Мачорка
Shining Star of Paektu Mountain
- Член од
- 25 февруари 2011
- Мислења
- 1.955
- Поени од реакции
- 12.543
Да, мажите измислиле многу работи. Меѓу другото го измислиле и абортусот. А штом мажи го измислиле, тогаш мора да е добар? Нели? Нели?Најдобрите готвачи во светот се мажи.Детергентите за перење се измислени од мажи.Фирмата Procter&Gamble е основана од мажи.Машината за перење алишта, садови е измислена од маж.Ти сеуште мислиш дека мажите не готват, перат и чистат?Јас перам, готвам и чистам.
Зошто жените да неможат да копаат канали, вадат руда, градат згради, копаат нафта, градат мостови останува прашање.
Иначе, ако ти еден ден затрудниш, слободно роди, никој не ти брани, исто како што ти немаш право да забрануваш абортус. До тогаш слободно измислувај прашоци за перење и омекшивачи.
А ова жениве се стварно глупачи. Со векови дремеле целосно неписмени, без право на глас, третирани како стока, и замисли, ништо не измислиле. А колку само иновации можеле да направат додека вареле манџа, и додека го метеле дворот, или додека ги чистеле флеките од гомна на гаќите на мажот. Глупави женишта!
А па со ова аргументов дека најдобрите готвачи во светот се мажи ептен ме утепа, в корен ме сроза. Ако ми веруваш од прееска плачам,никако не можам да се помирам со тој тажен факт.
Твојов аргумент со готвачите ептен има врска со темава и недвосмислено укажува на фактот дека абортусот треба да се забрани.
Другите аргументи против абортусот, исто така се одлични и ептен држат вода.
Абортусот треба да се забрани не поради тоа што тебе ти е жал за зиготот или нешто слично, туку за да порасне наталитетот кај Македонците. А кога тоа ќе се случи, сите наши проблеми ќе ги снема, невработеноста ќе исчезне, платите ќе рипнат до небо, струјата ќе поевтини, парното ќе биде гага, а од дворовите ќе блика нафта. А да забораив, и Солун ќе ни го вратат. Рај на земјата, исто како и Авганистан, Уганда, Бурунди, Конго, Сиера Леоне, Ангола, Сомалија и сите останати земји со висок наталитет.
И најбитното, Албанците нема да смеат да ни писнат, пошо благодарение на зголемениот наталитет ќе имаме на располагање војници кои ќе се борат за македонштината. Кога тие војници ќе се вратат, кој во ковчег, кој психофизички осакатен, ќе ги фрлиме како искористена тоалетна хартија. Тие своето си го направиле, ја извршиле мисијата поради која и дошле на свет. А терористите против кои се бореле ќе ги амнестираме и ќе ги поставиме за пратеници или министри, или во најлош случај во јавна администрација, а ако нема место ни таму, ќе седат дома и ќе земаат плати.
Сето тоа овозможено од нашите десничарски конзервативни политичари, чесни, доблесни и морални, исто како тебе.
Seems legit.
![Палец горе (y) (y)](/styles/default/xenforo/smilies/thumbsup.png)