М
Мартин`
Гостин
Сестра ми заврши докторка со просек 9.70, а сега е на приватна специјализација и моите плаќаат по 2 илјади евра годишно за таа специјализација, што секако се премногу пари за МК стандард ! Утре ќе заврши и што потоа, ќе треба да оди во некое селце да работи во некоја прчварија со некаква си диби-дус клиентела за 12.000 на месец ! Од друга страна пак на пр. братучедите кои незнаат два и два и едвај завршија средно, сега работат по угостителски објекти и земаат добри парички, а пак во летниот период одат да работат по угостителските објекти во Охрид и заработуваат доста солидно !
Завршениот факултет па и станувањето магистер не гарантира дека одма ќе најде работно место, но чим има толкав просек очигледно е дека се разбира и тогаш ќе си најде работа. Факултетот денеска ти е само предност пред останатите ништо друго, се останатото е на способност како ќе се снајдеш и како те бива, нема правила некој со основно може ќе остане милионер а некој што станал магистер може да си остане на таа плата 15.000-20.000 максимум. Ете сестра ми заврши Економски за неполн месец по завршувањето се вработи во приватна фирма значи не е во државна институција со партиска книшка, нормално првите месеци не зимаше цела плата но со месец по месец и ја покачуваат.. и да ни таму не ја вработија само затоа што имала факултет завршено и добар просек, туку и таму им проверуваат знаење од областа во која ќе работат па тогаш ги примаат.
Диплома ко диплома не значи ништо, освен дека имаш предност за работно место.. на пример тој со средно воопшто неможе ни да аплицира за тој оглас за работно место безразлика колку и да можеби знае повеќе ? што чисто сумњам дека има таков.