Ај ако не ве мрзи да ми објасните се убаво околу мачкиве

Значи што смеат да јадат, дали има одредено колку пати дневно и сл.
За нужда, што, каде, како, песок, глупости

За бањање дали има некој посебен шампон или може со каков било, и колку пати пример месечно може да се бања ?
Најубаво е да ја научиш да јаде мачешка храна. Мојот мачор е научен кога сака тогаш да си јаде, си има редовно во чинијата и кога му се јаде оди и си крцнува

. Немој да го учиш многу на млеко затоа што јас знам дека фаќаат глисти од него. Немој ни многу мрсна храна, затоа што една жена што работи во пет шоп кај нас во Велес ми кажа дека од мрсното може да отвара рани и да се чеша.
Песок има по маркетите, се купува, има еден што создава грутки кога ќе се измочка мачето, и потоа само грутката ја отстрануваш со нешто и ја фрлаш, ама е поскап и во тежина е помалку. Јас му купувам песок Миљор Гато со мирис на шишарка, 5 кг е, го троши месец дена најмалку и е околу 170 денари. Ставаш малку од песокта во некој пластичен сад, и како ќе кака ќе отстрануваш, мочките немораш да му ги вадиш оти така ќе треба на недела дена да купуваш песок. Остави ќе се исушат, купечката песок брзо се суши, плус ако му купиш ваква песок каква што купувам јас кога се суши ослободува мирис на шишарка, а има ист песок на Миљор Гато со мирис на Лаванда. Таков сеуште немам пробано

. И пази кога ќе кака секогаш веднаш да ги фрлаш каките затоа што потоа нема да сака да мочка ако има каки внатре и ќе ти направи беља на тепих или било каде
Храна исто му купувам Миљор Гато, особено онаа Коктел. Несакам од говедската да му давам, незнам зошто. Порано кога работев и имав повеќе пари му купував Кит-а-кет, поскапа е таа а во тежина се исто со Миљор Гато. За шампон ќе си прашаш во некој пет шоп, јас незнам затоа што сеуште го немам бањато, чекам да се стопли времето поубаво па тогаш. Обично се бањале по два пати годишно, иако може и воопшто да не го бањаш, тие самите си се грижат

И никако немој да го избањаш па да го пуштиш надвор. Едно така ни има избегано нас од дворот. Го избањавме, побегна и не се врати повеќе. Можеби и умре. И уште ова, ако зимаш маче стави му ампула против болви, ќе го држи околу 6 месеци, мака ќе немаш. Јас планирам деновиве да му земам на мојот мачор, околу 200 и нешто денари се.
Расно маче ќе зимаш или не ?
Ако те интересира нешто друго пиши, ако знам ќе ти кажам
