Хм, не би рекла.
А како ќе докажеш? Со сила ќе ти земат ДНК?
Па, не знам како функционираат тие работи кај нас, ама во Америка, Азија и остатоков од Европа, ДНК тест за да се одреди таткото на детето може да се исфорсира, под судска одлука, ако судот одлучи дека е потребно.
Тогаш тоа мора да се промени.
Односно, уште за време на бременоста да се потипше некаков договор, дека двајцата се согласни за раѓање на детето (ако не се во брак).
Не може некоја, зашто така и прднало, некому да наметнува родителство.
Од друга страна, тука се и мажјаците кои ,,ќе го признаат,, детето, ама во последна фаза се одлучуваат да киднат.
Одлуката за раѓање мора да биде двострана, секое изигрување на оној кој не сака дете, мора да биде санкционирано.
Не прифаќам наметнување на родителство.
Или, ако веќе на него му е сеедно, таа нек си потпише изјава дека никогаш нема од него, ништо да бара.
А што правиме со децата по домовите, што да бараат тие од родителите кои ги склепале и ги оставиле?
Или само затоа што мајката одлучила да го задржи, треба да се казнува и таткото?
Its a tricky situation. Според тоа како настанала бременоста. Имаш 1000 можни сценарија. Ќе треба соодветен закон за секое од сценаријата да се изготви, оти вината (или отсутноста на истата) и различна во секое сценарио, кај секој од двајцата вмешани. Во некоја ситуација може виновна да е повеќе и жената, или двајцата подеднакво виновни. Навистина мрсна работа за некој да засука ракави и да готви законици.
Се согласувам инаку потполно, дека во зависност од тоа кој од двајцата го сака детето (или никој од нив), дека соодтветно треба да се има право на избор. Мислам дека единствената причина судот секогаш е малку понаклонет кон жените во врска со ова прашање е бидејќи тие ќе го носат 9 месеци во себе тоа дете, а ако таткото на пример одлучи дека не го сака детето, а мајката сака, и да речеме дека судот пресуди во полза на таткото, и жената треба да абортира - таа можно е да не забремени повторно (не сум сигурен точно зошто, но мислам дека беше ако девојката е премногу млада кога абортира - мислам дека постари девојки можат повторно да забременат), што повторно прави судот нејзината страна да ја заземе без многу размислување.
Секако дека одговорив а и евтиното рационализирање не го сметам за добар одговор. Се што прочитав е оправдување на недоследност преку набројување на повеќе недоследности. Со други зборови, зошто свои пари да давам за туѓ абортус? Па истото го правиш за други работи, ајде и за ова, шо се буниш и ти де. Исто така би напоменал дека една страна наназад напишав дека лично не сум против абортус ама кој колку чита... Безврска се залета како прле пред магаре и ја промаши дискусијата. Ај поздрав.
Ауууу, ефтино рационализирање? Извини што ти продавам ефтина интелектуална аргументација која не ти е по твојот префинет вкус
, повели понуди самиот нешто поскапо.
Само затоа што сум pro-choice, не значи дека сум и pro-abortion
. Се надевам разбираш што сакам да ти укажам. Но дел од изборот кој го има едниот пол, е и тоа да може да избере да абортира, во случај на несакана бременост. Значи без разлика на која страна си, јас гледам на тоа што го пишуваш, и на тоа и реплицирам, не ти ги нападнав личните погледи твои во врска со прашањето на темава
.
Te sakam ej!
Никоја немала право наметнување родителство. Па да потпишувале при раѓање.
Никој не го присилува машкото на родителство колку што никој не го присилува да прска внатре.
Никој не го обврзува, може слободно да киднат, ама алиментација се плаќа како последици на неодговорноста.
Toa воопшто не се дискутира. Ама многу ми е мило ти како либерална што се избори за жениве да имаат повеќе права, па еве.. се залагаш за нас.
Wot, имаш разни ситуации каде е и оправдано тоа што она го напиша. Не знаеш колку примери знам каде жени си зеле искористен кондом од машкото со кое биле, и си решиле да си забременат, и осигураат некаква иднина (финансиска најчесто), ако дечкото е доволно богат. Доволен е тој судски н алог за ДНК тестирање, и ако е позитивен за човекот кој е посочен, таа има право да го цеди финансиски во име на нејзината бременост, а сумата која ќе ја добива зависи од тоа колку е добар нејзиниот правен застапник.
Значи, ќе има докази дека имале односи, дека било взаемно прифатливо, дека уживале, се додека не дојде моментот на незгодната вистина.
Такви жени на пример ми се одвратни лично, а ги има многу - па и тука кај нас. Буквално искористуваат се, сешто, и секого, за да го добијат тоа што го сакаат.
Во ваков случај, нешто какво што беше спомнато претходно, право на барање абортус од страна на таткото, не е лошо да биде прифатено.
Пак истото. Аман бе, бива ли да си толку тупава? Па греота сум и јас, се што барам е малку логика од твоја страна. Толку ли сум тежок за разбирање...
Завергла со оправдувањава... и завергла...
Ама и ти си досаден навистина! Аман веќе!
Ако имаш соодветно објаснение зошто тоа што го кажаа неколку луѓе како аргументи не е исто, т.е. дека аргументите не држат, споредбите не држат, дај потенцирај зошто, не туку замарај со околишање!
Аман бе, опасно ме нападнавте со дупливе акаунти, а јас само поставив едно искрено прашање.
Ајде, да не ќе бидам и јас обвинет за некој 4ти акаунт на Purple?
Сите што не се согласуваат со тебе мора да се еден исти човек, нели невозможно е да има толку многу луѓе кои мислат дека слабо аргументираш, така?