Изјавиве му се која од која веќе. Абе покажи со прст кон виновникот, кој и дае, па нека се замисли, нека работи 10 пати понапорно, за следниот пат да не му се случи пак истото. Друго е кога си шушкаат сами во соблекувална, друго е кога ќе го етикетира јавно - психата е јака работа.
Инаку вакво нешто беше и очекувано. Играчите на Арсенал се сепак луѓе, а не роботи. Тоа е тоа што го зборам, дека не е возможно човечки да се издржи овој напор да ги чистиш го*ната од цела сезона во последните 10 утакмици. Физички е неиздржливо па кој сака нека е. Читам РвП не бил нешто во форма - абре човекот се растури од голови давање и се скапа од играње, без пауза (добро можеби една или две утакмици паузираше) и нормално е да попушти некад - му треба одмор. Затоа се потребни достојни замени, а не кикиритки од 5000 фунти, кои неможат две подавања да спојат, а камо ли гол да дадат.
Момците се мање-више супер, но од 11-13 души се бара да играат цела сезона и да бидат екстра. Се бара од истите откога ќе им го изреметат тимот со еден куп деца, да почнат од старт на сезона да играат ко да играле заедно десет години. Ај важи!
Дали денеска влегоа лежерно (што не верувам бидејки Арсенал увек губи од пацери а не од јаки тимови), дали се заморни или што незнам, знам единствено дека Арсенал има потенцијал и тоа многу голем ,што се виде минатите неколку натпревари, но потребен е стабилен тим, уигран тим и солидни замени.