Навистина? Ај кажи ми каква форма има свеста? Во каква агрегатна состојба е? Штом велиш дека е опиплива, веројатно си ја пипнал? Ако си ја пипнал кажи каква е мазна ли, рапава ли?
На кој начин ја контролираш ти свеста? Дали тебе свеста исто те води како и кога си имал 5-6 години и дали на ист начин ќе те води после 20-30 години?
Луѓето што си веруваат на самите себе и внатре во себе трагаат по одговорите за својот идентитет, потекло, смисла и цел на постоење доаѓаат до најразлични одговори и заклучоци. Оттука следи дека погледот кон внатрешноста е крајно субјективен и не нуди некоја објективна вистина за „големите прашања“ и секој си верува во своите заклучоци до кој дошол повторно под влијание на еден куп надворешни фактори, медиумска пропаганда, последните филмови што ги гледал, па дури и под влијание на музиката што ја слуша. Затоа велам, и тоа е вера, и тие се верници, секој човек е еден вид верник во своите убедувања.