Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Се слави на точната дата, тоа е 15ти Нисан - според еврејскиот лунарен календар.
Не ме разбра. Во годината 33 кога Исус го распнале тој ден имал дата според грегоријанскиот календар На пример 10 април 33 н.е. Зошто не се земе таа дата и не биде фиксна. точно пред 19ХХ години до ден може и до минута. Така е пропрецизно.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Не ме разбра. Во годината 33 кога Исус го распнале тој ден имал дата според грегоријанскиот календар На пример 10 април 33 н.е. Зошто не се земе таа дата и не биде фиксна. точно пред 19ХХ години до ден може и до минута. Така е пропрецизно.
Што се тиче мене, датата кога ќе се одбележува споменот за Христовото воскресение не е битна и ја одма би го усвоил твојот предлог зашто мислам дека е попрактичен, но сепак некои пред нас биле поромантично расположени и сакале да го одбележуваат тој ден баш онака како што било - денот по еврејската Пасха. И така е усвоено конвенционално и прифатено од мнозинството.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Не ме разбра. Во годината 33 кога Исус го распнале тој ден имал дата според грегоријанскиот календар На пример 10 април 33 н.е. Зошто не се земе таа дата и не биде фиксна. точно пред 19ХХ години до ден може и до минута. Така е пропрецизно.
Не се знае во која година е распнат, наверојатно е распнат во 35-36 година од нова ера (спрема историски факти)
 
M

Muranyi

Гостин
Не ме разбра. Во годината 33 кога Исус го распнале тој ден имал дата според грегоријанскиот календар На пример 10 април 33 н.е. Зошто не се земе таа дата и не биде фиксна. точно пред 19ХХ години до ден може и до минута. Така е пропрецизно.
За да се запази текот на настаните,претпоставувам.Симболично,нели распнат е во петок а воскреснал во недела.Мое логично размислување.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
За да се запази текот на настаните,претпоставувам.Симболично,нели распнат е во петок а воскреснал во недела.Мое логично размислување.
Го знам тоа тогаш сите празници би требало да се слават со фиксни работни денови. На пример ако Божик бил во например среда тогаш секогаш би требало да паѓа во средна а датата да варира. Смешно е едни празници да се слават по еден календар а други по друг календар. А незнам ни дали има точна дата во библијата за празникот. Се ми изгледа на голема каша попара.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
За да се запази текот на настаните,претпоставувам.Симболично,нели распнат е во петок а воскреснал во недела.Мое логично размислување.
Евангелијата не се слагаат ни во денот кога е распнат спрема едни, распнат е ден ПРЕД Пасха, спрема други ден ПО пасха.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Јован 9:1-3
http://www.mkbible.net/biblija/index.php

Исус не се согласува со твојот пост...

И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање.
2. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите родители, та се родил слеп?”
3. Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него.
И учениците Негови начелно беа во право: слепо родените и воопшто, луѓето родени со тешки маани, трпат туѓи гревови. Но, и Христос бил во право, затоа што конкретно, преку слепо родениот, Он ја покажал целата своја божествена способност за создавање, како што и најави(л), па така, како што Адам беше создаден од земја, така и слепо родениот доби очи, кои Христос ги создаде од земја, конкретно, од калта и плунката.

Прочитај ја главата бр. 9 до крај.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334

И римскиот император Веспазијан излекуваше слепило и болести. И тоа е видено потврдено и запишано од очевидци. Такит го запиша тоа чудо кога Веспазиан поминувајќи низ Александрија на патот за Рим беше замолен од еден слеп и еден сакат човек тој да ги излекува и тој со допир ги излекувал и двата.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Да, но кога Исус исцелувал, тоа било дело на Бог. Кога некои други исцелувале тоа биле демонски работи.

Прашај го Мики, тој еднаш две ноќи не спиеше обидувајќи се да направи дистинкција помеѓу Божјо и демонски исцелување.

На крајот пресече, само христијанските чуда се валидни, сите други се демонски дејанија.

:icon_lol:
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Да, но кога Исус исцелувал, тоа било дело на Бог. Кога некој други исцелувале тоа биле демонски работи.

Прашај го Мики, тој еднаш две ноќи не спиеше обидувајќи се да направи дистинкција помеѓу Божјо и демонски исцелување.

На крајот пресече, само христијанските чуда се валидни, сите други се демонски дејанија.

:icon_lol:
Можеби бог дава гаранција за исцелување. Ете на дедо ми требаше да му оперираат очи за перде, му рекоа дека не гарантираат ниту дека ќе биде успешно ниту дека нема да му се појави пакк за 5-6 години. Очигледно докторот беше преоблечен демон!! Да го оперираше бог, сега ко сокол ќе гледаше
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Bi sakal nekoj Hristijanin da mi odgovori na prasanjeto koe go imam postaveno bebroj pati.
Kako se gledase na trojstvoto koga Isus bese fetus vo majcinata utroba ? S.dvojstvo i bog fetus ?
Ili koga bese bebe. S.Dvojstvo i bog bebe ?
Ili koga bese mrtov na tri dena. S.Dvojstvo i mrtov bog ?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Soul,

како што би рекол мојот омилен професор: „На погрешни прашања, се даваат погрешни одговори„.

Ен настапуваш со произволни предрасуди, својствени за Твојата вера (каде Бог Е „еден„ како математичка единица а не Троедин-личносен Бог...) ем бараш некој да Те разубеди во Твоите погрешни претпоставки.

Имено, Бог Е Троичен: Отец, Син и Свет Дух. За да стане сличен на нас, Отецот Го испрати Синот во овој Свет. Во овој Свет, Синот се „материјализира„ преку човекот Исус, и така, Синот Божји и Исус Христос, станаа битие со двојна природа: Бог, преку Синот, а човек преку Исус.

Према томе, нит Бог Е „двајца„, нит Бог станал „тројца„ после раѓањето Исусово. Бог и понатаму Е Троичен: Отец, Исус Христос-Синот Божји Единороден, со/и Светиот Дух.

А за зачнувањето Исусово, сметам дека е најблаго речено, непристојно да се зборува...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
А за зачнувањето Исусово, сметам дека е најблаго речено, непристојно да се зборува...
Па не бара да опишиш во која поза бог ја оплодил Марија
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
И римскиот император Веспазијан излекуваше слепило и болести. И тоа е видено потврдено и запишано од очевидци. Такит го запиша тоа чудо кога Веспазиан поминувајќи низ Александрија на патот за Рим беше замолен од еден слеп и еден сакат човек тој да ги излекува и тој со допир ги излекувал и двата.
Веспазијан енд компани (Марко Аврелиј, Нерон, Диоклецијан...) се историски познати гонители на Црквата Христова. За разлика од нив, Христос не ја гонеше својата Црква, туку, преку Духот Свет, ја основа Црквата и се грижи за неа.

И конечно, дали Веспазијан воскресна? Настрана што праел чуда, оти чуда праеше и Саи Баба па сега е во прегратките од неговиот бог. А Саи Баба, за Црквата, беше уште еден од многуте „лажњаци„; кои Христос веќе ни‘ ги посочи како „волци во јагнешка кожа„.
--- надополнето: 29 март 2012 во 13:31 ---
Па не бара да опишиш во која поза бог ја оплодил Марија
Хм, постов Твој, совршено одговара на мојот погоре цитиран пост...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom