Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
И ти нема никогаш да се најдеш во состојба некој друг да решава дали твоето дете ќе се роди или не.
Ќе ти кажат “јас абортирав, ти се бендисва тоа тебе или не ич не ми е гајле ЈАС така одлучив“
Муабетов веќе го пројдовме али ај

Ако нема абортус, жената секако ќе роди, сакала - нејкела, ќе мора. Али, мажот пак ќе има опција да нема никаква врска со детето. Ако реши, никад у живот нема да го види, ни да го гушне, ништо.
Така, би требало (мада, мене тоа уопште не ми одговара) ако нема абортус, онда нема бегање за никого. Мора да ја земеш за жена, мора детето да има и татко и мајка. А тоа малце така, го поткопува целиот општествен систем.
Одговара?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279

Тие се екстремни случаеви и законот ја штити жената. И во случај на брак, при развод, жената (мајката) ги добива децата а таткото е обврзан да плаќа алиментација. Мнооогу мажи се на некој начин оштетени затоа што од жената зависи дали и колку ќе си го гледа детето, утре жената ќе се премажи - ќе го однеси детето во нов брак, кај друг “татко“ во друга држава , на друг континент и можеби никогаш нема да го види и да сака.
Раѓање на дете , зачнување е одговорност и повеќе треба да се обрни внимание на спречување на несакана бременост одколку на абортуси. Значи ако жената не е сосем сигурна дека сака по секоја цена дете, си има начини да се заштити од тоа, па дури и од силување.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
А и да те прашам како е можно ти како толку либерална особа која го подржува правото на сечиј избор, толку дрско се спротивставуваш на секој кој има поразлично мислење од тебе.
Ако ти не си лицемерна и цврсто се држиш до тоа дека секој има право на сопствен избор, зошто одма скокаш против сите што не се согласуваат со тебе и тоа пази, не дискутираш, туку напагаш, дрско се поставуваш,се палиш, одма бараш објаснувања, одма понижувања...
Имаш преголема потреба за докажување и просто не можеш да одолееш, да не искоментираш и нападнеш мислење кое тебе лично не ти се допага.
Ти мириса на лицемерие? Мене да.
Јас лицемерна? Ццц срамота.
Јас викам ПРАВО НА ИЗБОР Луција. Бремена си. Сакаш да родиш? - Роди. Сакаш да абортираш? - Абортирај.
Не е мое да ти судам.
Но мое е да кажам кога грешите, од најмалку, медицински аспект.
Психички аспект е многу подискутабилен, научниот си го кажал своето, без оглед на нашите аспекти од кои го гледаме проблемот.
Јас барам објаснување за тоа што го кажуваш (па затоа е ова форум...) твоето мислење ништо не вреди, ако не го кажеш, и не го објасниш.

Ако јас кажам ,,Јас сум ЗА абортус,, самата реченица повлекува прашања: ,,А дали си за абортус во 25 недела?,, ,,А дали сите ембриони би ги абортирала (никогаш нема да родиш),,... итн. Ако се вклучуваш во тема на форум, се вклучуваш и во дискусија. Ако не сакаш да те прашуваат и да бараат објаснувања, пишувај блог.

Јас никого не понижувам, напротив, никому не реков дека е глупак, макар и да го мислев тоа.
Ако науката вас ве понижува и ве омаловажува, тоа не е мој проблем. Ако сакаш да е мој проблем, јави се за 2 години и спреми си парички.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:13 ---
Тие се екстремни случаеви и законот ја штити жената. И во случај на брак, при развод, жената (мајката) ги добива децата а таткото е обврзан да плаќа алиментација. Мнооогу мажи се на некој начин оштетени затоа што од жената зависи дали и колку ќе си го гледа детето, утре жената ќе се премажи - ќе го однеси детето во нов брак, кај друг “татко“ во друга држава , на друг континент и можеби никогаш нема да го види и да сака.
Раѓање на дете , зачнување е одговорност и повеќе треба да се обрни внимание на спречување на несакана бременост одколку на абортуси. Значи ако жената не е сосем сигурна дека сака по секоја цена дете, си има начини да се заштити од тоа, па дури и од силување.
Не е вистина дека мајката добива старателство над детето. Добиваат двајцата старателство, со тоа што мајката може, а и не мора, да добие право детето да живее со неа до неговата 12 година, кога самото ќе реши каде сака да живее. Старателство се одзема доколку судот процени дека таткото/мајката не се способни да се грижат за детето.
Исто така, таткото го има секое право да не дозволи детето да мрдне од местото каде што живее со мајката. Без негова согласност не може да оди ниту на одмор. Ако мајката го однесе некаде без негова согласност, тоа се третира како киднапирање.

Во едно се согласувам. Треба да се обрне внимание И ТОА МНОГУ ПОВЕЌЕ на спречување на несаканата бременост, пред се, преку сексуална едукација уште во основните училишта.

Само едно објасни ми - како тоа може некоја да се заштити од силување? Секако, освен ако во моментот физички не е посилна од силувачот.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:16 ---
Се врати!
Љубав је јача и јас се ти простувам!

Абортус оправдувам кога медицински е потврдено дека бременоста е со голем ризик за мајката и(ли) плодот.
Абортус не оправдувам ни од причини на кариера, школовање, неспремност, планови, финансии па ниту силување (мислиш ембрионот во силуваната мајка му рече на татко му “тате, тате ај да ја силуеме онаа опнатата“ Животот што почнал да се развива и чиј конечен облик е човек, битие ако некој го прекинува е убиство. За да се спречи несакана бременост има многу начини. Сексуално активна жена која не планира дете моќе да е заштитена и со спирала (која ќе ја спречи бременоста и од силување) и со пилули и со кондоми и со дијафрагма и со свршување надвор... ЈАс не знам дека некоја забременила оти закажала спиралата, на дечкото и се скинал кондомот иако свршил надвор али ете му истекло малце и внатре а пилулата не делувала..... Таков случај можеби ќе има еднаш на 50 години во МК. Најчесто абортусите се од наивност глупост негрижа и неодговорност “ами тој рече ќе ме земе за жена...“ “Мислев дека сум во неплодни денови“, “Немаше кондом при рака“. За што? оти не можеа да одолеат на стаста, после отсрањуј ембриони. Заеби идно дете шо го абортирав, да видеше како свршив!!!

Дрн, дрн, дрн. Се е тоа јасно, но не поминува ,,не абортирај, греота е,,.
Него ти мене сега кажи ми, некако ми заборави.
Што правиме со инцестоидните плодови?
И зар не е права мајка онаа која ќе умре за своето дете? Па зашто да абортира ако и го загрозува животот бременоста? Нека роди и нека умре, плодот ваљда ќе живее.
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:16 ---
Оф леле, добро де срцка биди ти попаметна, биди ти најпаметна, ти знаеш се, ок е признавам. Задоволна?
Можеби попаметна не сум, ама со сигурност сум поначитана. Не ми треба твое признание.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Тие се екстремни случаеви и законот ја штити жената. И во случај на брак, при развод, жената (мајката) ги добива децата а таткото е обврзан да плаќа алиментација. Мнооогу мажи се на некој начин оштетени затоа што од жената зависи дали и колку ќе си го гледа детето, утре жената ќе се премажи - ќе го однеси детето во нов брак, кај друг “татко“ во друга држава , на друг континент и можеби никогаш нема да го види и да сака.
Раѓање на дете , зачнување е одговорност и повеќе треба да се обрни внимание на спречување на несакана бременост одколку на абортуси. Значи ако жената не е сосем сигурна дека сака по секоја цена дете, си има начини да се заштити од тоа, па дури и од силување.

Прво, не се екстремни случаи - секодневие е.
Второ - ја штити, а? Законот и помага кога детето и е болно, а она седи цела вечер будна со него и у 7 сабајле го остава само и иде на работа? Ја штити кога му објаснува на детето целото во солзи зашто у школо му викаат дека е копиле? Законот го надоместува отсуството на татко во неговиот живот? Да, секако, законот е супер тип, еве ја, уште утре би родила дете ако законот ме штити :rolleyes:
Трето, ако жената се премажи, а таткото сака и понатаму да си го гледа детето, постои заедничко старателство, постојат милион опции за кои они двајца можат да се договорат за доброто на детето. А јас зборев за татковци кои не сакаат да учествуваат во животот на сопственото дете ( и пак, не е тоа екстрема, секојдневие е)
По 100ти пат, никој не збори за промискуитет, нити за заштита при секс, зборуваме за грешка која ќе се деси веројатно еднаш у живот, ако и тогаш.

И жити бога, како молим те да се заштитиме од силување????
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.858
можеби но за мене жена која абортира е посклона кон промискуитет од она која раѓа.
--- надополнето: 24 март 2012 во 17:35 ---
За тебе е сосема неважно, од аспект на реалноста.
За мене сите верници се за хоспитализација, па слободно шетаат гледам.
Јебига, моето мислење не се смета за нормално во оваа средина, луѓето си веруваат. Башка и државни празници ни се некои ојле-дојле ,,светци,,. Шчо да се праи.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
За мене сите верници се за хоспитализација, па слободно шетаат гледам.
Tи ако не се лажам тврдиш дека си психолог... или психијатар...
Што му препишуваш на верниците? Транекс? Амизол...
како ги лекуваш верниците
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:30 ---
Прво, не се екстремни случаи - секодневие е.
Второ - ја штити, а? Законот и помага кога детето и е болно, а она седи цела вечер будна со него и у 7 сабајле го остава само и иде на работа? Ја штити кога му објаснува на детето целото во солзи зашто у школо му викаат дека е копиле? Законот го надоместува отсуството на татко во неговиот живот? Да, секако, законот е супер тип, еве ја, уште утре би родила дете ако законот ме штити :rolleyes:
Трето, ако жената се премажи, а таткото сака и понатаму да си го гледа детето, постои заедничко старателство, постојат милион опции за кои они двајца можат да се договорат за доброто на детето. А јас зборев за татковци кои не сакаат да учествуваат во животот на сопственото дете ( и пак, не е тоа екстрема, секојдневие е)
По 100ти пат, никој не збори за промискуитет, нити за заштита при секс, зборуваме за грешка која ќе се деси веројатно еднаш у живот, ако и тогаш.

И жити бога, како молим те да се заштитиме од силување????
Важно детето е живо
не заврши во медицински отпад. Што се некоја солза или непреспиена ноќ за живот на едно дете.

Стави спирала и шетај рает од бременост. избегавај да си сама со непознат, набави солзавец, тејзер, пиштол... застрелај го манијакот
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:34 ---
Не е вистина дека мајката добива старателство над детето. Добиваат двајцата старателство, со тоа што мајката може, а и не мора, да добие право детето да живее со неа до неговата 12 година, кога самото ќе реши каде сака да живее. Старателство се одзема доколку судот процени дека таткото/мајката не се способни да се грижат за детето.
Исто така, таткото го има секое право да не дозволи детето да мрдне од местото каде што живее со мајката. Без негова согласност не може да оди ниту на одмор. Ако мајката го однесе некаде без негова согласност, тоа се третира како киднапирање.
Од која држава ти пишуваш??
сите, ама баш сите случаеви на развод кои јас ги знам од мои познати завршија со детето кај мајката. Во еден случај, таткото со сведок ја фати жената во постела со друг маж. Се разведоа, мајката го зеде детео, таткото плаќа алиментација и си го гледа детето за викенд.
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
--- надополнето: 24 март 2012 во 19:30 ---

Што се некоја солза или непреспиена ноќ за живот на едно дете.

--- надополнето: 24 март 2012 во 19:34 ---
У право си. Ич не се битни тие трауми од детсвото. Скроз небитни.
Само, понекад доведуваат до самоубиство. Некад до убиство. Некад до она што така фино го правеше фраерот од твојот аватар.
Али, све у свему - небитни!
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
У право си. Ич не се битни тие трауми од детсвото. Скроз небитни.
Само, понекад доведуваат до самоубиство. Некад до убиство. Некад до она што така фино го правеше фраерот од твојот аватар.
Али, све у свему - небитни!
Oд мое лично искуство, убиство и самоубиство извршија двајца мои познаници кои растеа во “нормално“ семејство. Други двајца кои ги знам (едниот израснат во дом а другиот посвоен) се уште немаат направено криминал
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Дека има корелација помеѓу лоши семејни им меѓу човечки односи и злоупотреба на деца со криминал неможе да се негира. Едноставно има премногу докази. Може да си фрик како креационостите ама никој нема да те свајќа сериозно и ќе ти се смеат. Дури има и теорија кој смета дека абортусот го намалува криминалитетот во општеството.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Дека има корелација помеѓу лоши семејни им меѓу човечки односи и злоупотреба на деца со криминал неможе да се негира. Едноставно има премногу докази. Може да си фрик како креационостите ама никој нема да те свајќа сериозно и ќе ти се смеат. Дури има и теорија кој смета дека абортусот го намалува криминалитетот во општеството.
има и теории деа црнците не се интелигентни, дека жените се инфериорни, дека масоните го управуваат светот, дека има ванземаљци, дека русите имаат најдобро оружје....
Али да прекинеш живот оти “условите во македонските домови се лоши“ е многу беден изговор
 
Член од
19 март 2012
Мислења
1.439
Поени од реакции
3.810
Oд мое лично искуство, убиство и самоубиство извршија двајца мои познаници кои растеа во “нормално“ семејство. Други двајца кои ги знам (едниот израснат во дом а другиот посвоен) се уште немаат направено криминал
Твоето лично искуство уопште не ме интресира. Кога ќе можеш да обезбедиш конкретни докази да си ги поддржиш примериве - повели. Што се мене тиче, сеа за сеа, ти можеш све ова да го измислуваш
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
има и теории деа црнците не се интелигентни, дека жените се инфериорни, дека масоните го управуваат светот, дека има ванземаљци, дека русите имаат најдобро оружје....
Али да прекинеш живот оти “условите во македонските домови се лоши“ е многу беден изговор
Научни теории не се тоа што го наброја. Зборувам за научни теорија кој се подржани од значајна маса на денешни научници. Прочитај ги ти дадов линк еднаш.
Може да тебе е беден изговор ама за други е прашање кое го решава течението на животот. Ако несакаш немај абортус ако сакаш имај не смее да се укинува тоа право на неидно лице поради нечиви туѓи морални ставови. Моралот е субјективна категорија а не објективна. Објективен морал е дел од религија и напушена филозофија.
 
теорија си е теорија. Имаме и медицински издржани теории дека хомосексуалците се склони кон психички проблеми и самоубиства па сепак не се држат под надзор и клуч.
ќе те цитирам “прашање кое го решава течението на животот“ течение на живот е ембрионот кој во својот тек треба да стане човек, но со абортус се прекинува. Тоа е во ред?
Освен во медицински оправдани причини дека бременоста е опасна за плодот или мајката, како можеш да правдаш прекинување на течение на еден живот со потреба да течи друг живот?? Не можат двата животи да течат??
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
има и теории деа црнците не се интелигентни, дека жените се инфериорни, дека масоните го управуваат светот, дека има ванземаљци, дека русите имаат најдобро оружје....
Али да прекинеш живот оти “условите во македонските домови се лоши“ е многу беден изговор
на тепсија се немаш брзо качено :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom