е ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ и заложник за лепословие. Согласно тоа нема право да пишува зборови од типот на „лигуш“, “блуе“, „пилешки мозок“ и сл.
Верувај, има типови кои неможеш да ги опишеш никако без да употребиш такви зборови па колку и да си речит и креативен, едноставно тоа се зборови кој најубаво ги опишуваат некои луѓе, секој попристоен збор не им прилега и губиш во описот, верувам дека саламарот бил баш од тие типови луѓе па дури и Венко не нашол друг збор за да го опише.....
 
*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Не, а муабетот ми беше дека ти со средно може да си почнеш твој приватен бизнис и да земаш дупло повеќе плата од мене која сум со факултет и јас немам никакво право да се бунам за тоа и да ти оспорувам. Секој со своите заслуги. Секој којшто е способен да заработува повеќе од мене нека повели и нека заработи, кој фактор сум јас тебе да ти кажувам колку си ти паметна и колку си способна да заработиш?
Прашав затоа што и јас заработував колку и твојот дечко во Америка со работа од најнизок ранг, односно според најниска доволена плата што може таму да се добие.
Јас не реков дека го оправдувам Венко затоа што најверојатно дента бил станат на лева нога и се му било наопаку и криво. Никој НЕСМЕЕ да се перчи со образование во Македонија (барем не сега) зошто секој мора да е запишан во средно и секој е на факултет и уште пострашно секој може да го заврши. Нема тежина образованието во Македонија. Ако правиме компарација на способност и капацитет како критериум за заработка со вредност на нечија диплома тогаш не коментирам ништо само ќе потврдам дека си во право. Работата и платата треба да се вреднува според ризикот и одговорноста која ја поседува истата барем според мене. Ако можноста месарот да си ја исече раката е многу поголема отколку да не ја исече денес додека е на работа или сл. тогаш и платата треба да му се зголеми. Ама ако тој е фрустриран затоа што имал 20.000 денари плата(што воопшто не е лошо) и тоа би значело лоша услуга и не мотивираност не оправдувам.:pipi:
И јас се фрустрирав кога дознав дека продавачките во Манго земаат плата од 30.000 денари, а новинар во весник зема 6000 денари и тоа ако не е во првите три или шест пробни месеци каде не зема ама баш никаков надоместок. Ама тоа се вредностите на општеството некогаш правилни некогаш погрешни. Ние живееме според најглупавата фраза "снајди се па живеј" - барем според мене.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom