А и да те прашам како е можно ти како толку либерална особа која го подржува правото на сечиј избор, толку дрско се спротивставуваш на секој кој има поразлично мислење од тебе.
Ако ти не си лицемерна и цврсто се држиш до тоа дека секој има право на сопствен избор, зошто одма скокаш против сите што не се согласуваат со тебе и тоа пази, не дискутираш, туку напагаш, дрско се поставуваш,се палиш, одма бараш објаснувања, одма понижувања...
Имаш преголема потреба за докажување и просто не можеш да одолееш, да не искоментираш и нападнеш мислење кое тебе лично не ти се допага.
Ти мириса на лицемерие? Мене да.
Јас лицемерна? Ццц срамота.
Јас викам ПРАВО НА ИЗБОР Луција. Бремена си. Сакаш да родиш? - Роди. Сакаш да абортираш? - Абортирај.
Не е мое да ти судам.
Но мое е да кажам кога грешите, од најмалку, медицински аспект.
Психички аспект е многу подискутабилен, научниот си го кажал своето, без оглед на нашите аспекти од кои го гледаме проблемот.
Јас барам објаснување за тоа што го кажуваш (па затоа е ова форум...) твоето мислење ништо не вреди, ако не го кажеш, и не го објасниш.
Ако јас кажам ,,Јас сум ЗА абортус,, самата реченица повлекува прашања: ,,А дали си за абортус во 25 недела?,, ,,А дали сите ембриони би ги абортирала (никогаш нема да родиш),,... итн. Ако се вклучуваш во тема на форум, се вклучуваш и во дискусија. Ако не сакаш да те прашуваат и да бараат објаснувања, пишувај блог.
Јас никого не понижувам, напротив, никому не реков дека е глупак, макар и да го мислев тоа.
Ако науката вас ве понижува и ве омаловажува, тоа не е мој проблем. Ако сакаш да е мој проблем, јави се за 2 години и спреми си парички.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:13 ---
Тие се екстремни случаеви и законот ја штити жената. И во случај на брак, при развод, жената (мајката) ги добива децата а таткото е обврзан да плаќа алиментација. Мнооогу мажи се на некој начин оштетени затоа што од жената зависи дали и колку ќе си го гледа детето, утре жената ќе се премажи - ќе го однеси детето во нов брак, кај друг “татко“ во друга држава , на друг континент и можеби никогаш нема да го види и да сака.
Раѓање на дете , зачнување е одговорност и повеќе треба да се обрни внимание на спречување на несакана бременост одколку на абортуси. Значи ако жената не е сосем сигурна дека сака по секоја цена дете, си има начини да се заштити од тоа, па дури и од силување.
Не е вистина дека мајката добива старателство над детето. Добиваат двајцата старателство, со тоа што мајката може, а и не мора, да добие право детето да живее со неа до неговата 12 година, кога самото ќе реши каде сака да живее. Старателство се одзема доколку судот процени дека таткото/мајката не се способни да се грижат за детето.
Исто така, таткото го има секое право да не дозволи детето да мрдне од местото каде што живее со мајката. Без негова согласност не може да оди ниту на одмор. Ако мајката го однесе некаде без негова согласност, тоа се третира како киднапирање.
Во едно се согласувам. Треба да се обрне внимание И ТОА МНОГУ ПОВЕЌЕ на спречување на несаканата бременост, пред се, преку сексуална едукација уште во основните училишта.
Само едно објасни ми - како тоа може некоја да се заштити од силување? Секако, освен ако во моментот физички не е посилна од силувачот.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:16 ---
Се врати!
Љубав је јача и јас се ти простувам!
Абортус оправдувам кога медицински е потврдено дека бременоста е со голем ризик за мајката и(ли) плодот.
Абортус не оправдувам ни од причини на кариера, школовање, неспремност, планови, финансии па ниту силување (мислиш ембрионот во силуваната мајка му рече на татко му “тате, тате ај да ја силуеме онаа опнатата“ Животот што почнал да се развива и чиј конечен облик е човек, битие ако некој го прекинува е убиство. За да се спречи несакана бременост има многу начини. Сексуално активна жена која не планира дете моќе да е заштитена и со спирала (која ќе ја спречи бременоста и од силување) и со пилули и со кондоми и со дијафрагма и со свршување надвор... ЈАс не знам дека некоја забременила оти закажала спиралата, на дечкото и се скинал кондомот иако свршил надвор али ете му истекло малце и внатре а пилулата не делувала..... Таков случај можеби ќе има еднаш на 50 години во МК. Најчесто абортусите се од наивност глупост негрижа и неодговорност “ами тој рече ќе ме земе за жена...“ “Мислев дека сум во неплодни денови“, “Немаше кондом при рака“. За што? оти не можеа да одолеат на стаста, после отсрањуј ембриони. Заеби идно дете шо го абортирав, да видеше како свршив!!!
Дрн, дрн, дрн. Се е тоа јасно, но не поминува ,,не абортирај, греота е,,.
Него ти мене сега кажи ми, некако ми заборави.
Што правиме со инцестоидните плодови?
И зар не е права мајка онаа која ќе умре за своето дете? Па зашто да абортира ако и го загрозува животот бременоста? Нека роди и нека умре, плодот ваљда ќе живее.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:16 ---
Оф леле, добро де срцка биди ти попаметна, биди ти најпаметна, ти знаеш се, ок е признавам. Задоволна?
Можеби попаметна не сум, ама со сигурност сум поначитана. Не ми треба твое признание.