Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа е, повредите се дел од спортот. Не заборавете дека доста од противниците на ЕП им беа повредени клучните играчи, а гледам и сега се повторува тоа... Ајде позитивна атмосфера, не очекуваат можеби највредните утакмици на било која селекција до сеа од независноста... (y)
http://www.mkd.mk/23366/izdvojuvame/mojsoski-sigurno-ke-igra-vo-geteborg/
Мојсовски: Ќе стиснам заби и ќе играм во Гетеборг, нема шанса да го пропуштам тоа
02
АПР 2012
17:12
Наумче Мојсовски, плејмејкерот на македонската ракометна репрезентација сигурно ќе игра во Гетеборг, на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ во Лондон.



Мојсоски сигурно ќе игра во Гетеборг

Мојсовски добро поминал на прегледот со магнетна резонанца, откако го пропушти вториот контролен натпревар со Романија пладнево, меч на кој се виде дека неговото отсуство многу му значи на тимот.

„Снимката покажа дека се појавиле шилци во коленото, па тоа направило проблем, се појавил оток. Лекарите ми рекоа строго да мирувам во наредните два дена и дека лигаментите се добри, а тоа е најважно“, вели Мојсовски.

Тој додаде дека сигурно ќе игра во Гетеборг, особено што тој турнир го чекал целиот свој живот.

„Нема шанса да го пропуштам турнирот во Гетеборг. Цел живот го чекам ова, ќе стиснам заби, ќе играм сигурно“, вели плејмејкерот на македонската репрезентација.
:cuc::cuc::cuc:
Душава ми се полни кога читам вакво нешто...
Еве по што се разликуваат МАКЕДОНЦИТЕ!
МАЛА ЗЕМЈА, ГОЛЕМО СРЦЕ!!
Ајде Македонијооооооооооооооооооооооооооооо!
 
А оти козла го викате?
2. Зла т 1.ко ---> Козла... е сега не знам зашто му фали буквата Т :)
Инаку Темелков играше ужасно на првиот контролен меч, да го видевте не знам дали ќе мислевте дека ни фали. Тоа е кога играш за неквалитетна екипа, во неквалитетна лига, малце посериозни мечеви и ете ти повреди.
 
Аплицирајте за карта за Гетеборг



Агенцијата за млади и спорт и компании спонзори- пријатели на ракометот, организираат бесплатен аранжман за проследување на натпреварите на македонската ракометна репрезентација на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Лондон, кој ќе се одржи во Гетеборг, Шведска од 6 до 8 април 2012 година, информираат од Агенцијата за млади и спорт.


Лицата кои сакаат да конкурираат за избор преку методологијата на лотарија, треба да поднесат електронски пријави на web страната www.ovaemakedonija.mk каде постои унифициранa апликација за конкурирање.
Во рамките на апликацијата на пријавата, заинтересираните лица треба да ги поднесат следните податоци:
-име и презиме
-број на патна исправа-пасош(задолжително е поседување на биометриска патна исправа)
-контакт телефонски број
-email адреса


http://www.kurir.mk/sport/rakomet/66440-Aplicirajte-za-karta-za-Geteborg
 
Најпрво мислев Козлина така го викате ама си вика што бара Козлина со МКД репрезентација, па после сватив дека е за мојсо :)
Тоа е па нешто што ме чуди, зошто тој не игра за Словенија?? Оти супер играч е, ме чуди како Словенците не го викаат во репрезентација...
 
Тоа е па нешто што ме чуди, зошто тој не игра за Словенија?? Оти супер играч е, ме чуди како Словенците не го викаат во репрезентација...
Играл порано за Словенија и веројатно повторно ќе почне да игра наскоро.
 
Кој ќе се нервира сеа со Митков во одбрана:facepalm:
Ако се менува Кире со Митков,ќе треба да играат Козла или Гоцката нон-стоп во одбрана во одбрана...
Се нарушува цела концепција во одбраната,посебно на чувањето на противничкиот лев бек,не е исто на него да излегува левак и играч со десна рака....
Добро е шо немаат противниците некои класа леви бекови,се надевам дека нема олдтајмерот Перез да не разбие....:D
 
Мислам време е, тие што немаат да си ги вратат македонските аватари.:D. +1
Не го ни тргнав од тогаш! Уште си стои зверот!:D


БтВ
Ви текнува на батево?
350x.jpg

Епа гадно се повреди и нема да игра за Шведска на турниров,Унгарците исто така загубија битен играч...така да не може да се жалиме тоа е тоа се случува.Може да бидеме среќни што Кирца не ни го плеснаа..
 
Реално да сум на место на Георгиевски ке си го прашам да играм. Како навивач би сакал да игра бидејки е две класи над Мојсовски З., но да сум на негово место не играм. Што е тоа кога ке му дојде јајцето на газот на овој дибекот тогаш го вика, а Златко кој му е резерва во Металург го вика уште на првата прозивка. Па ради тие батини и татини синови неможеме квалитетот да го прикажеме во ниеден спорт. Срамота.

Инаку за турнирот имаме шанси доколку дојде Георгиевски, а со Златко покрај и во одбрана и во напад ке имаме дупка т.е. ке играме цел меч со играч помалку или ако му се даде топка обавезно престап. Незнам како се останатите но оние од Металург се доста паднати во форма. Посебно Мојсовски и Миркуловски кој ни се играчи за кој немаме замена. На Мојсовски му удри изгледа славата во главата па во Металург многу шутираше од неизградени позиции, а Миркуловски прави многу ( во последниот дуел со Загреб посебно ) технички грешки. Срека што во репрезентацијата главен е Кирче па може да ги плесне по една пред утакмица доколку не слушаат. И сакам на пивот да го видам Марковски и висок и крупен и мислам дека заедно со Стојанче ке бидат убиствени за противниците. Но сепак ке видиме што ке измисли Шундовски она Лазаров де...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom