Бидејќи прашањето за кој ќе биде нов шампион и претставник во ЛШ е 95 % познато откако Вардар забележа максимални 5 победи во пролетниот дел, а Металург само една, решив да се позанимавам со нашите можни противници на лето. Поради долгото петгодишно отсуство од европските натпреварувања, Вардар има ужасно низок коефициент (1.133) и ќе ја добие улогата на неносител во втората квалификациона рунда, однесува го очекува потежок пат во обидот да продолжи понатаму. Но Вардар не би бил Вардар ако не е способен да направи изненадување
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Листата на противници со кои може да се сретне Вардар е горе-доле дефинирана, па не е лошо да се упознаеме со можни препреки. Како такви се издвојуваат:
1. ФЦ Базел 1893 Швајцарија со коефициент 53.36 (има предност од 14 бода во првенството);
2. ФЦ Бате Борисов Белорусија 29.641;
3. ФЦ Салцбург или СК Рапид Виена Австрија 29.225 /12.225 (разликата е 1 бод);
4. ГНК Динамо Загреб Хрватска 24.774 (предност од +15 бода);
5. МСК Жилина / СК Слован Братислава Словачка 14.974 / 7.974 (1 бод разлика);
6. ФК Партизан Србија 14.35 (предност од +6 бода);
7. Хелсингборгс ИФ Шведска 12.68;
8. Легија Варшава / Рух Хоржов / Сласк Вроцлав Полска 11.983/ 4.983 / 5.483 (45:44:42);
9. ПФЦ ЦСКА Софија Бугарија 10.35 (+7 бодови предност);
10. ФЦ Шериф /
* ФЦ Дачија Чашинау Молдавија 9.849 / 3.349 (2 бода разлика)
11. Дебрецен ВСЦ /
* Ѓер ЕТО ФЦ Унгарија 7.95 / 3.45 (4 бодови разлика);
12. НК Марибор Словенија 6.424 (+16 бодови предност);
13.
ФК Вентспилс Латвија 5.674
14. Слован Либерец / АЦ Спарта Прага Чешка 5.57 / 25.57 (2 бода разлика);
15.
ХЈК Хелсинки Финска 5,326;
16. АЕЛ Лимасол / АПОЕЛ ФЦ/ АЦ Омонија Кипар 5.099 / 33.599 / 9.099 (61:59:57);
17.
ФК Екранас Литванија 4.875.
* Доколку во Унгарија шампион биде Ѓер ЕТО ФЦ, улогата на носител ја превзема ФЦ Зестафони од Грузија со следен највисок коефициент од 4.733;
* Доколку во Молдавија шампион биде ФЦ Дачија Чашинау, улогата на носител ја превзема
Шамрок Роверс ФЦ од Република Ирска со коеф од 4.475.
Напомена: Тие со црвена боја се официјални шампиони во своите држави.
Епа момци, тоа е тоа! Со мала среќа во ждрепката и неколку квалитетни засилувања, има реални шанси да се пројде тоа второ коло. Секако доколку се избегнат екипи како Базел, БАТЕ, Динамо, Партизан, ЦСКА Софија, кипарските екипи и слично. Хелсингборг, Марибор, Венстпилс, ХЈК Хелсински и Екранас се посакувани противници за оваа фаза според мене. Со поминување на второто коло, Вардар добива можност за уште минимум 4 натпревари во европските купови. За оваа година, јас лично би бил задоволен со таков развој на настаните.