Алтернативни горива за загревање

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Деновиве, се чистат и кастрат дрвата и дворовите од гранки и гледам исфрлено огромно количество гранки. Се мислев да имам некаква дробилка, да се иситнат тие гранчиња, би можеле да се складираат за зима.
Најдов една на YouTube, ама ми изгледа скапо и многу ситно ги сече, речиси ги меле.
Еве што најдов: http://www.youtube.com/watch?v=iQ0kL1PCKRo
Дали имате информации за нешто вакво, но да ги сече покрупно ?
Дали може нешто вакво и сами да направиме ?
друже, ова е за да се добие материјал за брикети или пелети. да се направи ова лесно е и не е бог знае што, ама не ти се исплати да произведеш ваква машина за лично свои потреби... колку години ке треба да се грееш со отпадоци од гранки за да ја вратиш оваа машина а богами и онаа што ке ти ги прави брикетите или пелетите? 15-20 години?

што се однесува до покрупно сецкање има евтино решење и универзално за повеке потреби е:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
што се однесува до покрупно сецкање има евтино решење и универзално за повеке потреби е:
Не бива за тоа секира... Вечерва поминав низ населба Пролет. Во улицата во правец на влезот на Феријален дом има една мала колонијал продавница. Позади продавницата имаше еден куп гранки паднати од дрвата кои веројатно Паркови и зеленило ги собрало. Можеби има повеќе кубици.. Тоа се ситни гранки и секира тука не помага. На филмови сум гледал дека во САД таков ситен дрвен одпад го дробат секој сам во својот двор за да го фрлат.
На повеќе места сум видел и гранки исечени од жива ограда.
Мислам дека ме разбираш за какви гранки се работи.
 
сега те сконтав... тебе не ти е директно и стриктно само за ДРВО туку општо за БИО материјал...

друже, не да сум размишљал на оваа тема немаш појма... премногу е временски ако идеш со рачен алат (за да биде исплатливо) или премногу е скапо за да биде брзо со машини...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
друже, не да сум размишљал на оваа тема немаш појма...
Сите знаеме дека е така и затоа посебно ги почитуваме твоите постови.
Гранките, што ги спомнав во претходниот пост, сега ќе ги носат во Дрисла, а тоа ќе бидат повеќе тури. Или, веројатно си забележал, ако некој кастри жива ограда со гранките ќе наполни неколку контејнери. Тие се кабасти и со нив тешко се манипулира.
Кога некако би се иситниле, би било полено за транспорт, а можеме да ги оставиме на земјиштето да изгниат како ѓубриво. Или, што нас не интересира, да ги собереме во вреќи и зимно време да ги користиме како гориво.
На YouTube најдов нешто за ваква машина. Не ми изгледа многу сложено. Какво е твоето мислење? Спотот трае нешто повеќе од една минута.
http://www.youtube.com/watch?v=se62EZurO8Q
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703

ко што ти кажа kano-eко- systemi.. сигурен сум дека едно на 150-200 поинвентивни во Македонија им паднало ова на ум, посебно кога ги гледале куповите прачки после кроење на лозјата и дрвата или пак паднатите гранки по шумите, знам некои кои и прилично подлсбоко го елаборирале случајот. Но ако така гледаш, знаеш ли која отпадна енергија оди под небеса над една железара на пример или, дури и во една индустриски неразвиена вукојебина како Македонија,.............. од разноразните поголеми топлински инсталации.
И тоа топлинска енергија за која не треба ПАК ДА СОГОРУВАШ кислород, кој очогледно сите уште мислат дека ги има и ќе го има вечно..бидејќи наводно се обновува..:)
Со гранкиве може, но не со вакви микро инсталации, а мислам исто дека, сега бесплатната суровина ќе стане скапо платна.., штом многуте бирократски ајљази видат дека ти всушност правиш пари...ќе ти се обесат на врат и ќе потонеш. Немаат тие стрпливост да си ги земат својот дел како данок кога ќе почнеш да трошиш;) ...и се веднаш оди во зоната на неисплативо.
 
Еве како јас резонирам
Огревното дрво чини околу 5 денари за еден килограм. Вакво алтернативно гориво би можело да се користи ако чини помалку од 3 денари за килограм и тука нема место за некоја заработка. Едноставно тоа е можност, со самостојна работа да се рекреираме и заштедиме некој денар.
Ако секој сам собере во текот на летото тон или два вакво гориво, сам го подготви, сам ја прилагоди печката за користење на вакво гориво, може да заштеди 5 или 10 илјади денари. Тоа не е многу, но зошто да не го направиме тоа кога имаме слободно време. Затоа треба да бараме начин со мали и прирачни средства да го постигнеме тоа.
Вакви работи има во Европа, но таму државите дебело ги помагаат. Кај нас ниту има пари, ниту има волја за таква помош, а не верувам дека во догледно време ќе се смени работата.
 
друже... државата не само то не помага во ова поле туку не помага наму кај што треба... поготово со последниов ПРЕДЛОГ закон што го крчкаат за (не) исклучување од топлификација...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.286
јас уште чекам за тоа печката на семки некој спецификации.
ајде ке дојди зимата пак:)
 
Член од
14 јануари 2012
Мислења
2
Поени од реакции
0
Е вака, здраво на сите најпрвин и баш се интересирав околу котли на семки од овошје во последно време и еве налетав на темата тука.

мкд владе, кај нас сум видел котел на семки од цреши или нешто слично и прилично фино изгледа, котелот е ист како и за пелети, значи истиот систем, комплет со дневниот резервоар и голем сезонски.
Вакви котли на интернет може да се најдат, а најактивни се италијаните во производство на овие решенија.
Сега ме уверуваа дека има доволно семки кај нас, а во најлош случај ако нема ќе може да се грееш на пелети бидејќи опремата е иста.

За загревања на куќа од 200 м2 по уверувањата на инсталатерот не би требало да бидат потребни повеќе од 200 еур./год. но мене ми изгледа како бајка !!!

Е сега доаѓаме до делот со цената, за овој систем комплет би требало да се издвојат околу 10.000 евра. Знам дека звучи поприлично, но на некој може и да му биде исплатливо, па ме интересира дали некој од Вас се грее или се греел на овој вид гориво и какви се впечатоците и искуствата?

EDIT: Еве некој податок што го најдов на нет за семките:
- Семки од цреши/сливи: 3,4 kWh/kg (цена во Бугарија 102 €/тон)
- Дрвен чипс: 2,6 kWh/kg (цена во Бугарија 60 €/тон)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092

Илија Серафимов, користејќи нова технологија, од отпадната слама прави огревни брикети

Илија Серафимов случајно разбрал дека од слама можат да се добијат брикети
Земјоделец од Пробиштип нашол начин да заштеди енергија
Со обработка на сламата, која повеќето земјоделци ја гледаат како отпад од кој не знаат како да се ослободат, младиот индивидуален земјоделец Илија Серафимов од Пробиштип нашол начин како да заштеди енергија, но и пари.

Користејќи нова технологија, тој од отпадната слама прави огревни брикети. Серафимов вели дека првичната инвестиција и не е така скапа, а придобивките се повеќекратни, исто и заштедите.
- Идејата ја добив буквално од мака. Јас се занимавам со производство на житни култури и порано отпадната слама ја палевме. Но со донесувањето на Законот за забрана за палење стрништа, ваквата можност повеќе не постои, а јас се соочив со огромен проблем - како да се ослободам од сламата. Тогаш, случајно разбрав за можноста од неа да се направат огревни брикети и решив да инвестирам - вели Серафимов.

Исплатлива инвестиција

За да ја реализира оваа идеја, тој морал да инвестира 12.000 евра. Со парите набавил машина со капацитет од 60 килограми брикети на час.

- Јас обработувам околу 40 хектари површини под житарки и од нив по секоја жетва остануваат околу 100-120 тони слама. Мислам дека машината за моето производство е доволна, всушност и капацитетот на машината е планиран токму за домашно производство - вели Серафимов.

Тој вели дека засега произведените брикети се исклучиво за лична употреба, но доколку има интерес за нив, можноста производството да се прошири и за продажба не е исклучена. Брикетите од слама уште се нарекуваат и златен јаглен и имаат енергетска вредност од 15,5 до 17 мегаџули по килограм.
Поедноставно кажано, еден тон брикети од слама ослободуваат енергетска вредност колку 3 кубни метри дрва за огрев. Во исто време, нивната примена е многу поедноставна, поеколошка и, секако, неспоредливо поевтина.

Брикетирањето на сламата, освен индивидуални, носи и пошироки бенефити. На овој начин се подобрува енергетската ефикасност, се намалува емисијата на штетни гасови, се зголемува употребата на биомаса, што е дел од барањата што Европската Унија ѝ ги постави на државава во делот на заштитата на животната средина.

Поддршка од фондови

Токму овие предности во производството на брикети од слама биле пресудни Серафимов да ја набави машината за брикетирање, благодарение на финансиската помош од програмата „Цепрос ард“.

- Најнапред стапив во контакт со хрватска фирма што се занимава со искористување обновливи извори на енергија, односно агроенергија. Потоа, преку Федерацијата на фармери дознав за програмата „Цепрос ард“ и за нејзините конкурси за финансирање токму вакви проекти поврзани со искористување обновливи извори на енергија. Конкурирав на тој конкурс и мојата идеја за произведување брикети од слама беше добро прифатена, па за нејзина реализација добив помош и од нив - изјави Серафимов.

Користењето на овие брикети е повеќенаменско, и освен во домаќинството, тие можат да се користат и за загревање штали, оранжерии и индустриски погони, но повеќето земјоделци во источниот дел на државата за ваквата можност не знаат. Ова, секако, зборува за неинформираноста на земјоделците, но и за неискористеноста на овој природен ресурс.

Инаку, во источниот регион има околу 30.000 хектари под житарки, од кои се добиваат околу 30.000 тони слама. Оваа слама, и покрај забраната, засега се пали, но доколку се преработи и искористи за загревање, таа ќе замени околу 100.000 кубни метри дрва.

Идејата ја добив буквално од мака. Јас се занимавам со производство на житни култури и порано
отпадната слама ја палевме. Но со донесувањето на Законот за забрана за палење стрништа, ваквата можност повеќе не постои, а јас се соочив со огромен проблем - како да се ослободам од сламата -
Илија Серафимов
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=52212939159&id=10&prilog=0&setIzdanie=22586
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
EDIT: Еве некој податок што го најдов на нет за семките:
- Семки од цреши/сливи: 3,4 kWh/kg (цена во Бугарија 102 €/тон)
- Дрвен чипс: 2,6 kWh/kg (цена во Бугарија 60 €/тон)
102 €/тон e многу скапо. Огревно дрво кај нас е околу 2500, а тоа е половина тон.
Инаку семки можеш да согоруваш и во обична печка од сите типови,
Тие печки што ги спомнуваш се за механичко ложење, затоа се скапи.
За дрвен чипс, прв пат слушам, ако можеш објасни
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.884
Поени од реакции
23.286
102 €/тон e многу скапо. Огревно дрво кај нас е околу 2500, а тоа е половина тон.
Инаку семки можеш да согоруваш и во обична печка од сите типови,
Тие печки што ги спомнуваш се за механичко ложење, затоа се скапи.
За дрвен чипс, прв пат слушам, ако можеш објасни
зависи колку имаат калорична вредност. дрвото за споредба има некаде 900 килограм џул калории на килограм дрво.
пелетите и брикетите имаат над 3000, јагленот зависи од типот од 1500 лигнитот до 4500 камениот јаглен.
инаку еден кубик дрва по некоја математика зависи од дрвото треба да има некаде 900 кг( за ова не сум сигурен баш).
друга работа е што семките не е препорачливо да се горат во обични камини или шпориња. ако неконтролирано се ставаат може да доведе до прегревање и драстично смалување на работниот век на истите.
не гледам причина да не можат да се горат во сите видови на печки на пелети освем што со тек на време може да се јави нагризување на металните делови посебно на испустот ради корозивноста на истите. па така ако земиме дека коштаат 100 евра за тон а пелетите 200 тогаш и те како се исплаќа.
друг фактор е полжавот дали ке ги бери. за од цреши не гледам проблем, за поголеми или пошироки незнам дали ке ги собери, можи и да заглавува.
п.с дрвен чипс ти се дрвени деланки колку чипс. за нив треба специјални печки кои работат на био маса. нив начинот на кој се става горивото им е поинаку изведен.
инаку уште јас си чекам спецификации за таа печката.
 
Член од
19 декември 2009
Мислења
132
Поени од реакции
38
Онака на брзина ја прошалтав целата тема, различни и интересни размислувања, ама не знам колку се размислувало за тоа:КОЕ ДРУГО ГОРИВО освен дрвата и течните горива е достапно доволно ка нас.
Тоа од аспект(знае Владе) дека работам со производство на компост за печурки И: кога дојде време за кпување на профи метод СЕ РАКОВОДЕВ ОД КОМПОНЕНТИТЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ СТАВАТ ВНАТРЕ(во базата пилевина)
ДА ГИ ИМА, ДА СЕ ДОСТАПНИ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ О- КО -ЛУ МЕНЕ.
--- надополнето: 22 мај 2012 во 21:09 ---
Семки од цреши?
Убаво ама а сеа барај, терај некој да ти ги собира, која фирма е спремна да ти го преуреди делот на преработка на плодовите и да вметне линија за собирање, сушење, складирање, пакување на семките.
Имам личен пример кога од Радика побарав да ми се издвојува непечен гипс и го добив ама еднаш и никогаш повеќе.(направиле стоп на линијата црпнале од лентата и ми пратија).ИМАЈТЕ на УМ такво нешто.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
п.с дрвен чипс ти се дрвени деланки колку чипс. за нив треба специјални печки кои работат на био маса. нив начинот на кој се става горивото им е поинаку изведен.
инаку уште јас си чекам спецификации за таа печката.
Кога ќе добиеш спецификација, те молам да ја ставиш на страницава.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom