Веб дизајн помош (совети, трикови, алатки итн.)

  • Креатор на темата Креатор на темата bojan81
  • Време на започнување Време на започнување
ај некој ако може помош .. правам една веб страна и имам ставено слики .. како можам да направам пример кога ке стегнам на една слика и да се покаже голема како на фб што е ?..
--- надополнето: 26 јануари 2012 во 15:43 ---
Не сакам само да го пастирам линкот туку на пример да пишува кликни тука и да те носи на локацијата. Како се прави тоа ? :)
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 17:11 ---
Не сакам само да го пастирам линкот туку на пример да пишува кликни тука и да те носи на локацијата. Како се прави тоа ? :)

преку хиперлинк .. пишуваш кликни тука .. правиш нова страница и ги поврзуваш со хиперлинк
 
Три работи да прашам. :) Значи сајтов ми е на Joomla 1.7.
Едната, некој да ми објасни како да ставам на странава, пример кога прв пат ќе влезиш, да ти излези pop-up прозорец за да стегниш like на фејсбук страна, или по извесно време, пример 10 секунди, да се исклучи.
Втората, ми треба некоја екстензија за да ги брои посетите.
Третата, некој квалитетен Hosting, овај моментално кај шо сум, некако ко бавен ми е, бавно ми ја отватра странава.
П.С Да ви се пофалам :)
До пред една недела бев апла noob за ова област(не дека сега не сум), случајно ја отворив темана Како да си направите своја страна, симнав joomla, симнав lynda tutorial за joomla, видов што е штосот, најдов темплејт што ми се бендиса ептен, и за 2 дена си ја направив следнава страна : HSFCBooking.com
Арна е ко за првенче? :)
 
сакам да ве прашам да не знае некој како можам да го направм ова?
Код:
[URL]http://www.facebook.com/pages/Photography-By-Don-Joce-/288744447846978?sk=app_4949752878[/URL]
 
Како се ставаат фонтови во Photoshop cs5?
 
Ставање на фонтови е многу едноставно како што вели ONE но ако активно планираш да работиш дизајн тогаш размисли за употреба на некој менаџер на фонтови. Таква алатка ќе ти овозможи каталогизирање на фонтовите, брзо пронаоѓање и иницирање во системот без притоа да го оптеретуваш оперативниот систем па и неговите апликации со илјадници активни фонтови.
 
сакам да ве прашам да не знае некој како можам да го направм ова?
Код:
[URL]http://www.facebook.com/pages/Photography-By-Don-Joce-/288744447846978?sk=app_4949752878[/URL]

Тоа се прави сo FBML, еве прочити си тука.

Да ве цитирам двајцата, ФБМЛ се исфрла од употреба.

http://www.hyperarts.com/blog/facebook-static-fbml-phased-out/
 
Ако може некој да ми помогне ми треба Facebook Like Pop Up скрипта за на Blogspot досега пробав 4-5 скрипти и никако да успеам.
 
Може малце забегувам од темава ама да не отварам посебна тема..
Дали може некој да ми каже како на блог од блоспот да ставам своја тема..пошто ми е за едно другарче а тие таму теми не му се допаѓале дали има некој начин своја тема да се стави на тие блогови пошто не му се свиѓале.
Благодарам однапред.
 
Можеш ако темата ти е искодирана за таа платформа. Читни тука. Ако ти е обична HTML не може да ја ставиш туку-така.
 
Едно прашање ако може и од мене. Изработувам еден web sitе, и имам еден мал проблем. Имам една табела со податоци(податоците се земат од база), и копче за промена на податоците(во базата), одкако ќе ги променам податоците(во базата), се враќам на страната каде треба да ми ги испишува податоците(изменети) по некој критериум, но тоа не се случувам. Го гасам прелистувачот, повторно го стартувам ја пишувам адресата на сајтот и промените се прикажуваат.
Е сега прашањето како можам да го поправам тоа. Се работи за asp веб сајт.
 
Дефинирај што подразбираш под тоа „се враќам на страната“. Со јаваскрипт back или? Со рефреш на страницата не ти дава нови податоци? Ако и со рефреш не ти ги дава тогаш да не ги читаш постојано од некоја сесија поставена на апликативно ниво?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom