Аууу старите добри времиња.....се сеќавам како да беше вчера.....
Тогаш имаше поквалитетен ракомет од сега,имаше барем 4,5 добри екипи во лигата,не како сега.....
Тите Каланадзе,кое играчиште беше дечкото
Имаше топ во раката...неверојатен лев бек,еден од најдобрите странци шо играл некогаш во Македонија
Од старите времиња кога Пелистер беше на врвот на славата..
Имаше уште двајва Грузијци на времето во Вардар Бокачадзе,и тој беше страшен играч..
И уште еден,не толку добар Туркија..
Играа заедно неколку години во Вардар,па после остана само Каланадзе....
Оваа сезона 98/99 Вардар за прв пат успеа да земи титула...
Не победи во Битола,малку и со помош на судии,но мора да се признае дека таа сезона екипата на Вардар беше страшна...и заслужено беше прва иако во Пелистер имаше такви имиња како Лазаров,Чурлевски,Ходик и уште дузина репрезентативци....
Маљцев,Колев,Каландзе,страшна бековска линија,Котевски во врвот на славата,изигра маестрална полусезона,се до таа кобна сообраќајка....
Бранче Ангеловски на лево крило
Стигнаа до полуфинале на КПК(со Адемар)...
Ми текнува на еден двомеч од таа сезона во КПК,играа со едни Швеѓани,првата ја добија во Скопје,а втората губеа со многу разлика....
Влезе Колев наместо Брестовац,и се повампири,имаше одлична вечер...и го спаси Вардар од елиминација..........
Добри времиња беа,имаше ракомет и полни сали,сега се е лажно