Колку реално има жители Македонија?

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Белата чума и печалбата ги опустошија и училиштата

Младите се иселуваат и заминуваат на печалба, а оние што остануваат во економски послабите региони тешко се одлучуваат на пород
Жаклина Хаџи-Зафирова
Иван Бојаџиски



Нема доволно деца, младите се иселуваат и заминуваат на печалба, а оние што остануваат да живеат во економски слабите региони тешко се одлучуваат на пород. Од овие причини дел од училиштата се затвораат или, пак, остануваат со само двајца-тројца ученици. Тоа зборува за очајната состојба во која се наоѓаат овие краеви, чии жители заминуваат далеку барајќи подобар живот.

Дека има намалување на бројот на ученици потврди и министерот за образование и наука, Панче Кралев. Сепак, надлежните не размислуваат за затворање на училиштата. Тоа, според нив, би била последната опција која би ја примениле, бидејќи, како што вели Кралев, дури тогаш ќе ги принудат да се иселат и оние малку ученици заедно со своите родители. Слабиот наталитет е најголемата болка на општините од источниот дел на државата. Од година на година се' помал е бројот на деца кои се запишуваат во прво одделение. Оваа карактеристика која ја имаат сите општини, без исклучок, е резултат на економската неразвиеност, односно на сиромаштијата.

Виничкото село Блатец на времето беше најголемо во источниот дел на Македонија со над 2.200 жители. Денес никој не го знае бројот на луѓето кои останале на родните огништа, но се смета дека барем половината се иселиле. Годинава во прво одделение има само три дечиња во училиштето. Ова село е можеби со најголем број иселени млади луѓе. Една стара учителка вели дека во 1999 година во селото имало 99 првачиња. Нејзин соселанец, пак, кој се занимава со земјоделство раскажува дека селото порано живеело од ориз, ама сега немало кој да го купи, па реколтата им стои во амбарите. Селото започнало да се празни кога им ја укинале задругата. „На времето ќе заколев јагне, од задругата ќе дојдеа, ќе им ја дадев кожата и веднаш ќе ми платеа. Сега и нас не' дерат, а не ни даваат ниту да плачеме, па како тогаш младите да останат дома?“, со прашање ни одговори старата жителка на Блатец, која живее во страв дека синот, снаата и двете внучиња наскоро ќе и' заминат во Италија каде што веќе биле преселени сите од поширокото семејство.

Во Делчево, во последните две децении се затворени училиштата во селата Бигла, Драмче, Илиово, Стар и Нов Истевник, Полето и Црквенец. Весна Илиевска-Арсовска, советничка за локален економски развој, вели дека во Основното училиште „Свети Климент Охридски“ во учебната 2007/2008 година имало 87 првачиња, а денес 61. Во ОУ „Ванчо Прќе“, пак, во 2001 година имало 109, а денес само 64 деца во прво одделение. „Има повеќе причини за намалениот наталитет, но најголемата е лошата економска состојба на семејствата што доведе до голем бран иселување на младите брачни парови, кои од Делчево и селските населби одбраа да живеат во поголемите градови, или заминаа во Америка, Италија, Германија, Словенија“, вели Илиевска-Арсовска.
Во општината Берово сликата е уште полоша. Не само што нема нови инвестиции, нови фабрики, туку се затвораат и старите. Кирил Стоиловски, директор на ОУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, вели дека во Малешевијата младите тешко стапуваат во брак, а оние што можат си ја бараат шансата за пристоен живот во некои други држави. „Пред три години во прво одделение запишавме 111 деца, за во тековната учебна година таа бројка да спадне на само 73 првачиња. Тоа е многу лош знак на кој се надоврзува и фактот дека во општината имаме околу 300 млади на возраст од 25 до 35 години кои не стапуваат во брак, бидејќи немаат од што да го издржуваат семејството. Имаме над педесетина млади со факултетско образование, ама немаат можност да работат. Меѓу немажените 75 се машки, а над 230 девојки. Младите момчиња се иселија во странство, жените немаат таква храброст“, појаснува Стоиловски.

Во беровската општина основно училиште има и во Русиново каде што, според директорката Лилјана Буровска, оваа учебна година имале само 9 првачиња. „Кога нашите сегашни наставници беа ученици, во училиштето имало над 60 првачиња. Мала надеж ни дава фактот дека за идната година ќе имаме 17 првачиња, но само доколку нивните родители не се иселат“, вели Буровска. И во оваа општина многу од селските подрачни училишта се затворени.

Во Пехчевско минатата година имало 62 првачиња. Годинава таа бројка е помала за десет деца. Елица Јовевска, помлад соработник за образование и спорт, вели дека економската ситуација е најголемата врска со наталитетот. „Кога пред пет години се отвори фабриката ’Бомекс рефрактори‘ и на работа беа примени 250 лица, општината живна, се склучија бракови, се зголеми бројот на новороденчиња. Подоцна и оваа фабрика западна во криза и беа отпуштени работници, па младите си побараа излез во странство. Сега имаме голема надеж во двата рудника кои наскоро ќе бидат отворени каде што е предвидено да работат над 200 лица. Нема ништо без економија, па ни подмладок“, ни рече градоначалникот Јованчо Станоевски.

Рударскиот град Македонска Каменица, со новиот рестарт на „Саса“, стана една од економски најдоброситуираните општини во регионот. Димчо Атанасовски, директор на основното училиште во Каменица, вели дека годинава имале 85 првоодделенци, што е за 30 проценти помалку отколку пред десет години. „Во училиштето имаме вкупно 691 ученик, а тоа е за два пати помалку од бројот на ученици во 1992 година. Општината доживеа силен емиграциски шок во периодот од 1990 до 2006 година кога беше рестартиран рудникот. Тоа придонесе да се подзапре иселувањето, младите среќата да си ја побараат дома“, вели Атанасовски.

И во општината Чешиново-Облешево иста приказна. На луѓето кои пред десеттина години се „тепаа“ дали Облешево или Чешиново да биде општински центар, не им е до правење деца. „Кај нас има четири клучни проблеми. Првиот е преселбата од село во град, вториот од село во странство, третиот е што се' повеќе млади не сакаат во брак, а четвртиот што тешко ќе најдете млад брачен пар со повеќе од едно дете. Од овие причини, за само десет години бројот на провоодделенци во училиштето во Облешево се намали од 48 на 28 деца. Иста е ситуацијата и во ОУ во Чешиново.
Учебниците со нов рок на траење
Учебниците да траат пет години наместо три. Ова е предвидено со предложените измени во Законот за учебници за основно и за средно образование, кои по скратена постапка во второ читање поминаа на вчерашната седница на собраниската Комисија за образование и наука. Со измените се предлага рокот на замена на учебници наместо три години, да биде пет, а изборот на учебници да го врши Наставничкиот совет.(П.Р.)
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Види мајката Тетово и Гостивар со толку шконтари опаѓа а Струмица се држи , чудно
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Затоа во Лазо Ангеловски мислам веќе 10 паралелки има по 35 деца
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Види мајката Тетово и Гостивар со толку шконтари опаѓа а Струмица се држи , чудно
Па што се чудиш,Македонците немаат ли курови,или пак мислиш Албанците не знаат дека на Запад е поисплатливо??...
 
M

Moon Child

Гостин
Пред три години во прво одделение запишавме 111 деца, за во тековната учебна година таа бројка да спадне на само 73 првачиња.
Лага. Оваа година во Берово имало само 31 прваче. Од најсигурни извори ова го знам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Јас искрено не верувам многу во веродостојноста на податоците од Заводот за статистика кај нас...
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Она Гостивар и Тетово е чиста лага, прошли пат Дарданија спомна бројка од над 150 000 средношколци/основци итн. Инаку имаме народ бе, околу 2 000 000 и 300 000 копии од лични карти :icon_lol:
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Па што се чудиш,Македонците немаат ли курови,или пак мислиш Албанците не знаат дека на Запад е поисплатливо??...
Имаат курови бе брат ама имаат ретко по три деца и скоро никогаш по четири за разлика од албанците којшт најчесто имаат 3 деца а и неретко по 4
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Пред некое време Љубчо Георгиевски спомна дека МВР има издаено 1,4 милиони лични карти,а има 1,8 милиони граѓани со право на глас.Инаку по слободни проценки во Мк има 400 000 луѓе помалку од официјалните бројки.
--- надополнето: 22 март 2012 во 16:45 ---
Јас искрено не верувам многу во веродостојноста на податоците од Заводот за статистика кај нас...
Број на основци не е нешто што не може да се провери со или без завод за статистика.И ете ги бројките за Тетово и Гостивар колку драстично е паднат бројот на основците во период од 4 г.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.243
Јас искрено не верувам многу во веродостојноста на податоците од Заводот за статистика кај нас...
+ 1

Премногу нелогични работи како на пример Битола 30 години е отприлика истиот број на попис, па дури и помал.Невозможно е и со минимален позитивен природен прираст, опаѓање или некакви зголемувања од 20,30 души годишно.
Или на последните избори имаше некакви податоци дека бројот на гласачи е премногу близок со бројот на жители во Охрид, а од друга страна бројот на малолетни лица беше доста поголем од разликата меѓу бројот на гласачи и бројот на жители.Ама никој не се замараше, сите се надеваа на глас.
На последниот попис имаше случаи во село со 20-30 куќи да се попишат и по 1000 жители
Во Македонија одамна пописот не е чисто статистичка операција, туку е скоро чисто политичка операција.
Никој не се позамара зошто податоците од последниот попис во 2002 година (времетраење 1-15 Ноември), излегоа дури на 1 Декември 2003 година.Па во Кина за месец дена ќе објават.Инаку и тогаш бил планиран за Април 2002, одложен за Јуни, а спроведен дури во Ноември.ама изгледа чекале смена на власта и некој 'пофлексибилен'.
+
...Според едицијата „Македонија во бројки“ од Заводот за статистика, во периодот од 1999 до 2009 година, порастот на населението изнесува 31.144 лица, односно околу 3.000 нови државјани секоја година. Додека според резултатите на пописот од 2002 година само бројот на Албанци е зголемен за 68 илјади (од 76.000 вкупен прираст, а Македонци околу 2.000), што значи дека бројот на Албанци би требало секоја година да се зголемува за 8.500 жители, а тоа е контрадикторно со податоците од Заводот..
Значи според пописот во 2002 бројот на албанци е зголемен за ~17 %, а на Македонци за 0,2 %)
Eве една реална изјава со реални бројки.
И понатака ќе е како пример како луѓето кои биле свесни и обвинувале за одредени работи, после 11 години ќе изведат нешто слично, под притисок на истите субјекти и на ист начин како во 2002.

 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Ако не верувате во податоците на ДЗС , тогаш затворете ја темата. Знам дека полесно ви е да галамите на празно, му реков ми рече.

Иначе и јас велам дека во Македонија живеат помалку од 2 милиона жители.

Во 60-70-тите се случи окупација на градовите од страна на селаните , тоа е најтрагичната работа за една земја.

Пример:

1970-2002 година

Општина Белчишта 8570 - 2940 жители ( Минус 5630 за 30 години )

Витолиште 5633 - 494 (-5139)

Клечевце 7287 - 1609

Конопиште 3093 - 350

Косел 5020 - 1369

Кратово 15084 - 10441

Старо Нагоричане 12263 - 4258
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
^
Во податоците на ДЗС може да верува некој од Демократска Република Конго, некој што нема поима што се дешава во оваа држава.
Ние што живееме во Македонија најдобро знаеме како стојат работите, кој има најголема дијаспора, кој има copy/paste празни куќи кои се полнат само 2-3 недели на лето и кој се попишува со копии од лични карти. И кој беше бркан од Милошевиќ. Period.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Што е битно, колку жители има Македонија, ионака освен за политика за ништо друго не се користи таа бројка.
Колку сме толку сме, ние сме конечно непреброиво множество на жители во Македонија
 

General Centar

Се колнам... за ослободување на Македонија...АМИН
Член од
31 март 2011
Мислења
350
Поени од реакции
188
Реален пристап кон населеие во Македонија:
1.Македонци 1.150.000 , 50.000 во странство привремено
2.Албанци 220.000, 80.000 до 120.000 во странство со тенденција за стално
3.Роми 40,000
4.Срби 40.000
5.Турци 40.000
6.Торбеши 50.000
7.Власи 10.000
8.Бошњаци, Бугари, Хрвати, Кинези и остало околу 60.000
Останатите околу 500.000 веројатно засекогаш не се враќаат од странство од кои голем дел се стелт граѓани или не постојат.
п.с Веродостојноста на Државниот завод за статистика е еднаква на онаа што ја пласираат на рејтинг агенциите во Македонија.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Албанците сами признаваат дека има 150 000 Албанци од МК во странтсво.Тоа и беше главна битка на последниот попис кој пропадна.Да се попишат тие Албанци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom