Вака друже, по ред:
Дуал бут = Два оперативни системи на еден хард и ги менуваш по желба.
Е сега за инсталацијата, инсталирај прво XP па Edubuntu и откако ќе ги инсталираш можеш да ги менуваш со рестарт. Значи го рестартираш компјутерот и при покревање на системот ќе те праша дали сакаш XP или Edubuntu, а за да го наместиш Edubuntu-то како главен ОС, во Edubuntu-то ќе го едитираш Grub Loader-от. Исто така за инсталацијата, значи кога ќе го инстлаираш XP-то ќе оставиш неискористен простор (минимум 6-7GB) за Edubuntu-то, и при инстлаацијата на Edubuntu-то следи го објаснувањето што го имам пишано во темата за Linux.
Е сега, кога ќе си пуштен на Windows, партициите од Linux нема да можеш да ги гледаш (едино со некој програм Ext3/4 Reader), а од Linux-от ќе можеш да ги гледаш партициите на Windows-от.