Soul,
како што би рекол мојот омилен професор: „На погрешни прашања, се даваат погрешни одговори„.
Ен настапуваш со произволни предрасуди, својствени за Твојата вера (каде Бог Е „еден„ како математичка единица а не Троедин-личносен Бог...) ем бараш некој да Те разубеди во Твоите погрешни претпоставки.
Имено, Бог Е Троичен: Отец, Син и Свет Дух. За да стане сличен на нас, Отецот Го испрати Синот во овој Свет. Во овој Свет, Синот се „материјализира„ преку човекот Исус, и така, Синот Божји и Исус Христос, станаа битие со двојна природа: Бог, преку Синот, а човек преку Исус.
Према томе, нит Бог Е „двајца„, нит Бог станал „тројца„ после раѓањето Исусово. Бог и понатаму Е Троичен: Отец, Исус Христос-Синот Божји Единороден, со/и Светиот Дух.
А за зачнувањето Исусово, сметам дека е најблаго речено, непристојно да се зборува...