Дојде решавачкиот ден за Бербатов
1.09.2008.
Денес е денот „Д“ за Димитар Бербатов. Голгетерот на бугарската фудбалска репрезентација денеска ќе го направи и последниот обид да се пресели во редовите на Манчестер Ј. Менаџерите на двата тима треба да ги финализираат разговорите, а Бербатов, конечно, да замине за „Олд Трафорд“.
Вечерва се затвора трансфер периодот во Европа, па според тоа мора да се најде дефинитивно решение за продолжување на кариерата на напажачот на Тотенхем. За весникот „САН“, веќе нема место за неизвесност, откако и менаџерот на „Спарси“, Хуанде Рамос, се откажал од Бербатов.
Бугарскиот голгетер не беше дел од вчерашниот тим на лондончани на дербито со екипата на Челзи. Тоа јасно говори дека Бугаринот не е во плановите на Рамос.
:helou::helou::helou::helou: