Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не знам дали постој подебилно нешто од да се повреди играч на контролна утакмица два дена пред најбитниот настан во кариерата (не зборам само за нашите и не зборам само за ракомет) Па добро да му се сневиди,играте за да уиграте тактики,не за медаља и десет кубици дрва. Ако не се осеќаш спремен,ич не влегвај,ако тој шо те чува постојано те фаулира избегнувај дуели... не знам дали Марфи е крив или на Шундо толку му сечи...нешто е...
 
Селекторот Шундовски сега останува само со еден играч (Златко Мојсоски) на десната крилна позиција, а се очекува дополнително да биде повикан Гоце Георгиевски од Металург.
Наумче Мојсоски кој се жалеше на болки во десното колено, по прегледите се утврди дека не станува збор за посериозна повреда и ќе биде подготвен за настап во Гетеборг.
http://www.time.mk/read/c95994dfc3/680a0daddc/index.html
 
Не се знае дали Гоце и ќе прифати ако го повикаат. затоа што многупати досега зафркнаа играчи, ќе го повика на квалификации играчот ќе даде придонес а на самите првенства ке ги исклучат од составот.

Ќе прифати Гоце ако биде повикан, не верувам да одбие, мислам дека едвај чека, сега мора Шундо шанса да му даде.
 
Незнам зошто ама без Темелков ми се чини дека ги губиме шансите за Олимпијада :confused:
Несакам да кобам, али искрено мислам дека ќе заебеме работа во Шведска. Тимовите нема веќе да не потценуваат, нема да не гледаат кко аутсајдери туку ќе бидат добро погдотвени за предизвикот.
Крилата покажаа дека се очајни во овој период. Може само Манасков да задоволи.
Ќе речете нема да се забележи отсуството на Темелков, ами кој ќе ни игра одбрана сега :eek:
Може Гоце е добар за во напад, ама за одбрана и јас можам да зииграм подобро од него... :facepalm:
За Козла не ми се трошат ни зборови...
Миркуловски е вон форма, Мојсо 50-50, останува само да се молиме дека Кире ќе не спаси :cuc:
Ќе игра Мите Стоилов? Ако не планира да го игра зошто едноставно не го земе Кукоски во составот :unsure:
 
И мене ми е појше за во одбрана за Темелков, изгра многу јака мушка одбрана на важна позиција. Сега решението пошо и Георгиевски и Манасков играат крилно у одбрана е Кире да игра одбрана или па Миркуловски да игра напад одбрана... Не верувам дека до толку може да ротираме одбрана-напад иако знаеме дека ни Унгарија а ваљда ни Бразил не играат брз центар, за Шведска незнам.
 
Со ова ни се сјеба цела одбрана.Кире мењаше места со Темелков,за да не се прават многу измени бидејќи и Мојсо и Стоилов не се некои одбрамбени играчи.Вака ќе мора пола екипа да ја мењаме одбрана напад.
Башка што најверојатно прво крило ќе биде Златко Мојсоски.Дај ми мене да изиграм подобар ќе бидам од него иаку сум десњак (ко Радуловиќ со десна пунам од десно,нека ви кажат овие од Кајгана ракометарите :P). Ај и шутче нема некое лошо,добро изведува седмерци,али скок и брзина има како 60 годишна баба (кога трчка како да маршира).Плус ако нема 5 метри место нема шанси да влезе да шутне........
Георгиевски е напаѓачки подобар,али и он е труп во одбрана.Во споредба со Златко бољи е во нападот,али и он е подпросечен играч.......
--- надополнето: 2 април 2012 во 20:58 ---
Додуше може Алушевски да се мења со Мојсо на крило во одбрана,а само Кире и Столе да излагаат.Али пак по таа лева страна со вакви трупови ќе им се изнаигра левата страна на противниците.
 
оф, оф, оф... ќе не бушат од лев бек... :place:

без претерување, али сериозно, одбраната ни е сега мнооогу послаба, незнам кој може да игра на неговата позиција, доколку Велко се префрли таму у средина ќе остане дупка... Гоце нема шанси да игра толку јака одбрана, како прво не е толку снажен како Темелков, второ - многу малку искуство... Кире ако игра ќе биде ризик, заради исклучување...

голема штета...
 
Е сега тука доаѓа до израз квалитетен тренер кој ќе знае да направи анализа и тактика како да се замени темелков а тоа да не се осети во играта и резултатот.
 
Ја би ја поставил

Георгиевски---------------------------------------------------------------------- Наумче

-------------------------------Маркоски----- Јоноски------- Алушевски
-----------------------------------------------Миркуловски (или обратно со Маркоски)

А може и 6-0 сите на линија,оваа истата постава.Само Кире/Наумче и Стоилов да се мењаат во одбрана - напад.
Штета што немаме пикер што знае и во одбрана да изигра.
 
А кој е овој Козла што го спомнувате??

Исто што бидна со Левов, уште ли е во составот?
 
Е баш ми е криво. Темелков ептен некако даваше свежина во нашата игра, ептен позитивен лик ми беше во репрезентацијата. Затоа реков претходно, тоа што другиве не играат со нивните најјаки не значи ништо, под итно да се анулираат недостатоците и да се работи на јака одбрана.
 
А кој е овој Козла што го спомнувате??

Исто што бидна со Левов, уште ли е во составот?
Козла=Златко Мојсоски...

Левов го одби повикот, бидејќи не се чувствувал подготвен да игра во репрезентацијата во моментов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom