Мачки (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата faraon
  • Време на започнување Време на започнување
Им по пет шоповите ампули. Јас му земав на мојот, наредната недела ќе биде крваво (ќе го бањаме :D )па после тоа ќе му ставам од тоа :D Ќе го овековечам бањат, и ќе ставам слика :pos:
Научи го на купечка храна, гледам не е ептен мало. На мојот мачор од третата недела почнале да му даваат купечка храна, од онаа Вискас Џуниор :)
И избегавај млеко да му даваш.
Девојката што ми ја даде, ми рече ампулата да ја истурам на вратот позади за да неможе да го излиже тоа.
И на колку време треба да и ставам по една ампула? и дали нешо други вакцини глупости треба?
 
Не да ја истуриш ампулата, него капка по капка на вратот да и ставаш, мене така ми кажаа во пет шопот од каде што ја купив. Дејството им трае по 6 до 8 месеци, така да, 2 пати годишно треба да и ставаш:) И мора да биде бањато мачето, и 3 дена после бањањето да и се стави ампулата.
За други вакцини има ама незнам детално, мене вакциниран ми го дадоа :)
 
Морам да те корегирам, дејството на ампулата трае месец и пол за крлежи и 2 месеци за болви. Потоа нема дејство. Мачето, без разлика на својата возраст може да се вакцинира, но најпрепорачливо е после осмата недела. Тоа, за млекото си тотално во право, треба да се избегава, освен во случаи кога станува збор за разредено млеко, кое ја потопува мачешката храна. Чистото, кравјо, козјо или овчо млеко им прави проблеми со стомак, може да имаат и диареа, што не е баш пријатно ни за тебе а и ни за нив. Чистото мачешко млеко е пониско калорично од овие, а може да се рече и по разредено.

И уште нешто, малечко маченце се избегнува да се бања. Така да првата ампула, нема потреба да се стави на бањато. Ако седи цело време дома, нема ни потреба од ампула.
 
Оваа одлепи скроз :pos: место да пие дирекно вода од кутивчето, си ги брцнува предните ноџиња и после ги лиже :cautious: Друго..уште нема отидено по голема нужда, ваљда требаше барем еднаш да отиде. Ми се измоча 3-4 пати до компјутерот, и земав од мочката натопив на памук ја однесов во песокта и пак нејќе таму. Претпоставувам дека и се иде, почиња да гребе доле по подот и цивка (незнам зошо не мјаучи, чудни звуци испушта).
И почна да јаде од песокта за мочање што е, а најадена е.
После 5 ке ја носам на ветеринар да прими вакцина, па ке видиме што ке ми кажат :)
 
Морам да те корегирам, дејството на ампулата трае месец и пол за крлежи и 2 месеци за болви. Потоа нема дејство. Мачето, без разлика на својата возраст може да се вакцинира, но најпрепорачливо е после осмата недела. Тоа, за млекото си тотално во право, треба да се избегава, освен во случаи кога станува збор за разредено млеко, кое ја потопува мачешката храна. Чистото, кравјо, козјо или овчо млеко им прави проблеми со стомак, може да имаат и диареа, што не е баш пријатно ни за тебе а и ни за нив. Чистото мачешко млеко е пониско калорично од овие, а може да се рече и по разредено.

И уште нешто, малечко маченце се избегнува да се бања. Така да првата ампула, нема потреба да се стави на бањато. Ако седи цело време дома, нема ни потреба од ампула.
Незнам, мене во пет шопот ми кажаа дека дејството долго им трае од 6 до 8 месеци, а и луѓето што предходно го чуваа мојот мачор ми имаат кажано така. Ми дадоа всушност во шприц ептен малку течност и ми рекоа да му ставам капка по капка на вратот додека да се потроши. :)
 
интериер за мачките :pos:

cats_main1.jpg
 
Луѓе ве молам за помош! Мачорот мој закачил болви од негде, стварно не ми е јасно од каде, зарем е можно да фати кога надвор само во раце го изнесувам, никако не го пуштам да се шета :eek: И сега ако му ставам од ампулата ќе умрат ли болвите или ? Помагајте :confused:
 
Болви или крлежи? На вратот има? Јас под болви подразбирам вошки, а крлежи оние што се качат кај ушите и вратот.
 
Болви, му шеткаше една црна кај увото кога видов косата ми се крена. Значи, не е вошка, пошто знам вошките како изгледаат, ова беше во јајцевидна форма, и темно кафено накај црно. Кажујте што да правам, не е крлеж, крлежите се закачуваат на едно место и не шетаат по телото, ова е болва, шеташе брзо.
 
Само таа ја виде?
пробај рачно треби ги.Ако не успееш ќе купиш ампула.е сега заборавив како се викаше,и ќе му ставиш( ако нема )
 
Јас ја имам веќе ампулата, прашав дали ако му ја ставам ќе избегаат болвите од него? Оти јас мислам дека оваа ампула спречува фаќање на болви, а дали ќе ги истреби ако ги има, незнам, затоа прашувам.
 
Ондак немам искуство со такво нешто.. Ама сепак пробај фати ја со рака иначе тешко..
 
Јас ја имам веќе ампулата, прашав дали ако му ја ставам ќе избегаат болвите од него? Оти јас мислам дека оваа ампула спречува фаќање на болви, а дали ќе ги истреби ако ги има, незнам, затоа прашувам.

Мислам дека ова би требало да ти помогне да одлучиш ;)
http://www.1800petmeds.com/Frontline+Plus-prod10459.html

Како што разбирам, фронтлајн ампулата ги убива постојните возрасни единки и ларви, така да, ампулата би била идеална за уништување на болвата...Не е лошо да си прашаш ветеринар-колку што знам можеш да го однесеш и стручно да му бапнат една.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom