Формула 1 - сезона 2012

Член од
14 август 2010
Мислења
1.224
Поени од реакции
1.484
Еве како што сакавте - дожд на стартот
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Тамам се решив по 100 години да глеам формула пак ја прекинаја трката. Баш беше интересно со дождот :icon_mrgr:
 
Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Тоа е тоа...Алонсо (y)

Имаше добра стратегија, возеше сигурно, доволно брз беше и ете ја првата победа сосема неочекувано!
Многу пријатно изненадување Перез, Зауберот супер болид.
 
M

MrzaRules

Гостин
стварно не очекував дека Алонсо со Ферарито ќе успее да победи,гледајќи го Маса мислев дека Ферарито е очајно ама изгледа Маса е очаен....
 
Член од
16 август 2007
Мислења
1.934
Поени од реакции
1.678
Маса си е очаен уште еднаш го потврди тоа. Алонсо си ја искористи шансата што му се пружи. Ќе беше многу поинтересно да не му се дупнеше гума на Фетел бидејќи беше само 3-4 сек позади Хамилтон и пополека ја топеше предноста. Се надевав и на повисок пласман на Шуми, ама тоа.
п.с Сакавме дожд ама не до толку :icon_lol:
 
M

MrzaRules

Гостин
ама и Перез како се залета се мислев на крајот ќе стаса и до прво место ама најверојатно неможеше повеќе да го форсира болидот..
 
Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.022
Поени од реакции
637
Класа си е класа, Ферари(y)!. Алонсо одличен, Маса се повеќе тоне....
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Разочаран сум од денешава трка, ако воопшто и може така да се нарече.

Апетитот би ми се задоволил делумно ако Петер Заубер излезе до утре пред камери и каже дали кешот на Монтеѕемоло на 10 круга пред крајот, кога Перез беше на +0.9 од Шпионот, вредеше повеќе од првиот триумф на тимот после 2008ма во Канада. Патетично, цревата ми се обраќаа кога го слушав тим радиото : Alonso is on optional, be careful ..... We need these points .. И оп, пар прикочувања и ''случајно скршнување до патеката''.

Кога би имало правда, оваа инсајдерска постапка на Заубер би требало да се казни најригорозно. Сме биле сведоци и порано на тимски наредби, НО ВО ОКВИР НА ТИМОТ. Надвор од него, тоа е веќе сериозно го руши натпреварувачкиот дух на спортот. Поарно што си го скршив сонот и станав за да го видам ова, оти да ми кажуваа немаше да верувам.

Btw индиецот од ХРТ испадна the ultimate insader, ги остави и Батон и Себ без поени при високи натпреварувачки позиции. Осеќам ќе го праќаат по цигари и сончоглед до наредново ГП за да му го дотерат умот.
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228

Абе навивачи на Мекларен и Ред Бул само на тимските наредби на Ферари ви се гади, а на Ред Бул и Мекларен се му е дозволено така? Себастијан Буеми не вози поќе за Торо Росо ( братскиот тим на Ред Бул ) зато шо лани имаше наредба да го пропушти Вебер, а тој го задржа еден круг зад себе. Така да ова твоето дека само Ферари има наредби не ти држи вода. Секој од поголемите тимој си има свој помал тим, со исти газди, или го снабдува со мотори, и нормално е дека мора некако да му вратат.
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.409
Поени од реакции
428

А каде пишал човекот дека само ферари има тимски наредби? Или избришал во меѓувреме?

И шо е битно. Кој и да е би се згрозил ако е точно дека го сецнаа Перез.

А и ако е точно она за Буеми, тогаш оправдано е и Ферари да се користи со такви глупости?
--- надополнето: 25 март 2012 во 14:21 ---
И бад д веј, мислам дека Маса ја прикажува реалната слика за моменталните можности на ферари, а едноставно Алонсо е феноменален возач и ја поправа таа слика. Не можам да го смислам Алонсо, ама то је то.
 
Q

qazwsxedc

братче грешка имаш,алгуерсуари го задржуваше фетел,и сега алгуерсуари не вози повеќе.
 
Пишал дека се згрозил од Ферари заради наводниот кеш од Монтеѕемоло, па претпоставувам дека е навивач на Мекларен или Ред Бул, па мисли дека само Ферари работи со тимски наредби. Инаку јас како навивач на Ферари не се згрозив од то шо можи да беше договорена наредба меѓу Заубер и Монтеѕемоло, исто како шо никој навивач на Мекларен и Ред Бул не се згрозват заради нивните местенки.

братче грешка имаш,алгуерсуари го задржуваше фетел,и сега алгуерсуари не вози повеќе.
Можи да беше Аглуерусари, ама муабетот ми беше дека сите имат наредби, не само Ферари, а ова е доказ за то.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Абе навивачи на Мекларен и Ред Бул само на тимските наредби на Ферари ви се гади, а на Ред Бул и Мекларен се му е дозволено така? Себастијан Буеми не вози поќе за Торо Росо ( братскиот тим на Ред Бул ) зато шо лани имаше наредба да го пропушти Вебер, а тој го задржа еден круг зад себе. Така да ова твоето дека само Ферари има наредби не ти држи вода. Секој од поголемите тимој си има свој помал тим, со исти газди, или го снабдува со мотори, и нормално е дека мора некако да му вратат.
Буеми тебе да не ти е братучед, па он лично ти го има кажано ова :cautious: .... Немој да ме јебеш, шо би рекол Кили. Алгуерсуари зошто си замина од истиот тим, да не ја легнал сестрата на Фетел случајно, па овој се налутил.

Ако гледаш повеќе време Ф1, сигурно се сеќаваш дека РБ беше исто middle classed тим, како ТР што е денес. Лименките не се МекЛарен или Ферари, па да си играат ''држава'' со спортот ..
 
Член од
20 јули 2010
Мислења
909
Поени од реакции
2.228
Буеми тебе да не ти е братучед, па он лично ти го има кажано ова :cautious: .... Немој да ме јебеш, шо би рекол Кили. Алгуерсуари зошто си замина од истиот тим, да не ја легнал сестрата на Фетел случајно, па овој се налутил.

Ако гледаш повеќе време Ф1, сигурно се сеќаваш дека РБ беше исто middle classed тим, како ТР што е денес. Лименките не се МекЛарен или Ферари, па да си играат ''држава'' со спортот ..
Јас не го измислив ова за Буеми или Алгуерсуари, имаше видео од трката, каде газдата на Ред Бул в лице му викаше и му се налути, а и новинарите истото го рекоја.
Сите имат тимски наредби, сите најдуват некој нелегалности и сите играт валкано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom