Облог меѓу Британците и Австралијците
Спортското ривалство меѓу Велика Британија и Австралија зема замав и во пресрет на овие Олимписки игри. Така, британскиот министер за спорт Гери Сатклиф и неговата австралиска колешка Кејт Елис смислија интересен облог за да го направат следењето на настаните во Пекинг уште поинтересно.
- Станува збор за облог, и тоа за многу интересен облог. Доколку тие освојат повеќе медали од нас, јас ќе морам облечен во австралиски дрес да отидам на „Олд Трафорд“ и така да следам еден натпревар на мојот омилен тим Манчестер јунајтед. Чувството сигурно нема да биде пријатно, но облог си е облог. Доколку ние освоиме повеќе медали, австралиската министерка ќе мора да проследи спортски настан во англиски дрес, го потврди Сатклиф облогот со Елис.
Иако Британија по традиција е потрофејна земја од Австралија на Олимписките игри, пред четири години во Атина Австралијците беа поуспешни од своите лути ривали. Тогаш Австралија освои 17 златни, 16 сребрени и 16 бронзени медали, додека Британците немаа успешна олимпијада, освојувајќи девет златни, девет сребрени и дванаесет бронзени медали.:helou: