Tи ако не се лажам тврдиш дека си психолог... или психијатар...
Што му препишуваш на верниците? Транекс? Амизол...
како ги лекуваш верниците
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:30 ---
Важно детето е живо
не заврши во медицински отпад. Што се некоја солза или непреспиена ноќ за живот на едно дете.
Стави спирала и шетај рает од бременост. избегавај да си сама со непознат, набави солзавец, тејзер, пиштол... застрелај го манијакот
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:34 ---
Од која држава ти пишуваш??
сите, ама баш сите случаеви на развод кои јас ги знам од мои познати завршија со детето кај мајката. Во еден случај, таткото со сведок ја фати жената во постела со друг маж. Се разведоа, мајката го зеде детео, таткото плаќа алиментација и си го гледа детето за викенд.
Јас не сум доктор и не можам никому ништо да препишам, психолог сум. Како таков, можам да дадам советодавна терапија, откако ќе завршам специјална обука. До тогаш сум психолог (психологија - наука за душата) и ништо повеќе. Психијатарот е доктор, а психијатријата има работа со пред се, органски болести кои го детерминираат психичкиот живот (како што е шизофренијата, на пример).
Од тој аспект, јас сите верници би ги пратила на хоспитализација, но не да ги лекуваат со фармакотерапија. Мислам дека бихевиорална сосема добро би дошла, како за почеток.
И се додека мислиш дека е ,,важно што е некој жив,, ќе живееме во мизерија од држава. Оти важно сите сме живи, што има везе што Ж од живот немаме. Се повеќе ми е јасно зошто луѓето ми се чудат што го сакам НГ. Опасно ви го испрал тој мозокот со рекламине.
И јас пишувам од РМ каде што, ако си најдеш соодветен бранител, ќе ти ги одбрани правата како татко. А твоите пријатели очигледно, немале доволно волја да добијат заедничко старателство (или веројатно добиле, но имаат мали деца кои природно се доделуваат на мајката, затоа што од неа, буквално им зависи животот до 5 година, таткото нема некоја голема улога).
--- надополнето: 24 март 2012 во 20:50 ---
А кој го тера ембрионот да живее надвор од мајката??
и ти нема да преживееш ноќ гол надвор во зима на минус 20. Дали тоа би ми дало право да те ликвидирам??
Не, затоа што тој веќе има свој живот.
Дали знаеш дека децата родени со огромни ,,фалинки,, на нервен план, не се прави ништо за да се спасат? Едноставно се раѓаат и ги оставаат да умрат. За пола саат, 1 ден, 5 дена. Ама умираат. Се мачат, зошто имаат болки. Не можат правилно да цицаат, да дишат, не можат да воспостават контакт со мајката, едноставно се ништо на психо-физички план, само имаат основни сетила за преживување (плач).
За нив не може ништо да се направи. Такви се родени. А јас би ги стрелала нивните мајки, море би ги одрала и би ги сушела на сред плоштад. Затоа што добро знаеле што ќе се случи по раѓањето, но одлучиле да не абортираат. Оти се ,,пожртвувани,,. Само што си ги подложуваат новороденчињата на неподнослива болка.
Ти не си способен да направиш дистикнција меѓу нешто што е биолошки паразит (фетусот, тоа не е) и човечко суштество. Ти јадеш месо, само затоа што телето е психички послабо од тебе. Ти живееш во град и узурпираш нечија животна средина, само затоа што си психички посилен.
Токму така е и со ембрионот. Псхички посилните бираат, ембринот нема свест. Да му дозволиш на кучето слободно да живее и да се развива, ти од пред мониторов, нема да излезеш надвор, ќе те искасапи глутницата. Ама се контролира бројот и поведението на кучињата, се разбиваат глутниците. Природно, не треба да се прави тоа. Ама се мора.
Направи врска со абортусот. Природно, не би требало да се абортира. Ама исто така, некогаш се има потреба од истото. Ти, пошто си многу природен, очекувам дека не купуваш месо од месара. Дека ловиш диви свињи со голи раце. Оти така е природно.