Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

  • Креатор на темата Креатор на темата Myers
  • Време на започнување Време на започнување
Бадеми, кикирики такви ствари, живи треба?
 
bademite se dobri i onaka opsto za se,za kikirikite ne sum siguren osven zapek da dobies

Не ми беше тоа зборот. Туку дека бадеми се јадат печени и живи, па дали има врска нешто во хранливи состојки?

Пошто знам дека има некои ствари со готвење (варење, печење, пржење) им се губат дел од хранливите состојки.
 
Бадеми, кикирики такви ствари, живи треба?

Живи, печени, небитно. Здравите масти секако се искористуваат.
Не надминувај повеќе од 100 грама заради калориите во нив, доколку се разбираш пратиш на дневно ниво.
 
Плус што имаат цијанид кој во големи количини е токсичен, така да умерено со бадемите.
 
Имам 2 прашања :)
1. Бидејќи вежбам по дома, дали е подобро да го направам тренингот за еден саат да речеме попладнето, или не смета склековите да се поделат на сабајле/попладне/навечер.. Чисто да слушнам ваше мислење, а го користам и 99% ќе продолжам да го користам првиот начин :)

2. Колку е здраво грав и грашок ? Студент сум, и од дома такви ручеци ми праќаат и најчесто ги јадам после тренинг, со само 1-2 кришки црн леб.. Прашањево ми е затоа што знам дека оброкот после тренинг е најбитен, а не можам да си обезбедувам стек секој ден :) А иначе житарици, туна и риба се фураат редовно.. :)
 
Имам 2 прашања :)
1. Бидејќи вежбам по дома, дали е подобро да го направам тренингот за еден саат да речеме попладнето, или не смета склековите да се поделат на сабајле/попладне/навечер.. Чисто да слушнам ваше мислење, а го користам и 99% ќе продолжам да го користам првиот начин :)

Смета ако ги поделиш, најдобро е во еден тренинг, така ако ги разделиш преку цел ден ништо не праиш.
 
Почнав да јадам повеќе за да накачам маса... и сега цело сало ми се наталожило во стомакот ... и сега кога ке почнам да вежбам дали тоа сало во стомакот ке ми ја накачи мускулната маса... т.е мускулите ке зимаат од него за да се зголемат или па тоа сало ке треба да го топам?o_O
 
Веќе недела дена тренинг кардио активно и веднаш се покажуваат ситни резултати .. него друго ме интересираше да ве прашам, за убрзување на метаболизмот мора повеќе оброци на 2-3 саати разлика ? зошто тоа ми е единствен проблем..
 
После тренинг што препорачувате да се јаде? Мене оброкот после тренинг ми е уствари и последниот оброк во денот (кога сум втора смена), и обично јадам туна со интегрален, туна-марула, јајца...
 
Зелен чај, вода поише, витамин б 12...
После тренинг што препорачувате да се јаде? Мене оброкот после тренинг ми е уствари и последниот оброк во денот (кога сум втора смена), и обично јадам туна со интегрален, туна-марула, јајца...
Протеин + јаглехидрат (контролирано)
 
Знае некој каде да најдам во која храна коолку протеини, јаглехидрати, калории... има? Пример во 200 грама стек тоолку во 1 јајце тоолку... итн.
 
wolframalpha.com
пример.
osrgl.jpg
 
Почнав да јадам повеќе за да накачам маса... и сега цело сало ми се наталожило во стомакот ... и сега кога ке почнам да вежбам дали тоа сало во стомакот ке ми ја накачи мускулната маса... т.е мускулите ке зимаат од него за да се зголемат или па тоа сало ке треба да го топам?o_O

Нема да ти ја накачи, тоа сигурно. Салото не се претвара во мускул, овој мит одамна требаше да биде заборавен. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom