Solid
Зона на самракот
- Член од
- 26 август 2007
- Мислења
- 7.176
- Поени од реакции
- 4.133
Белата чума и печалбата ги опустошија и училиштата
Младите се иселуваат и заминуваат на печалба, а оние што остануваат во економски послабите региони тешко се одлучуваат на пород
Жаклина Хаџи-Зафирова
Иван Бојаџиски
Нема доволно деца, младите се иселуваат и заминуваат на печалба, а оние што остануваат да живеат во економски слабите региони тешко се одлучуваат на пород. Од овие причини дел од училиштата се затвораат или, пак, остануваат со само двајца-тројца ученици. Тоа зборува за очајната состојба во која се наоѓаат овие краеви, чии жители заминуваат далеку барајќи подобар живот.
Дека има намалување на бројот на ученици потврди и министерот за образование и наука, Панче Кралев. Сепак, надлежните не размислуваат за затворање на училиштата. Тоа, според нив, би била последната опција која би ја примениле, бидејќи, како што вели Кралев, дури тогаш ќе ги принудат да се иселат и оние малку ученици заедно со своите родители. Слабиот наталитет е најголемата болка на општините од источниот дел на државата. Од година на година се' помал е бројот на деца кои се запишуваат во прво одделение. Оваа карактеристика која ја имаат сите општини, без исклучок, е резултат на економската неразвиеност, односно на сиромаштијата.
Виничкото село Блатец на времето беше најголемо во источниот дел на Македонија со над 2.200 жители. Денес никој не го знае бројот на луѓето кои останале на родните огништа, но се смета дека барем половината се иселиле. Годинава во прво одделение има само три дечиња во училиштето. Ова село е можеби со најголем број иселени млади луѓе. Една стара учителка вели дека во 1999 година во селото имало 99 првачиња. Нејзин соселанец, пак, кој се занимава со земјоделство раскажува дека селото порано живеело од ориз, ама сега немало кој да го купи, па реколтата им стои во амбарите. Селото започнало да се празни кога им ја укинале задругата. „На времето ќе заколев јагне, од задругата ќе дојдеа, ќе им ја дадев кожата и веднаш ќе ми платеа. Сега и нас не' дерат, а не ни даваат ниту да плачеме, па како тогаш младите да останат дома?“, со прашање ни одговори старата жителка на Блатец, која живее во страв дека синот, снаата и двете внучиња наскоро ќе и' заминат во Италија каде што веќе биле преселени сите од поширокото семејство.
Во Делчево, во последните две децении се затворени училиштата во селата Бигла, Драмче, Илиово, Стар и Нов Истевник, Полето и Црквенец. Весна Илиевска-Арсовска, советничка за локален економски развој, вели дека во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во учебната 2007/2008 година имало 87 првачиња, а денес 61. Во ОУ „Ванчо Прќе“, пак, во 2001 година имало 109, а денес само 64 деца во прво одделение. „Има повеќе причини за намалениот наталитет, но најголемата е лошата економска состојба на семејствата што доведе до голем бран иселување на младите брачни парови, кои од Делчево и селските населби одбраа да живеат во поголемите градови, или заминаа во Америка, Италија, Германија, Словенија“, вели Илиевска-Арсовска.

Во општината Берово сликата е уште полоша. Не само што нема нови инвестиции, нови фабрики, туку се затвораат и старите. Кирил Стоиловски, директор на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, вели дека во Малешевијата младите тешко стапуваат во брак, а оние што можат си ја бараат шансата за пристоен живот во некои други држави. „Пред три години во прво одделение запишавме 111 деца, за во тековната учебна година таа бројка да спадне на само 73 првачиња. Тоа е многу лош знак на кој се надоврзува и фактот дека во општината имаме околу 300 млади на возраст од 25 до 35 години кои не стапуваат во брак, бидејќи немаат од што да го издржуваат семејството. Имаме над педесетина млади со факултетско образование, ама немаат можност да работат. Меѓу немажените 75 се машки, а над 230 девојки. Младите момчиња се иселија во странство, жените немаат таква храброст“, појаснува Стоиловски.
Во беровската општина основно училиште има и во Русиново каде што, според директорката Лилјана Буровска, оваа учебна година имале само 9 првачиња. „Кога нашите сегашни наставници беа ученици, во училиштето имало над 60 првачиња. Мала надеж ни дава фактот дека за идната година ќе имаме 17 првачиња, но само доколку нивните родители не се иселат“, вели Буровска. И во оваа општина многу од селските подрачни училишта се затворени.
Во Пехчевско минатата година имало 62 првачиња. Годинава таа бројка е помала за десет деца. Елица Јовевска, помлад соработник за образование и спорт, вели дека економската ситуација е најголемата врска со наталитетот. „Кога пред пет години се отвори фабриката ’Бомекс рефрактори‘ и на работа беа примени 250 лица, општината живна, се склучија бракови, се зголеми бројот на новороденчиња. Подоцна и оваа фабрика западна во криза и беа отпуштени работници, па младите си побараа излез во странство. Сега имаме голема надеж во двата рудника кои наскоро ќе бидат отворени каде што е предвидено да работат над 200 лица. Нема ништо без економија, па ни подмладок“, ни рече градоначалникот Јованчо Станоевски.
Рударскиот град Македонска Каменица, со новиот рестарт на „Саса“, стана една од економски најдоброситуираните општини во регионот. Димчо Атанасовски, директор на основното училиште во Каменица, вели дека годинава имале 85 првоодделенци, што е за 30 проценти помалку отколку пред десет години. „Во училиштето имаме вкупно 691 ученик, а тоа е за два пати помалку од бројот на ученици во 1992 година. Општината доживеа силен емиграциски шок во периодот од 1990 до 2006 година кога беше рестартиран рудникот. Тоа придонесе да се подзапре иселувањето, младите среќата да си ја побараат дома“, вели Атанасовски.
И во општината Чешиново-Облешево иста приказна. На луѓето кои пред десеттина години се „тепаа“ дали Облешево или Чешиново да биде општински центар, не им е до правење деца. „Кај нас има четири клучни проблеми. Првиот е преселбата од село во град, вториот од село во странство, третиот е што се' повеќе млади не сакаат во брак, а четвртиот што тешко ќе најдете млад брачен пар со повеќе од едно дете. Од овие причини, за само десет години бројот на провоодделенци во училиштето во Облешево се намали од 48 на 28 деца. Иста е ситуацијата и во ОУ во Чешиново.
Учебниците со нов рок на траење
Учебниците да траат пет години наместо три. Ова е предвидено со предложените измени во Законот за учебници за основно и за средно образование, кои по скратена постапка во второ читање поминаа на вчерашната седница на собраниската Комисија за образование и наука. Со измените се предлага рокот на замена на учебници наместо три години, да биде пет, а изборот на учебници да го врши Наставничкиот совет.(П.Р.)