Зошто бившите не се враќаат?

  • Креатор на темата Macedonian-Sun
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Бившите не се враќаат бидејќи картата им била во еден правец.
Сусаро, некоја те поздравила.... т.е. не поздравила сите мушки
Интересно, текстот на Сусаро го нашле на бркајработа.мk :eek:
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Интересно е што сите што коментирале се жени освен еден кој се изјаснил дека не го прочитал текстот оти е многу долг. :D
мене ми се свиѓа коментарот на црвенокосата девојка, иако малце избегала од темата, затоа што сепак станува збор за (не)враќањето на бившите, а не за тоа дали има или нема успешни животни приказни, љубов, разбирање... :)
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.583
Сусаро, некоја те поздравила.... т.е. не поздравила сите мушки :)
Баш напротив, нит мене нити нас не поздравила. Си ги поздравува "другарките". Нејзиниот текст не е контра на мојот, нити пак писателката имала таква намера, дури и на 2 пати кажува дека се согласува со тоа што сум го пишал , само си го пишува од друг ''женски" агол. И со 1-2 покрупни, и 3-4 поситни корекции кои ме мрзи да ги правам се согласувам со тоа што го пишала.

Што се однесува до коментарот на црвенкосата, таков коментар ги освојува симпатиите на генералната публика. Тоа што она го пишала е еден бајковиден концепт и поради најголемиот број лајкови го одсликува генералното мнение на тоа како популисот сака да биде. Ама не е така во секојдневието, тој концепт е според скалата на Конвенцијата за заштита на дивата флора и фауна-критично загрозен пола чекор до истребување. Како сакаме е едно, како правиме и како е, е сосема друго. Што би рекол мојот омилен филмски лик: We are not here to indulge in fantasies but in political and economic reality.
 
A

AnFem

Гостин
не би рекла дека текстов е од жена. Ако е, сарказмот и е јака страна :icon_mrgr:
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Зависи колкава врата си и со колку катанци си оставил од кога сте се разделиле...
 
Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Сусаро, некоја те поздравила.... т.е. не поздравила сите мушки :)
Не дека вреди нешто нејзиниот текст за да го коментираме, ама пусто не можам ни да одолеам:icon_lol:
Жената не сфатила дека Сусаро не мислел на сите жени и мажи. Поради тоа, не сфатила дека нема потреба да се вреѓа и да се фрла во некаква одбрана со која би се здобила со поголема слава. Значи тешко е за верување и дека токму таа не е слична со бившите од овдешниот текст. Само таква покварена жена може така да пишува. А зошто покварена кога има оправдување за секоја постапка? Затоа што покварено е една жена да прави се` за своите потомци, кои би и биле направени од некоја стока која ни одблиску не е најдобриот к*р кој мислела дека постои. Па таа "стока" утре ќе биде нивни татко! Посебно ми е интересно тоа што се опра од пишување "кур". Како да сакала да додаде некаква тежина на муабетот, но за жал не се сетила на нешто попаметно.:(
Би пишувала уште за дотичната, но ајде да не губам време на глупости. А на темава... и јас мислам дека бивши не се враќаат. На страна оние моменти кога раскинуваме, па пак сме заедно после кратко време, а тоа кратко време сме го поминале во постојан контакт. Тоа мислам дека е секојдневие кај сите површни врски. Тие подлабоките и поискрените траат додека не пукнат. Ако веќе дојде до тој момент, дефинитивно не смеат пак да почнат. Ако биле такви, сигурно и причината/ите за прекинот би биле големи и тешки, а таквите не се поправаат. Барем нема да се поправат во нешто што би било стабилна основа за истата врска или брак. Девојката која ја отворила темава веројатно е заинтересирана за нешто општо со бившиот (ајде да не се изразам вулгарно), па верувам дека би требало и би можела да го врати ако се потруди. :P
 
M

Moon Child

Гостин
Некои се обидуваат да се вратат, но на вас е да одлучите дали ќе ги примите назад во вашите животи.
Два пати ми се случило бивши да ми се вратат, особено ми е драго кога она што сум го предвидела дека ќе се случи по Х време излегло точно.
Едниот сакаше да дува трава и мразеше дека му трубам оти претерува. Ми раскина. По неколку години се врати да ми каже дека во право сум била.
Другиот, сакаше да биде во врска со мене, јас да седам дома и да везам гоблени, а тој да шета каде му душа сака. Раскинавме. Кога му помина интересното, се врати плачејќи. Како што рече Сусаро, женските ги бараат 5те кура без кои несакаат да влезат во гроб. Машките, бараат се. Само што женските се по вешти во целата таа драма со враќањето назад и ќе сторат се за да се случи по нивно. Ако треба и ќе плачат, во име на старите добри времиња.
Прашањето е зошто си одат? Кои се причините за да си отидат, а кои се оние што ги тераат да се вратат?
Јас мислам дека е желбата да се види и доживее се. Кога веќе се ќе стане изживеано и видено, сакаат да се вратат на она место каде што биле нај мирни и нај сигурни. Иронично е, се враќаат на она место од кое некогаш толку одлучно избегале :)
Не ги примајте назад. Убаво ви кажа Сусаро:)
 
Член од
11 јуни 2009
Мислења
44
Поени од реакции
23
Не ги прочитав сите коментари, само сакав да пишам дека пред 10 години бевме разделени со сопругот и он тогаш ми беше бивши а еве веќе 10 години сме во брак имаме две дечиња и ни е супер така да не мора да значи дека ако ти е бивш не може повторно да бидете заедно.поздрав
 
S

Shellshock nam67

daj objasni pokonkretno kako bese :)
dali prekinot bil podolg i dali vo megju vreme ste imale vrski nadvor od vasata !!!
--- надополнето: 23 март 2012 во 18:57 ---

Не знам на што поконкретно мислеш да имав јас друга врска после него а за него не знам меѓутоа се сретнавме повторно и еве сме заедно веќе скоро 10 години и се е ок не ни разговараме веќе за минатото можам да кажам дека скоро совршен брак никој не е совршен затоа пишам скоро.не знам што друго те интересира? Јас можам само да кажам дека верувам дека се што е твое ќе се врати а тоа што не е не треба ни да го бараме назад и до сега ме нема изневерено таа стара изрека...поздрав
 
da na toa mislev fala za odgovorot :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom