Ај ако не ве мрзи да ми објасните се убаво околу мачкиве

Значи што смеат да јадат, дали има одредено колку пати дневно и сл. За нужда, што, каде, како, песок, глупости

За бањање дали има некој посебен шампон? или може со каков било, и колку пати пример месечно може да се бања.
За јадење ... можеш да купуваш специјална сува мачешка храна. Конзервите за мачки избегнувај ги бидејќи не содржат доволно хранливи состојки.
Можеш да му спремаш и домашна храна: Варен ориз со варено пилешко месо, риба од конзарва Сардина/Туна, павлака, јогурт.
Млеко избегнувај да даваш бидејќи често се случува да добијат дијареа од млекото.
Јас на моето маче му го полнам тањирчето скроз до горе со сува мачешка храна и му трае 7 - 8 дена, потоа кога ќе видам дека му е при крај храната од тањирчето повторно го полнам тањирчето скроз до горе.
Штом живееш во стан, веројатно нема да го пушташ надвор да шета, така што не би имало некоја си потреба од бањање на мачето бидејќи постојано ќе си седи дома и ќе си биде чисто.
Околу нуждата ...
Ќе си купиш од Пет шоп специјален пластичен сад за вршење нужда, исто можеш и од пазар да купиш некој леген.
Ќе го наполниш пластичниот сад со песок, јас просечно ставам околу 5 - 6 цм. песок во садот.
И ќе си купиш едно малечко лопатче и обавезно после секое какање ќе му го собираш изметот.
Специјалните песоци за мачки ја згрутчуваат урината и многу лесно е за чистење, со лопатчето малку ќе го протресеш пластичниот сад и ќе ја видиш урината како грутка и ќе ја собереш со лопатчето ќе ја фрлиш.
Штом живееш во стан, мора да користиш специјален песок за мачки бидејќи ваквиот специјален песок не дозволува да се шири непријатна миризба и како што кажав урината ја претвара во грутки со што го олеснува чистњето.
Доколку користиш обичен песок, многу ќе ти смрди и урината нема да се претвара во грутки и ќе неможеш да ја исчистиш.
Јас купувам песок од КАМ маркет, песокот е во портокалова амбалажа, неможеш да го утнеш само тој вид на песок се продава во КАМ, и песокот е одличен.