Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање до тие што ја прочитале првата книга: Дали во неа има битки од епик пропорции и дали се опишани детално, или е истото како и во серијата? Т.е тие неколкуте ситни битки што ги дадоа, и плус тој делот кога Robb Stark фејка напад со 2.000 души.

Епик битки почнуваат од втората сезона па нагоре, првата книга поголем фокус има на драма него на акција. Има една битка во која лично учествува Тирион и неговите дивјаци, оваа битка HBO ја рипна со тоа што во првата сезона неговите несакајќи го онесвестија и прегазија и не ја видовме :(

Она што е интересно за битките во книгите е стилот на раскажување на Мартин, толку многу иде во детали што се соживуваш со настанот. Да не ти откривам премногу, можеби некој ден ќе имаш желба да ги читнеш книгите па да не ти расипувам :)
--- надополнето: 3 април 2012 во 22:41 ---
Само да се дополнам, и во книгите е исто, за некои битки слушаме по некој детал индиректно а некои ги гледаме преку некој од ликовите. Ова е за сите книги не само за првата.

Избришав еден дел за кој не сум сигурен во која книга се случува лол. Не сакам да спојлернам нешто
 
Јас уште старите ги мешам....

И јас исто:pos: Денес ја гледам втора епизода и цело време зборуваат за Станис, а ја поим немам кој беше тој. Дур ми текна:D
 
На страната на WiC пишува дека HBO зафркнале работа што ја пуштиле втората епизода порано, можеби намерно, можеби не. Од сега нормално ќе се емитуваат по стандарден термин. Барем нема да бидеме ставени во искушение да ја гледаме на торенти со послаб квалитет :)

За ликовиве не се замарајте толку, тие што се повторуваат ќе ги научите брзо. Јас ден денес се чудам како ми промакнале или сум ги заборавил некои од ликовите на пречитување на книгите. Тие што се битни сите ги знаеме!
 
Што сакав да прашам, ги имате сретнато некаде книгите во Скопје, со македонски превод и по која цена? Зашто сакам да ја прочитам првата книга, додека ги чекам епизодите од втора сезона да излезат. :)
 
Ја видов на излог во Икона ја имаше, но не знам на кој јазик беше, само ги препознав по коверот. Читај ги во оригинал на англиски доколку можеш, десет пати е подобро одколку да ги читаш со преведени имиња и локации :( ... Преку Амазон ќе ти стигнат за 20тина дена, а ги имаш со меки и со тврди корици.
 
Каква грешка направив што ја изгледав првата сезона во 480p... Кој нема гледано - нека гледа во HD, инаку ќе направи грешка :)
 
И јас се навикнав 720п... сеа коа глеам у помали резолуции, магла....

P.S. 50 лајка на постов и праам мк превод за 2ра епизода :D
 
Каква грешка направив што ја изгледав првата сезона во 480p... Кој нема гледано - нека гледа во HD, инаку ќе направи грешка :)
Mене и така не ми менува на 17 инчен TFT :(
 
Ја видов на излог во Икона ја имаше, но не знам на кој јазик беше, само ги препознав по коверот. Читај ги во оригинал на англиски доколку можеш, десет пати е подобро одколку да ги читаш со преведени имиња и локации :( ... Преку Амазон ќе ти стигнат за 20тина дена, а ги имаш со меки и со тврди корици.
Во Икона е на англиски, ама повеќе се исплаќа оваа понуда која некој ја беше постирал на почетокот од темата. Јас се мислам дали да ги читам книгите, бидејќи не сакам да си ја уништам и спојлерисам серијата. За прв пат повеќе сум наклонет кон екранизацијатата, отколку оригиналниот извор.

Што се однесува до ликовите, веќе се навикнав. Ете дури запомнав и како се вика инцестоидниот педофил. А за превод, ако сака некој заедно можам да се нафатам.
 
Како се снаоѓате со новиве ликови, приказнава итн
Првата сезона ми беше многу потешка за следење, затоа што немав поим кој е кој. Дефинитивно е подобро откако ќе ги прочиташ книгите - многу работи ти стануваат далеку појасни и знаеш кој е кој :)

Јас се мислам дали да ги читам книгите, бидејќи не сакам да си ја уништам и спојлерисам серијата. [...] Ете дури запомнав и како се вика инцестоидниот педофил.
Јас ти препорачувам да ги прочиташ книгите, доколку си љубител на пишаниот збор. Подобро е и многу подлабоко ги доживуваш ликовите отколку само со гледање на серијата. За мене втората сезона е многу подобра од првата токму од таа причина - што подобро ги знам и ги разбирам ликовите.
И многу ме интересира на кој мислиш кога велиш „инцестоиден педофил“? :D
 
Првата сезона ми беше многу потешка за следење, затоа што немав поим кој е кој. Дефинитивно е подобро откако ќе ги прочиташ книгите - многу работи ти стануваат далеку појасни и знаеш кој е кој :)


Јас ти препорачувам да ги прочиташ книгите, доколку си љубител на пишаниот збор. Подобро е и многу подлабоко ги доживуваш ликовите отколку само со гледање на серијата. За мене втората сезона е многу подобра од првата токму од таа причина - што подобро ги знам и ги разбирам ликовите.
И многу ме интересира на кој мислиш кога велиш „инцестоиден педофил“? :D
Ваљда на овој со ќеркиве, како и да се викаше.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom