Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене ли само ми се чини или и другите го имаат впечатокот дека повеќе антагонизам постои меѓу самите христијански деноминации, отколку меѓу било која христијанска деноминација и неверник кој ќе гори у пеколот:confused:
:P
 
Е ми, како инаку ќе имавме теми за дискусии....:D
И шо е интересното, ако сите кажиме дека се согласуваме едни сос други...:гик:
 
Само заборави да пишеш дека тој верува во нешто конкретно, нешто опипливо, нешто што може да го користи и контролира а не таму во некакви си прикаски и имагинации...

Навистина? Ај кажи ми каква форма има свеста? Во каква агрегатна состојба е? Штом велиш дека е опиплива, веројатно си ја пипнал? Ако си ја пипнал кажи каква е мазна ли, рапава ли?
На кој начин ја контролираш ти свеста? Дали тебе свеста исто те води како и кога си имал 5-6 години и дали на ист начин ќе те води после 20-30 години?

Луѓето што си веруваат на самите себе и внатре во себе трагаат по одговорите за својот идентитет, потекло, смисла и цел на постоење доаѓаат до најразлични одговори и заклучоци. Оттука следи дека погледот кон внатрешноста е крајно субјективен и не нуди некоја објективна вистина за „големите прашања“ и секој си верува во своите заклучоци до кој дошол повторно под влијание на еден куп надворешни фактори, медиумска пропаганда, последните филмови што ги гледал, па дури и под влијание на музиката што ја слуша. Затоа велам, и тоа е вера, и тие се верници, секој човек е еден вид верник во своите убедувања.
 
Tој напиша ..во самиот себе и својата свест...
...а самиот себе можеш да се допреш...

... а ти ко по обичај се фати само за еден збор, го вадиш од контекст и си ја почнуваш старата приказна...

...во твојота таканаречија реплика... некако ги заборави зборовите... конкретно, користи, контролира....

Оттука следи дека погледот кон внатрешноста е крајно субјективен и не нуди некоја објективна вистина за „големите прашања“

....е оваа реченица скапо ќе те кошта...:D...
...што ако таа твоја вистина што овде ни ја проповедаш е плод на нечии субјективни доживувања и заклучоци (кои и не мора да се точни..:D)..само ете така поради склоп на низ околности со текот на времето е своеволно или присилно наметната на голем број субјекти?
 
Можеби е така, но можеби и не е. Затоа треба да се истражи, да се трага по вистината. Ако Бог постои Тој не би се криел од искрениот и објективниот трагач по Него. Но прашање е колку од нас искрено и објективно го бараат Бог, или пак само си ја задоволуваат својата суета, его, се обидуваат да се направат паметни пред другите, се замислуваат над другите кои ги сметаат за заблудени, прости.
Библискиот Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат (милост, благонаклоност)
 
Све што барате е пред вашите очи и ништо не е скриено.
Бара оној што сака да присвои,а наоѓа оној што све ќе изгуби.

Библискиот Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат (милост, благонаклоност)
Тогаш прави според напишаното!
 
Можеби е така, но можеби и не е. Затоа треба да се истражи, да се трага по вистината. Ако Бог постои Тој не би се криел од искрениот и објективниот трагач по Него. Но прашање е колку од нас искрено и објективно го бараат Бог, или пак само си ја задоволуваат својата суета, его, се обидуваат да се направат паметни пред другите, се замислуваат над другите кои ги сметаат за заблудени, прости.
Библискиот Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат (милост, благонаклоност)

Добро е, напредуваме, и од тебе дочекавме да пишеш... Ако бог постои...:D:pos:
 
Тоа што не си христијанин, не значи и дека не си верник. Ти самиот тврдиш дека го следиш она што ти ги заповедува свеста. Значи ти веруваш во самиот себе, веруваш во твојата свест, веруваш дека таа те води правилно. И тоа е вера, и ти си верник. Доколку истражуваш ќе видиш дека многу од твоите верски гледишта се поклопуваат со новите Њу Ејџ религии, па дури и постарите источњачки религии.

Свеста и религијата имаат допирни точки, но религијата нема целосен удел во создавањето на свеста кај човекот, важната разлика.Свеста кај нас уште од раните години се формира благодарение на нашите родителите, придружувани од другите фактори во општеството како што сe: училиште, закони итн.
Ако говориш за тоа што го пишува во Библијата тогаш да, на еден начин таа дејствувала врз општеството но сепак, свеста не се формира од религијата.Религијата на еден начин зема учество али не е целосно вклучена во создавањето на свеста.
 
сакам да прашам зошто велигден секоја година е на различна дата дури некогаш и месец ? Благодарам
 
Датумот за Великден, се одредува според месечевите мени и според еврејската Пасха. Великден секогаш мора да биде после Пасха. Великден паѓа во распон од (4) април до (8) ма, мерено според грегоријанскиот календар.
 
сакам да прашам зошто велигден секоја година е на различна дата дури некогаш и месец ? Благодарам

Затоа што Исус воскреснал во неделата после Еврејската Пасха, а таа пак се паѓа на различен датум секоја година во нашиот (Грегорјански) календар, затоа што неа евреите си ја слават по еврејскиот лунарен календар.
 
незнаев дека Пасхата паѓа на различен датум, туку ми била заблудата,фала
 
Во „игра„ се пред се‘, наследните а неисповедани гревови од предците од новородениот човек, кој на свој грб, може да трпи се‘ што генерациски се наталожило како грев и ради така акумулираните гревови, човекот може да се роди со тешки душевно-телесни деформации.

Јован 9:1-3
http://www.mkbible.net/biblija/index.php

Исус не се согласува со твојот пост...

И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање.
2. И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите родители, та се родил слеп?”
3. Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него.
 
Затоа што Исус воскреснал во неделата после Еврејската Пасха, а таа пак се паѓа на различен датум секоја година во нашиот (Грегорјански) календар, затоа што неа евреите си ја слават по еврејскиот лунарен календар.
Зошто не се слави точно на датата која паѓал Велигден во 33 година кога настанот наводно се случил?
 
Се слави на точната дата, тоа е 15ти Нисан - според еврејскиот лунарен календар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom